Да споделиме нешто:
Имам пакет INTERNET&TV M, пакет кој го нудат агенти на терен, евтин 1200 денари месечно со вклучен бесплатен Sport пакет, кој ги вклучува Арена спорт 1-5 во СД и ХД и Спорт клуб 1-10 во СД. Со оглед на тоа што од 7 февруари сите спортски канали ќе ги има само во СД, не знам што ќе се случува со претплатниците кои го имаат Sport пакетот, бидејќи и на нивната web страна повеќе не постои овој пакет, туку само Sport HD пакетот. Ги прашав во Телеком, сеуште не знаеа што ќе се случува. Можеби ќе ни го заменат Sport пакетот со Sport HD, а можеби и ќе мора да се претплатиме на Sport HD пакетот, доколку не го заменат автоматски со Sport пакетот.
Доколку некој на форумот има пакет Sport, нека сподели информација доколку ја има околу ваквата ситуација.