Работата е дека руската реакција е скоро па изнудена. Црвените линии одамна се поминати, безбедноста е нарушена. Противникот нема намера да престане, нападните мораат да се бранат или да капитулираат. Трнот може да извади веднаш, или после кога многу ќе загнои... Овој трн почнува да загнојува.
Да, се плашам и јас дека следат зли денови за сите.
Се надевам само дека нема да биде премногу лошо. :-/
Види, ги разбирам аргументите на руската страна. Имаат и они своја страна на приказната, што е сосема легитимна верзија на настаните по падот на СССР. Мислам дека Украина беше жртва на долгорочни геополитички калкулации, што не беа нужно насочени кон Русија, туку кон потенцијалот што Русија го има, како медиум за поврзување на источниот и западниот дел од Евроазија. Али, сеедно, сегашниот статус кво има сериозни безбедносни реперкусии за Русија.
Мене ми е јасно зошто Русија ги има политичките позиции што ги има, ама мислам дека ова е катастрофален начин да ги заштитат своите интереси.
Мислам дека погрешно ги играат картите. Што не ми е јасно, зошто Русија и Кина се пример за брутален реализам во надворешна политика, секоја одлука им е резултат на рационална пресметка. Можеби се случува нешто во позадина, што ние не го перцепираме, зошто, историски, вакви кризи се пример за политички game of chicken што брзо излага од контрола.
Мислам дека треба да бидат потрпеливи и да го одолговлекуваат исходот, бидејќи САД ќе биде во прилично сериозни проблеми целата следна декада, првенствено интерни, што ќе им ги лимитира опциите во надворешна политика.
И она што Русите треба да го разберат, е дека ова не е повеќе 19 и 20 век. Мора државите во твојата сфера на влијание, да имаат некаков бенефит од тоа, поголем од алтернативите. Чиста сила и страв just won't do повеќе. Ја губат својата сфера и бафер државите, бидејќи немаат што да им понудат на народите, кои живеат на тие територии.
Веројатно истиот проблем ќе го имаат во иднина и во Централна Азија. И тоа, не од САД, туку првенствено од Кина, па понатаму од Индија, Иран, Турција.
Ме плаши дека ваква ескалација може да предизвика верижна реакција низ цел свет. Посебно ако и Кина одлучи да го искористи моментот, за да го реши својот проблем.
Многу луѓе не разбираат дека колективната, планетарна стабилност, во која уживаме веќе 30 години, па и повеќе, константно виси на многу тенок конец. И многу coin flip одлуки низ годините, го штитат тој конец од кинење.