Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    726
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Не и се одземаат дражави, државите бегаат од Русија. Постои огромна разлика. Кој народ сака да го живее сојузништвото со Русија и нивниот стандард? Процесот на бегање на државите од прегратката на Русија е сосем нормален, сите сакаат повисоки цивилизациски стандарди од оние во Русија.
Ако збориш за Европска Унија, тоа стои. Ама НАТО и сојузништво со Ердоган, не се гаранција ни за стандард, ни за цивилизациски вредности.

Русија не е, и веројатно никогаш нема да биде добар партнер. Ама политиката на Финска кон Русија е многу попаметна од политиката на Украина кон Русија.
 
Член од
30 јануари 2022
Мислења
109
Поени од реакции
224
Ако збориш за Европска Унија, тоа стои. Ама НАТО и сојузништво со Ердоган, не се гаранција ни за стандард, ни за цивилизациски вредности.

Русија не е, и веројатно никогаш нема да биде добар партнер. Ама политиката на Финска кон Русија е многу попаметна од политиката на Украина кон Русија.
Русите, со сиот свој интелектуален и човечки потенцијал, кој е неспорен, сеуште живеат форма на царство. Путин е цар, а олигарсите се неговите болјари во државата. Русите сеуште постојат во политички систем прикладен за едно два века порано. Кој нормален би сакал да живее во сојуз со нив, и во таков систем, освен Белорусите, а и за нив не е сигурно? Освен @jamajka , знамеме дека тој мисли дека монархијата е идеално политичко уредување.

НАТО е нужно зло, ако сакаш да живееш во западниот свет, некако ќе те напикаат и во НАТО. Не е идеално, ама не може и јаре и паре. Што се однесува до споредбата на Финска и Украина, мислам дека Украинците го немаат тој луксуз да се постават спрема Русија како Финска.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Работата е дека руската реакција е скоро па изнудена. Црвените линии одамна се поминати, безбедноста е нарушена. Противникот нема намера да престане, нападните мораат да се бранат или да капитулираат. Трнот може да извади веднаш, или после кога многу ќе загнои... Овој трн почнува да загнојува.




Да, се плашам и јас дека следат зли денови за сите.
Се надевам само дека нема да биде премногу лошо. :-/
Види, ги разбирам аргументите на руската страна. Имаат и они своја страна на приказната, што е сосема легитимна верзија на настаните по падот на СССР. Мислам дека Украина беше жртва на долгорочни геополитички калкулации, што не беа нужно насочени кон Русија, туку кон потенцијалот што Русија го има, како медиум за поврзување на источниот и западниот дел од Евроазија. Али, сеедно, сегашниот статус кво има сериозни безбедносни реперкусии за Русија.
Мене ми е јасно зошто Русија ги има политичките позиции што ги има, ама мислам дека ова е катастрофален начин да ги заштитат своите интереси.
Мислам дека погрешно ги играат картите. Што не ми е јасно, зошто Русија и Кина се пример за брутален реализам во надворешна политика, секоја одлука им е резултат на рационална пресметка. Можеби се случува нешто во позадина, што ние не го перцепираме, зошто, историски, вакви кризи се пример за политички game of chicken што брзо излага од контрола.
Мислам дека треба да бидат потрпеливи и да го одолговлекуваат исходот, бидејќи САД ќе биде во прилично сериозни проблеми целата следна декада, првенствено интерни, што ќе им ги лимитира опциите во надворешна политика.
И она што Русите треба да го разберат, е дека ова не е повеќе 19 и 20 век. Мора државите во твојата сфера на влијание, да имаат некаков бенефит од тоа, поголем од алтернативите. Чиста сила и страв just won't do повеќе. Ја губат својата сфера и бафер државите, бидејќи немаат што да им понудат на народите, кои живеат на тие територии.
Веројатно истиот проблем ќе го имаат во иднина и во Централна Азија. И тоа, не од САД, туку првенствено од Кина, па понатаму од Индија, Иран, Турција.

Ме плаши дека ваква ескалација може да предизвика верижна реакција низ цел свет. Посебно ако и Кина одлучи да го искористи моментот, за да го реши својот проблем.
Многу луѓе не разбираат дека колективната, планетарна стабилност, во која уживаме веќе 30 години, па и повеќе, константно виси на многу тенок конец. И многу coin flip одлуки низ годините, го штитат тој конец од кинење.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.253
Поени од реакции
18.201
Taa planetarna stabilnost e pred se radi pax americana, ne radi neso drugo. Sea pred se radi rastot na kina, doagja do nov period na nestabilnost.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.860
После неуспешниот разговор на Путин со Бајден по се изгледа западњаците дефинитивно called their bluff и од овој момент се е во рацете на Русите. Тука сега нема многу простор за филозофија и ќе биде или воена акција или срамно повлекување.

