Supporta собни медијапански врати... Искуство?

  • Креатор на темата Креатор на темата Inconito
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 јуни 2019
Мислења
924
Поени од реакции
1.432
Возраст
44
Наскоро треба да купувам собни врати и гледам така каде има што како по пристапна евтина цена и ги гледав овие но незнам што квалитет се читав нешто на интернет по српски портали некој викат срање се хотелски некој викат добри биле па незнам за што да се одлучам за какви врати ? Има некој искуство со овие врати да има ставано да каже како се изработени и што квалитет се ? Или нешто друга препорака..

vrati_tera.jpg
 
Друштво имам релативно исто прашање, воедно да не отварам нова тема.
Дајте искуство за собни врати, цени итн. Потребно ми нешто поефтино, како и да е давајте било какви искуства, линкови да читнеме. Значи потребно ми е мислење за собна врата.
 
Исто и мене нема никој да пише на тамава со искуство... За глупости сите први се..
 
Што ве интересира? Работев во фирма што прави собни врати,ак знам ќе ви кажам .
@Inconito Тие што ги гледаш ти се џубре,внатре се картон еден појак удар и ќе направиш дупка..плус ако не ти е рамномеврно греењето зимно време во двете простории,внатре надвор за година-две има да се искриват како банана да бидат пошто рамката е од медијапански стапчиња,а медијапанот се витка ненормално.Бравата е ок,за рачки плус 10 евра па нагоре..моја препорка барај МАСИВ.Aко сакаш подолго да ги имаш,ако не ти си знаеш.Крилото е фушерај.
 
Последно уредено:

Вака препорака на буџет до 8000ки врата има нешто квалитетно да се најде ?
 
Тешко,за таа цена ..Сите се горе доле 120-130 евра,ти кажувам од прва рака што материјал се и не-квалитет.Масивните се доста скапи 200+евра..Е сега ако не ти е за подома,ако ти е за викендица или стан кај што нема многу да ги користиш ќе ти бркаат работа и овие не дека не.

Или барај некој мајстор да ти направи ама со дрвени рамки,не медијапански..
 
Последно уредено:
Еве едно искуство со собни медијапански врати.. пред две години ставив 5 медијапански врати со дебелина 6мм. Се греам на клима, и вратата каде што се греам видете и сами колку се искриви.. една врата платив 220 евра со монтажа.
 
Attachments

  • 20220127_211600.jpg
    20220127_211600.jpg
    1,3 MB · Прегледи: 36
Еве едно искуство со собни медијапански врати.. пред две години ставив 5 медијапански врати со дебелина 6мм. Се греам на клима, и вратата каде што се греам видете и сами колку се искриви.. една врата платив 220 евра со монтажа.
Тоа го имам пишано погоре.
 
Тоа го имам пишано погоре.
Вратите се платени 230€ со монтажа и еве втора зима и се искриви премногу.. дали е нормално? Се работи за 6мм медијапан наводно со дрвена рамка..20220127_211600.jpg20220127_211600.jpg
 
Нормално е медијапански се.Исто е и кај мене.Грееш една просторија,ходникот ти е ладен,голема варијација во температура и тоа е тоа.Моите се масивни па се искривија,едноставно медијапанот е ѓубре материјал за врата,ама далеку поевтино од дрво и полесно за обработка,а цената им е боли глава само што се фенси на изглед,квалитет нула.
А дека се со дрвена рамка лажат 100%

IMG_20220201_181903.jpg
 
Мене ми направија дрвени врати, бука, ставени се 2015 година, како вчера да се ставени. Никаков проблем сум немал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom