Станува се повеќе изгледно дека ќе има воена интервенција, што е според мене, огромна геополитичка мискалкулација на Путин и неговата клика. Човекот е познат социопат и макијавелист, ама ако објективно ја анализираме руската надворешна политика под негова палка, скоро никогаш не прави стратешки грешки. Нешто што го разликуваше од секој западен лидер во последните 20 години.
Ја не разбирам што точно ќе добијат со интервенција. Освен што ќе си го залепат епитетот на светски villain и ќе изиграат по нотите на засега неуспешната надворешна политика на администрацијата на Бајден. Буквално паѓаат во нивната замка, бидејќи од руска воена интервенција во Украина, бенефит ќе има единствено САД. И можеби Кина, ако одлучат да го искористат хаосот, за да го решат тајванското прашање.
САД и неговите сојузници, практично имаат монопол на светскиот медиумски простор и мрежите низ кои се дистрибуираат информации на генералната популација.
Тоа гарантира дека Русија ќе биде портретирана како монструм.
Пак ќе кажам, не знам што би добиле. Со употреба на сила, никогаш нема да ја вратат Украина во нивна сфера на влијание, најверојатно трајно ќе ја изгубат, со генерации и генерации во иднината. Човечките жртви, воени и цивилни, огромните финансиски штети како резултат на санкциите, особено доколку бидат исклучено од SWIFT, потенцијално заглавени во конфликт со соседен историски близок народ. Плус, што ќе ја натераат Европа, долгорочно да пивотира кон надворешната политика на САД и ефективно да оневозможат стратешка автономија на ЕУ, што значи САД си ги исполнува целите во Европа со минимален трошок. On top of all that, ќе ја добијат репутацијата на реваншистичка, агресивна светска сила, зошто ќе немаат многу глас за да ја презентираат својата страна на приказната.
Мене ми изгледа се ова на лудило. Веројатно потресите што ги стави во погон пандемијата, тек сега ќе го покажат своето грдо лице. Верувам дека има и внатрешно-политички мотиви за вакви одлуки, ама ова може да има многу сериозно непредвидливи последици.
А не сме ни на почетокот на економските проблеми што ќе се материјализираат, како последица на последните две години.