По тоа што се врти во моментов Русиве ги прават сеа последните подготовки.Придвижуваат многу парчиња оружје и логистика која првично беше на 100тина километри сега на некои 30 километри од границата. На Крим видеа од единици на ракетна артилерија веќе се поставени на firing position и повеќе подморници со крстосувачки ракети веќе не се наоѓаат на пристаништето во Севастопол. Не гледам како од ова да се вратат назад.

Единствена енигма за мене е во кој обем планираат да ја спроведат воената интервенција и што им е крајната цел што сакаат да ја постигнат. Мислам дека Русија многу повеќе ќе изгуби него ли што ќе добие со ваква воена интервенција.
Автоматски споено мислење:

А еве го и првиот предвесник на пролетта - теренска болница.

771DE4AF-08E9-453E-9724-AD49A832B008.jpeg
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.334
Генијална споредба, се е објаснето, затворете ја темава. Русинот си седи дома гол со курот во раце.
... токму така што сака ќе прави дома Русинот, тоа на Американецот преку Атлантикот на крај свет ич да не му чуе, доаѓа до негова граница да покаже со прст што прави дома, баш би било интересно искуството да го доживееш да ти дојде некој од некоја друга населба, па да ти рече што ќе правиш и што смееш и што не смееш во твојот дом,
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Не сум многу во тек, ама имам едно прашање, хипотетички ако Русија нападне и стигне до Киев, што потоа?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.461
Еве одприлика до сега додека трае кризата:

Од прилика колку помошта на ИСИС што ја праќаа.
Сето ова е симболично, за Џавелин знаев дека ќе им дадат па ете и навистина бидна така, се работи за исклучително квалитетен лансер за ПТ проектили.
А ова другово, рачни бомби, санитетска опрема и муниција...мех.
Кај Украјина проблемот не е во имањето оружени системи за одбрана туку во нивното складирање за овие 30 години од падот на СССР, во каква состојба се тие С-300 и остали системи за ПВО можеме да нагаѓаме.
Освен жива сила при што Украјина може да собере респектабилен број војници, се поставува прашање што ќе прават тие војници со својата инфериорна опрема, колку од нив се обучени да работат со напредни системи?
Како и да е, Украјина се наоѓа во изузетно лоша положба, од квалитетот на оружјето па се до рељефот на земјата кој овозможува масивни напади на оклопни клинови следени од пешадија и поддржувани од воздух.

Најпаметно што украјинците би можеле да направат е да не пружаат отпор при инвазијата за да потоа започнат герилска кампања, асиметрична војна.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.860
Не сум многу во тек, ама имам едно прашање, хипотетички ако Русија нападне и стигне до Киев, што потоа?
Кога би претпоставувал тоа би било со цел да ги принудат Украинците на политички договор кај што, 1. Ќе го признаат Крим како дел од Русија, 2. Луганск и Донецк ќе станат автономни области со широка автономија и 3. Декларација за воена неутралност на Украина (по можност и преточена во Устав).
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.461
Целата заебанција е околу срањата што ги направи Горбачов, и со ИНФ и со сите наводни усмени гаранции за не ширење на НАТО, Путин не ја витка опашката и нормално е да превземе нешто. Прва е Украина каде што капак е и оваа останата структура од WW2 инсталирана на власт, и ние сите знаеме кои жртви дадоа русите, за да сега се курча нацистиве.
Војната се сведува на Кина + Русија вс САД за доминација во Европа, и воспоствување на некој нов баланс, побитно економски отколку воено.
А што ако ти кажам дека повеќе Руси се бореле на страна на Хитлер во WW2 отколку Украјинци? Дали си свесен за тој факт? Знаеш за РОА? Знаеш дека и на територија на Југославија нацистички руси биле праќани да се борат против партизаните? И какви зулуми имаат правено во Србија и Босна? Зарем не го знаеше тоа? :icon_lol:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.650
Поени од реакции
33.815
Ме плаши дека ваква ескалација може да предизвика верижна реакција низ цел свет. Посебно ако и Кина одлучи да го искористи моментот, за да го реши својот проблем.
Многу луѓе не разбираат дека колективната, планетарна стабилност, во која уживаме веќе 30 години, па и повеќе, константно виси на многу тенок конец. И многу coin flip одлуки низ годините, го штитат тој конец од кинење. ... Можеби се случува нешто во позадина, што ние не го перцепираме, зошто, историски, вакви кризи се пример за политички game of chicken што брзо излага од контрола.
Многу работи не ги знаеме затоа што не се познати јавно. Но од тоа што го знаеме, кој е агресорот кој ја наметнува ситуацијата?
Иронијата е што многумина токму Пакс Американа ги гледаат како „фактор на стабилност“.


