Пробувам да објаснам ама кој да разбере. Неважно дали може русија да ги уништи носачите, зашто таков потег ќе доведе до евентуално активирање на МАД кај двете држави. Носачите си се за тоа, за проектирање сила кај мали држави. За поголеми залаци, темата е добар приказ.
Нели нагласивме дека зборуваме за хипотетички воени сценарија со конвенционална војна? Муабетот беше дека дури и во конвенционална војна САД ја немаат таа надмоќ, што ја имаа пред само некоја деценија. Прво тоа сакав да го расчистиме.
Друго, ако САД нападнат со нуклеарно оружје затоа што први почнале војна па изгубиле носач на авиони... Па по таа логика кој вели дека Русија нема да одговори со нуклеарно оружје ако почне да губи асети и конвенционални ресурси? По која логика нуклеарен напад не е нешто друго освен почнување на нуклеарна војна и MAD?
Токму затоа сите овие провокации се идиотски ретардирани и неодговорни, затоа што еден од можните исходи е нуклеарна војна, нуклеарна зима и крај на цивилизацијата. Можеби и крај на човештвото... Ова сега што го гледаме, го нарекуваат
brinkmanship. Секој ден гледаме нови вести, едниве пратиле толку бродови/авиони/тенкови, другиве пратиле толку војска, бродови/авиони/тенкови. Проблемот е каде ќе запрат, и што ако се случи грешка? Пошто влогот е човештвото.
Не дека е најважно кој ја почна работата, ама САД ја почнаа уште со примањето во НАТО на бившите членки на варшавскиот пакт. Со градење на ракетни бази за нуклеарни проектили со краток домет, не знам дали сите разбираат колкава опасност се токму тие бази од каде испален проектил ја достигнува целта за неколку минути а одбрамбените системи немаат време да реагираат. Најголемите руски популациски центри се во домет. Што да прават освен да се бранат?
Заради ова Русија мораше да направи нешто спектакуларно за да ги балансира работите, да направи смена на парадигма. Хиперсоничната технологија е таа смена на парадигма.
едит:
А кој колку бил фанатик, не дај боже да видиме. Моја процена е дека Русија нема да се опорави од оваа војна, и би влегла само во краен случај (Украина ги исчисти сепаратистите).
Па блиска историја е Чеченија, прочитај какви работи правеле фанатиците. Кога ќе се случи Украинки со со експлозивни елеци да се разнесуваат покрај руски патроли? Мали групи да идат во самубилачки напади? Па и тие противтенковските оружја им се џабе, пошто нивната употреба ќе биде самоубиствена после симнувањето на првата прашина.
Скраја да е дефинитивно, но ако се случи тогаш Украина ќе испука по сите шавови. Не верувам дека во ниедно воено сценарио Русија ќе влезе all-in, туку ќе направи стратешки и прецизни напади да се онеспособи инфраструктурата, и ќе ги остави про-руските локалци да бидат топовско месо. Во ниедно сценарио Украина не е способна да се носи со тоа. САД го знаат тоа и однапред си кажаа дека нема да помагаат директно, туку ќе употребуваат уште санкции (кои гледаме колку се ефикасни, само ја насочија Русија кон Кина и кон Азија).