Можеш инверзијата и понатаму да ја тераш, фуд фор тот.. Пример она сака раководна функција оти е амбициозна и не сака да зависи од маж кој утре може и ќе ја тепа а она мора да ќути ( легитимно ) и сака да стане министерка за здравство, патем бира неагресивен маж, пример писател, поет кој ја шармирал со својата сензитивност. Она мора прво да се зачлени во партија, да оди на многу партиски состаноци, ручеци, да стои у позадина на митинзи оти така и кажале, дa извршува секакви директиви од партијата за да се докаже како послушен војник - пример во вибер групи ќе мора да се изразува со подршка за пропали партиски типови оти тоа е играта. Во меѓувреме раѓа две деца, одсабајле за во градинка ги спрема и носи писателот оти он не е вработен, фриленсува понекад ко копирајтер за некоја маркетинг агенција, пишува и книга која се надева еден ден ќе стане светски хит и ќе побуди интерес кај продуценти за серија на Нетфликс или уште поголема премија - му ги откупува правата Парамонт. Но до тогаш мора да живеат најмногу од нејзините примања а тој се инволвира со хендлање на децата, правење ручек, миење на садовите. Она станува министерка но меѓу нив се е оладено, она е преотсутна од домот, во една расправија он и кажува дека она ја сака фотељата повеќе од децата и домот, она му кажува дека он е лигав и не е свесен што она се морала да направи за семејството, пукаат сите шрафови и се разведуваат. Дали писателот ќе ги добие децата а она ќе му плаќа и издршка и алиментација?