Мислам дека треба да бидат потрпеливи и да го одолговлекуваат исходот, бидејќи САД ќе биде во прилично сериозни проблеми целата следна декада, првенствено интерни, што ќе им ги лимитира опциите во надворешна политика.
...
Што не ми е јасно, зошто Русија и Кина се пример за брутален реализам во надворешна политика, секоја одлука им е резултат на рационална пресметка.
Затоа што веројатно во Русија и во Кина знаат многу работи кои ние не можеме да ги знаеме. Ако овој момент го процениле за моментот кога треба да се реагира, веројатно моментот е проценет за соодветен. Не верувам дека реагираат стихијно и спонтано, непресметано.

Проблемот со чекањето е што САД колку и полека да ослабуваат, слабоста ја компензираат со агресија (Сун Цу, кога си си слаб преправај се дека си силен, и кога си силен преправај се дека си слаб). Изгледа проценката е дека во таа агресија САД можат повеќе штета да им нанесат отколку ако контролата на ситуацијата (и на штетата) ја преземат во свои раце.

Гледано од очите на нивните противници, САД се непресметливи, надвор од контрола. Премногу агресивно напаѓаат и без грижа за последиците. Ниеден договор не го почитуваат. Цел свет виде како унилатерално го поништија договорот со Иран. Сите ги слушнаа ветувањата за неширење на НАТО... Премногу вакви примери има, нечеснотијата и дволичноста кај нив не е исклучок туку правило. Државите ширум светот не ги сметаат САД за некој со кој можеш да се договориш. А со некој со кој не можеш да се договориш, со таков само со сила и со војна можеш да излезеш на крај.


Мене ми е јасно зошто Русија ги има политичките позиции што ги има, ама мислам дека ова е катастрофален начин да ги заштитат своите интереси.
Мислам дека погрешно ги играат картите.
Јас лично мислам дека влечење на сето ова уште некоја недела може евентуално да биде премногу притисок врз украинската јавност, и да се случат работи.
Но ете картите се веќе поделени, ситуацијата е тоа што е... Кој евентуален потег ти го гледаш како подобар?
Автоматски споено мислење:

После неуспешниот разговор на Путин со Бајден по се изгледа западњаците дефинитивно called their bluff и од овој момент се е во рацете на Русите. Тука сега нема многу простор за филозофија и ќе биде или воена акција или срамно повлекување.
Можеби САД се тие кои ќе ги фатат во блефирање, којзнае? ;)
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.865
Поени од реакции
23.252
Не сум многу во тек, ама имам едно прашање, хипотетички ако Русија нападне и стигне до Киев, што потоа?
Nisto, najverojatno ke go napravi istoto ona sto amerikancite go pravat so godini sekade. Ke se formira nova ukrainska vlada, normalno proruska koja ke gi zamoli da se formiraat nekolku ruski bazi na nejzina teritorija. Za bezbednost i mir vo kukjata od nadvoresen i vnatresen neprijatel.
I iskreno se somnevam deka i Ukraina i da bese del od NATO, deka vo dadenoto scenario ke vazese principot site za eden, eden za site. Pola nato za kur ne gi biva( ete od nas da trgnime ko za pocetok), dve tretini od toa sto ostana i go biva za nesto ni na kraj na pamet bi im padnalo da si pikaat trn vo zdrava noga, posebno za nekoj ukrainci tamu a na druga strana ja imaat Rusija a ne nekoj tretorazredi drzavi, posebno ako granicat so nea. Ostanvat uste golemite SAD, Britanija, Francija, Germanija koi bi mozele da se vpustat vo vakva avantura i toa pak ke naglasam za koj. Na krajot eventualno SAD ili ke pokusa nesto sama ili zaedno so Britanija koja da ne se lazime e daleku od silata sto ja imase koga bese imperija, drugite ke im otkazat ljubov, batali ti dogovori paktovi sojuzi.
Toa vaka e edno moe skromno geopoliticko i voeno gledanje na rabotite , bez mnogu tupenje i navlegvanje koe sekako mozi da e i pogresno, i toa Ukraina da bese vo Nato. A ne e, pa prema toa nikoj ne e ni nesto posebno obvrzan da se zrtvova oti Amerika ja fatil besot i da vodi vojna , posebno tolki blisku do svojata teritorija za da SAD koj se iljadnici km daleku od frontot da se cuvstvuvala bezbedna.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Русите, со сиот свој интелектуален и човечки потенцијал, кој е неспорен, сеуште живеат форма на царство. Путин е цар, а олигарсите се неговите болјари во државата. Русите сеуште постојат во политички систем прикладен за едно два века порано. Кој нормален би сакал да живее во сојуз со нив, и во таков систем, освен Белорусите, а и за нив не е сигурно? Освен @jamajka , знамеме дека тој мисли дека монархијата е идеално политичко уредување.

НАТО е нужно зло, ако сакаш да живееш во западниот свет, некако ќе те напикаат и во НАТО. Не е идеално, ама не може и јаре и паре. Што се однесува до споредбата на Финска и Украина, мислам дека Украинците го немаат тој луксуз да се постават спрема Русија како Финска.
Знаат твоите дома дека си буљаш ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom