Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Нема посебна тема за Британија, па тука ќе искоментирам.

Старава фатила ковид, на 95 години, па нека и кралицата и пет пати на ден нова крв да прима, ризик постои.

Со оглед дека ептен и е влошено здравјето последната година откако умре Филип, кај и да е очекувам конечно да рикне, освен ако не ги фати англискиот инат па да ја држат вештачки жива дури не го надмине рекодот на Луј 14-ти, само за да во уште нешто Енгелзите ги надминат Французите.

Ех Британијо, што ќе дочекаш, Чарлс крал, Камила кралица и Боџо премиер. Циркус.
Абе ништо нема да и биди од ковид, шо е тоа за неа, пу пу, машала, да не ја урочам :D
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
378
Поени од реакции
460
Англија е државата која има нанесено најмногу зло на Македонија. зад сите пиздарии што и се имаат случено, секогаш позади тоа стоела круната.И ова не е чаршиски муабет...не би одел понатаму
Тоа дека Англија и' нанела зло на Македонија може да се каже само од луѓе кои се апсолутно неинформирани околу историјата на британско-македонските односи низ историјата и зависници на кликбејт / балкан инфо тип на вести.

Напротив Англија е земјата која и те како најмногу помогнала на Македонија во историјата. Почнувајќи од Ревалската / Талинска средба од 1908 и нејзиното барање за автономна управа во Македонија (при што да не започнала Младотурската револуција речиси сигурно ќе станела реалност), преку еден од нејзините најважни потези во 92-93 кога успеа буквално да ја "сруши" Лисабонсата декларација (да не беа они, буквално ни М од Македонија не ќе можевме да писнеме), па се' до добивањето на кандидатскиот статус во 2005 кое се случи најмногу на инсистирање на Британија како тогашен претседавач со Советот наспроти француското противење.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
11.009
Поени од реакции
12.490
Тоа дека Англија и' нанела зло на Македонија може да се каже само од луѓе кои се апсолутно неинформирани околу историјата на британско-македонските односи низ историјата и зависници на кликбејт / балкан инфо тип на вести.

Напротив Англија е земјата која и те како најмногу помогнала Македонија во историјата. Почнувајќи од Ревалската / Талинска средба од 1908 и нејзиното барање за автономна управа во Македонија (при што да не започнала Младотурската револуција речиси сигурно ќе станела реалност), преку еден од нејзините најважни потези во 92-93 кога успеа буквално да ја "сруши" Лисабонсата декларација (да не беа они, буквално ни М од Македонија не ќе можевме да писнеме), па се' до добивањето на кандидатскиот статус во 2005 кое се случи најмногу на инсистирање на Британија како тогашен претседавач со Советот наспроти француското противење.
Така де, затоа 11 години подоцна на мировната конференција во Версај во 1919 година, Велика Британија како држава победничка во Првата Светска Војна не сакаше ни да слушне ако не за автономна Македонија, тогаш барем за признавање на Македонците како рамноправен народ во новоформираното пост-воено Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, односно подоцнежното Кралство Југославија.

Единствени кои зуцнаа во Версај за правото на автономна самоуправа во Македонија, беа Италијанците, на чиј што предлог Британците и Французите му турија пепел, потврдувајќи ја поделбата на Македонија помеѓу победничките Србија и Гејлада, и поразениот балкански татарстан.

Ова не ти е кликбејт/балкан инфо тип на вест, ова ти се општо познати историски факти.
 
Значи зборуваш за мировен по Прва Светска Војна, СВЕТСКА ВОЈНА. Замисли, во таков пост-апокалиптичен свет, како една од клучни теми на маса да ставиш мало и небитно балканско државиче, каде што патем, Кралството СХС е веќе формално формирано во 1917 година.

А на првото заседание на АСНОМ учествувале и претставници на Британија и САД.
 
Ти прв излезе со тврдење дека Велика Британија не му наштетила на македонскиот народ, јас ти дадов пример за спротивното.

На мировната конференција во Версај во 1919 година донесени се одлуки кои имале влијание врз целиот свет, а особено во Европа.

Ако една Германија која не претрпе никакви порази на сопствена територија во Првата Светска Војна, успеаа да ја натераат да се откаже од бројни територии и да прифати ограничување на сопствените вооружени сили, тогаш најмалку што можеле да направат Британците, Французите и останатите победници во Првата Светска Војна, би било со Версајскиот мировен договор да го гарантираат правото на автономна самоуправа и самоопределба на македонскиот народ, како и на останатите помали народи не само на Балканот, туку и пошироко.

Кога веќе го спомна првото заседание на АСНОМ, токму САД кои испратиле свои претставници на истото тоа заседание, денес практикуваат надворешна политика во одбрана на Охридскиот рамковен договор и Преспанскиот договор кои се целосно спротивни на основните темели и цели на АСНОМ, до тој степен што воведуваат санкции кон секој противник на таквите анти-македонски договори.
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.993
Поени од реакции
5.140
Учеството на Брити и Амери во „асномското„ ниту случајно не е показател на нивната наклонетост кон Македонците, туку е показател за „страната„ кон која ќе се приклони втората Југославија, а што е одредено не од АСНОМ, туку со контактите од Тито со Брити и Амери пред крајот од војната (средби на о. Вис и томе слично).

Кој има доволно памтење и живеел во ДФЈ/ФНРЈ/СФРЈ ќе му текне дека таа (кон)федерација беше уредена токму по американски конфедеративен модел, индустријата и‘ беше лиценцно зависна и од САД и од земји од ЕУ, а индистријата од забавата и медиумите беа целосно уредени по американско-британски модел.

Јасно е, нели, дека Бритите и Америте ептен ама ептен биле загрижени за Македонците и нивниот стремеж за создавање своја држава, па нека е тоа држава со минимална независност...

Затоа од Макединија никад не стана саглам држава, туку СРМ, во времето од СФРЈ, се криеше зад СФРЈ и не фигурираше како меѓународен правен субјект, туку само како федеративна единка, непозната за светот.

Исто како што е и ден-денес...
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
378
Поени од реакции
460
Ти прв излезе со тврдење дека Велика Британија не му наштетила на македонскиот народ, јас ти дадов пример за спротивното.

На мировната конференција во Версај во 1919 година донесени се одлуки кои имале влијание врз целиот свет, а особено во Европа.

Ако една Германија која не претрпе никакви порази на сопствена територија во Првата Светска Војна, успеаа да ја натераат да се откаже од бројни територии и да прифати ограничување на сопствените вооружени сили, тогаш најмалку што можеле да направат Британците, Французите и останатите победници во Првата Светска Војна, би било со Версајскиот мировен договор да го гарантираат правото на автономна самоуправа и самоопределба на македонскиот народ, како и на останатите помали народи не само на Балканот, туку и пошироко.

Кога веќе го спомна првото заседание на АСНОМ, токму САД кои испратиле свои претставници на истото тоа заседание, денес практикуваат надворешна политика во одбрана на Охридскиот рамковен договор и Преспанскиот договор кои се целосно спротивни на основните темели и цели на АСНОМ, до тој степен што воведуваат санкции кон секој противник на таквите анти-македонски договори.
Со поразувањето на Отоманската Империја веќе Балканот престанува да биде точка од клучен интерес. Се' што можело да се направи требало да се направи пред и за време на ПСВ. За тоа да се постигнало би ни требало поприлично јаки лобисти и дипломатски оружја кои или сме ги немале, или и да сме ги имале се биле премногу мрзливи, незаинтересирани или едноставно токлу биле компетентни.

За современите договори и те како не се согласувам, ама тоа е сосема оф-топик.
туку со контактите од Тито со Брити и Амери пред крајот од војната (средби на о. Вис и томе слично).

