Вчера ми излезе лајв стриминг од некој јутјуб канал (алгоритамот пука на најјако откако ја имам конзолата и гравитирам на оваа страна од платформата, па недајбоже јутјуб да ми предложи песна повеќе), типот ја играше Sifu, па да бидам искрен ми фати око за да ја купам во иднина. Сега ме чекаат основните игри што се одамна поминати, и со тоа слободно време што го имам, наредниве месец-два сигурно ќе ми бидат исполнети, ама Сифу ми изгледа како одлична забава, за разлика од на пример Dying Light 2 која лично не ми фати нешто око (го гледав Горазд вчера стримаше) и најверојатно не е мој тип на игра, иако изгледа доста динамично. Шо знам.