Еве дечки, да споделам искуство од оптиката на Телекабел. Една недела сум веќе на интернетот на Телекабел и доста сум задоволен, на пакетот со 150/150 сум, стабилен е, брз, и ИПТВ си тера без мака. Само, не добивам 150/150 туку макс ми е 94-95 на LAN, а на Wi-Fi на лаптопот добивам 50/80 просек, на телефонот добивам околу 25-30, тоа е претпоставувам поради рутерот, и момците од Телекабел ми рекоа треба да си купам појак рутер, за да ја добијам таа брзина.
Мојот е Тенда кој поддржува 300/150. Треба изгледа да купам рутер кој оди до гигабит брзина. А дали зависи уредите кој се приклучени на интернет можат да подржат брзина до 150/150. Исто така LAN кабелот ми е Cat5e кој верувам може да поддржи 150/150 брзина или треба Cat6. Лаптопот ми е пред 2 години и има јаки перформанси, телефонот ми е доста добар, или им е лимитирана брзината на интернет, или пак се е до рутерот. Предложете некој добар рутер со гигабитна брзина до 4.000 ден. со некој што имате искуство или немате. Разгледував низ продавниците и продаваат разни: Huawei, Xiaomi, Tenda, Tp-Link, Asus. Ми фаќаат око овие Huawei ги има во Анхоч наводно до 3 Гигабита брзина достигнуваат. Дали е битно дали ќе е 2.4 GHz или 5.0 GHz, за да достигне 150/150 брзина. Како што знам 2.4 GHz е подобар поради тоа што појак сигнал се добива преку sидови.
Еве ви слика од Кабелот што го поставуваа монтерите од Телекабел.
Прегледај го приврзокот 322224
Се сомневам дали кабелот е оптички бидејќи е доста тенок и до него си има сајла. Пошто во договорот ми пишува дека е хибридна оптичка Ethernet мрежа. Сега незнам каква е оваа мрежа, вие што знаете објаснете, како што знам оптиката е едно мало стакленце што едвај се гледа и преку него патува интернетот, а во овој кабел има една бела жичка која е многу мала и е изолирана со жолтикави влакна некакви.
Брзина на Wi-Fi лаптоп
Прегледај го приврзокот 322225