Кој има доволно памтење и живеел во ДФЈ/ФНРЈ/СФРЈ ќе му текне дека таа (кон)федерација беше уредена токму по американски конфедеративен модел, индустријата и‘ беше лиценцно зависна и од САД и од земји од ЕУ, а индистријата од забавата и медиумите беа целосно уредени по американско-британски модел.
И тоа било вистинска придобивка за тоа време во споредба со останатите земји од Источниот Блок.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.993
Поени од реакции
5.140
И тоа било вистинска придобивка за тоа време во споредба со останатите земји од Источниот Блок.
Ептен е јака придобивката-ратуваш, се надеваш (уште од пред илинденското!...) дека ќе створиш каква-таква држава, и одеднаш на гости ти доаѓаат „мудреците од запад„ и ти ја предоредуват иднината/историјата, на начин кој за повеќето од нас, кои сме про-патриотски настроени, е погубен.

Само фрли поглед околу себе ќе ги видиш „плодовите„ од британско-американското влијание врз Македонија...Кај да е‘, ќе не‘ снема!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.009
Поени од реакции
12.490
Со поразувањето на Отоманската Империја веќе Балканот престанува да биде точка од клучен интерес. Се' што можело да се направи требало да се направи пред и за време на ПСВ. За тоа да се постигнало би ни требало поприлично јаки лобисти и дипломатски оружја кои или сме ги немале, или и да сме ги имале се биле премногу мрзливи, незаинтересирани или едноставно токлу биле компетентни.

За современите договори и те како не се согласувам, ама тоа е сосема оф-топик.
Твој проблем за што се согласуваш, а за што не се согласуваш.

Историските факти си го говорат своето, а тие се неоспорливи.

Велика Британија на никаков начин не му има помогнато на македонскиот народ ниту пред Првата Светска Војна, ниту за време на Првата Светска Војна, ниту во периодот помеѓу двете светски војни.

Оди на Британците кажи им да потпишат рамковен договор со Аргентина за Фолкландските острови, да видиме колку ќе ги прифатат таканаречените современи договори, како што ти ги нарекуваш.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.278
Поени од реакции
15.402
Со поразувањето на Отоманската Империја веќе Балканот престанува да биде точка од клучен интерес. Се' што можело да се направи требало да се направи пред и за време на ПСВ. За тоа да се постигнало би ни требало поприлично јаки лобисти и дипломатски оружја кои или сме ги немале, или и да сме ги имале се биле премногу мрзливи, незаинтересирани или едноставно токлу биле компетентни.

За современите договори и те како не се согласувам, ама тоа е сосема оф-топик.

И тоа било вистинска придобивка за тоа време во споредба со останатите земји од Источниот Блок.
Едноставно прашање...и ако можи едноставен одговор:

Од кого беа авионите и напалм бомбите со кои се гореа до темел македонските села во Егејска Македонија???
Над 2 мил.население избркано од вековните огништа и расфрлано низ цел свет
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
„Денешниот момент е одлучувачки за нашата политика и нашиот народ“, кажа лидерката на партијата Мишел О’Нил. „Сега би требало да се одржи искрена расправа за целта на нашата партија – обединување на територијата со Република Ирска“.

Шин Фејн за првпат освои најмногу места во парламентот на Северна Ирска, веќе се спомнува обединување со Ирска

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Corriere della Sera:
https://www.corriere.it/economia/finanza/22_maggio_26/piano-segreto-boris-johnson-dividere-l-ucraina-russia-ue-commonwealth-europeo-02d3b232-dc6b-11ec-b480-f783b433fe60.shtml

Англиска верзија.
Johnson proposes alternative union with Ukraine, may include Baltic states – media
This alliance could include, in addition to the UK and Ukraine, Poland, Estonia, Latvia, Lithuania and possibly later Turkey.

Член од
24 март 2010
Мислења
15.290
Поени од реакции
26.169
Corriere della Sera:
https://www.corriere.it/economia/finanza/22_maggio_26/piano-segreto-boris-johnson-dividere-l-ucraina-russia-ue-commonwealth-europeo-02d3b232-dc6b-11ec-b480-f783b433fe60.shtml

Англиска верзија.
Johnson proposes alternative union with Ukraine, may include Baltic states – media
This alliance could include, in addition to the UK and Ukraine, Poland, Estonia, Latvia, Lithuania and possibly later Turkey.

Добро, Жечпосполита не е нешто ново, или непознато. Само има една работа за таа држава, никогаш не излегувала на Црно Море. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom