Ако не ја бранат Естонија или Латвија што прави Русија да цимоли НАТО дека се шири?
На секој со 2 грама мозок и познавање од геополитика му е јасно дека небранење на истите ќе чини поскапо од бранењето. Русија го знае тоа многу добро и затоа процентуално најголемите руски заедници надвор од Русија се граѓани од втор ред таму, а истата Русија само може да ќути.
Иако сеа на Балтикот им се поклопени коцките, мислам дека е стратешки многу погрешно да си грст народ со три тенка и да лаеш кон земјата со втората најмоќна армија на светот, дур се криеш под фустанот на Америка.
Пошо Нато за Нато ама работите знаат брзо да се сменат. Ако ти текнува пред Бајден, Америка имаше еден претседател кој се закануваше дека ќе го повлече САД од НАТО, а сегашниот француски претседател велеше дека НАТО е brain dead. Кој гарантира дека наредниот амерички претседател или тој после него нема да го спроведе тоа? Утре ако има некои поголеми тектонски промени и САД од икс причини нема да може или нема да сака да ги брани, знаеш што ќе им се деси така? Има да ги подават во Балтичко море сите до еден, ќе ги избришат од планетава. Да не случајно некој од европскиве земји ќе ги брани? Па Германија каква реалполитик има, кога ќе им се деси некој Рибентроп - Молотов, нема да знаат што ги снашло.
За ситуацијата во Украина ги обвинувам и двете страни. За Русија веќе сум напишал тука, ама Украина после промената на власта водеше политика кон Русија која во најмала рака беше и е аматерска и неодговорна. Ги занемаруваат основните факти како тоа дека прв сосед им е Русија, дека има прилично големо руско и русофилско малцинство, дека Украина е стратешки важна за Русија и дека Русија не е истата како пред 20 години. Дали тоа се случи поради аматерски слаби политичари, дали со тие потези пробуваа да се докажат како првокласни куропушачи пред САД, веќе не е ни битно, сега е куцнат судниот час и еден сантим ги дели пред целосно растурање на нивната држава.
Ова исто и за Балтикот би го кажал, колку и Русија да не ти се допаѓа и тоа што го прави, треба да си реален и свесен за фактичката ситуација и каде се наоѓаш. Ако не ја почитуваш Русија пак на таа позиција должен си да ја почитуваш моќта што ја проектира и повнимателно да балансираш.