Дрога ( Наркотични дроги )

К

Кнез Мишкин

Гостин
Hugs not Drugs

Порака од МЕНЕ!!!
A lor of Hugs.., ќе им требаат на младите пошо гледам у последно време мноогу се навлекуваат уше од 8 одделение, пушат марихуана, прескачаат и цигари и се, одма на мархуана, напредни генерации..:tapp::pos2:
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
znaci od nepusac odma stanuvaat duvaci?
 
Г

Гоццццце

Гостин
Шо му праи марихуаната на мозокот? Подетално објаснување? :)
 
Г

Гоццццце

Гостин
Му праи братче :pos: ти ова озбилен друже?
Гледам има објаснувања за некои други дроги, па да прашам и за марихуаната. Кој ефект и афтер ефект го има, кои се последиците и слично?
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.782
Поени од реакции
11.336
Другар Гоццццццце ако е до мене ке ти пишам дека нема ефект :), сум дувал едно 5 години, иако сеа не праам веќе бајаги едно 5 месеци се направија, па затоа бато бујрум едно корисно линкче шо верувам ќе ти сврши работа и ќе ти дае некоја си претстава подетална ае позз

КЛИК
 
P

Psy

Гостин
...there you will find a place filled with poetry..a place where everything and everyone has a new shape...where the universe is upside down and inside out...where colours have sex and you can suddenly do that dance,a movement you always wanted to do...naked...a place where friends fly,numbers breathe,donkeys explode,stars scream,peace lives and disasters happen in reserve...a place where you're licking shaved cats one minute and wrestling tornadoes the next...a place where your tongue is made from chocolate and light runs through your veins...where the sun shines in your head and your eyes go to a party to get drunk on impossible cocteils...a place where reality has gone on holiday and alarm clocks go to die...dive into this world of difference any time and anywhere you wish...
прво мара, ондак екс...:wink::salut:
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Mразам синтетички дроги поише од грци!
 
R

RAYTHEON23

Гостин
ех тука одговорот е едноставен-штетна е а и кајгана не е drug forum pa-da razmenime recepti jas ke im kazam kako da pravat speed a oni mene hasis:pos2::pos2::pos2:pravec nazad

(bez navreda za tie stopostiraa normalno)
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Зошто?
Не знам дали си слушнала, ама според новите медицински истражувања трамадолот го ставаат на исто ниво со хероинот....
Трамадолот е опијат,а опијатната зависност е карактеризирана со писихичка и физичка зависност....Апстиненцијалната криза трае од 1 до 4 недели што и не изгледа којзнае колку долг период меѓутоа што се случува за време на тој период си знаат само тие шо веќе го доживеале тоа...кризата ја сочинуваат:нестабилен крвен притисок, вртоглавица, проливи, тешки болки во телото(особено стомакот), слаб апетит, несоница,психичи немир, депресивност како и тешкосовладлива желба за повторно земање со цел повторно да се доживее ефектот кој што го нудат....
Одамна е постов али да те поправам нешто морам..
Да, точно е за кризите што ги наведе погоре дека изгледаат така.. Само што тоа се кризи од хероин не од тромадоли.. И плус би додала тешки болки во мускулите особено на нозете и особено првите 2-3 дена. А инаку кризите од тромадоли се со тешки болки во коските и несоница и некој немир поради тоа.. А другото нема врска све е од роба тоа не од бомбони.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
трамадолот во терапевска доза не влијае многуна работата на срцето и дишењето како 3-5 пати повеке-на појке дози всушност.
трамадолот е дериват на кодеин-вториот по јачина опијат.
едно време се сметаше дека е многу подобар од метадонот а и при првичните испитувањата се покажало дека трамадол при високи дози..се случуваат клонично-тонични напади како епилептичен напад...метадонот(затоа е одбран) ја нема оваа особина Т:Е минорна е иако е и метадонот синтетички дериват и двата се опијата(метадонот се користи и при болки,како антитуси-трамадолот е опоиден аналгетик за кој се смета и како антидепресант)како и ризик од серотонински ШОК
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Абе може ради некои хемиски својства е полош тромадолот.. Ама па навлекувањето на метадон е 100 пати полошо и од тоа на хероин. Нема нешто полошо од коа ќе се навлече џанкер на метадон или хептанон.. Е тие кризи не се претрпуваат никако. А инаку против болки помагаат сите тие хемикалии.. И хероин и метадон и хептанон и тромадол.. Од ниедно од нив ништо не те боли. Ама баш па затоа не чинат.. Затоа се болките кога ќе пробаш да ги остајш.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Абе може ради некои хемиски својства е полош тромадолот.. Ама па навлекувањето на метадон е 100 пати полошо и од тоа на хероин. Нема нешто полошо од коа ќе се навлече џанкер на метадон или хептанон.. Е тие кризи не се претрпуваат никако. А инаку против болки помагаат сите тие хемикалии.. И хероин и метадон и хептанон и тромадол.. Од ниедно од нив ништо не те боли. Ама баш па затоа не чинат.. Затоа се болките кога ќе пробаш да ги остајш.
Аууууу девојче ме изненадуваш, и вистина е дека сите овие работи се умртвувачи на болки. Ја умртвуваат болката се додека трае нивното дејство, кога ќе им помини дејството болките се јавуваат неколку пати појаки.
Инаку да не го тупам јас со дефиниции, лично имам видено и сеуште гледам какви биле луѓето пред да почнат да употребуваат тромадоли и сега т.е. во сегашно време на употреба. Не личат на себеси тие луѓе.
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Дрогите се дел од нашата култура уште од средината на минатиот век.
Испопуларизирани во 1960-те години преку музиката и мас медиумите,тие го нападнаа секој аспект на општеството.Проценката е дека 200 милиони луѓе на светот консумираат нелегални дроги.
Денес младите луѓе се изложени на дрогите многу порано од кога било до сега.Луѓето земаат дроги затоа што сакаат да сменат нешто во нивниот живот.Ова се некои од причините зошто младите им се препуштиле на дрогите:

-за да се вклопат
-за да побегнат од нешто или да се опуштат
-од здодевност
-за да се чувствуваат како возрасни
-за да се бунтуваат
-за да експериментираат
Тие мислат дека дрогите се решението.Но на крајот дрогите стануваат проблемот.
Како функционираат дрогите?

Во основа дрогите се отрови.Количеството што ќе се земе го одредува ефектот.Дрогите ги блокираат сите сензации,и оние кои ги посакуваате и оние кои не ги посакувате.И додека дрогите можеби имаат некаква краткотрајна вредност за ублажување на болката,сепак тие ја уништуваат личната способност,будноста,го заматуваат размислувањето.
Дрогите влијаат врз умот

Вообичаено кога човекот се присеќава на нешто,преку сликите во умот тој многу брзо ги добива информациите што му се потребни.
Но дрогите ги замаглуваат сликите во умот,на тој начин што предизвикуваат празнини.Дрогите предизвикуваат човек да се чувствува спор или глупав и предизвикуваат тој да доживува неуспеси во животот.Неговите акции може да изгледаат многу чудни и неразумни,тој може да стане дури и насилен.
Дрогите ја уништуваат креативноста.Кокаинот ја крева личноста до лажен вид на развеселеност,но кога ефектот на дрогата ќе исчезне,расположението на личноста паѓа дури и подолу од она што било пред земањето на дрога.И секој нареден пат емоционалното спуштање е се подолу и подолу.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
Првин иако човекот денеска сака да живее во илузијата дека ужива тотална слобода, овој топик го покажува спротивното. Топикот е Дроги и веќе првиот пост е за хероинот, а преку него се окарактеризирани сите други психотропни супстанции. Па би рекол дека пропагандната машина доста добро работи бар во овој сектор.
Добро прашање е и дали навистина Американските трупи се во Авганистан за да го уништат производството на хероин??? Дали се на Косово само заради воспоставување на демократијата, или пак затоа што по некоја случајност Косово е вториот најголем производител на смртоносниот Хероин? Нели е малку поверојатно дека Американците сакаат да го контролираат овој пазар, исто како што го контролираат црниот пазар на оружје???
Пред некое време негде на нетот прочитав дека од Хероинот годишно се прават дупло повеќе пари од парите што се прават од нафтата. Сите бевме сведоци на кршење на најосновните човекови права и слободи само за да се дојде до нафтените платформи во Ирак, па доколку навистина е точна информацијава погоре наведена, зар би некој сакал навистина да го снема нарко пазарот, или пак повеќе сака да го подјарми, и да произведе што е можно позависна дрога од која корисниците никогаш не ке неможат да се отргнат???

Ова се некои од прашањата кои треба сите да си ги поставиме. Инаку според мене проблемот на злоупотребата на психотропните супстанции е малку покомплициран од проста забрана. Низ текот на целата човечка историја се користеле одредени психотропни супстанции, најчесто халуциногени, кои се сметале за свети. Во Јужна и Средна Америка се користеле Магичните Печурки, во Северна Америка кактусот Пејоте, во Амазонските џунгли напитокот ајаваска, во Сибир и цела Скандинавиа се користела печурката Аманита Мускариа, на подрачјето на нашата татковина се садел најдобриот афион, а пак на истокот, се користеле хашишот и марихуаната. Овие супстанции се употребувале и злоупотребувале, но сепак не биле толкав општествен проблем каков што се денес. Ова се должело првин на табуто кое владеело во заедниците со кое овие растенија се сметале за свети и не смееле да бидат користени без претходна подготовка и без присуство на духовен водач(врач, Рекс, шаман). Се правеле подолги паузи помеѓу конзумирањето на супстанцииве и тие што ги користеле се стремеле искуствата и сознанијата што ги добиле при светите сесии да ги искористат за подобрување првин на себе си, за подобро сфаќање на светот, за хармонизирање со природата и со другите живи битија, и воопшто за подобрување на заедницата во која живееле.
Денеска сеуште постои табуто за овие супстанции, но наместо да бидат користени се соодветни водачи, и со соодветна цел, тие се користат чисто рекреативно. Корисниците не пробуваат да извлечат поука од овие искуства, и наместо да станат покорисни членови на заедницата стануваат отпадници, кои среќата ја бараат во секојдневно користење на психотропните супстанции. Така се подлабоко пропаѓаат и кога ке се освестат дека се на дното, искачувањето оди доста тешко. Стигмата која ги опружува не им дава да се вратат и да живеат како што живееле порано, тешко им е да најдат работа, да запознаат нови пријатели, да излезат од матичната држава(затоа што додека биле зависници често вршеле противзаконски дела) и се тоа ги води кон повторно зимање на дрогата.
 

Командантица

Како шТо ќе реЧем Ја!
Член од
15 февруари 2009
Мислења
105
Поени од реакции
1
поштетно нешто здравје,....поарно пијте мастило отколку дрога да примате..! :pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom