- Член од
- 16 декември 2021
- Мислења
- 478
- Поени од реакции
- 1.014
Јас мислам дека нивните ставови за жените се логични консеквенци на нивнита фиозофии, и дека тие ставови не се мотивирани од тешко детство, грдотија, сифилис и други такви банални причини. Еве, ќе пробам на примерот на Шопенхауер да објаснам ама ми треба еден мал реферат за тоа.За темава. Во секој коментар мој има по едно прашање што не ми го одговараш.
Основата на Шопенхауеровата филозофија е дека во светот постои еден единствен метафизички принцип, а тоа е волјата. Неговото главно дело се вика "Светот како волја и претстава". Шопенхауер го читал Кант и за него Кант бил најголемиот филозоф до моментот на појавата на Шопенхауер. Скоро целиот прв дел на "Светот како волја и претстава", каде што се зборува за теоријата на познание е практично препишана "Критика на чистиот Ум". Шопенхауер бил воодушевен од Кантовата поделба на светот по себе и светот за нас. Она што Шопенхауер го сметал за свој личен најголем придонес кон филозофијата е неговата идеја дека светот по себе е всушнист волјата. Кант сметал дека ние никогаш нема да знаеме што е светот сам по себе, и тука Шопенхауер не се сложува, и вели дека тој спознал дека светот сам по себе е волјата.
Е сега, волјата е спротивност на разумот. Волјата е слепиот нагон кој тера на задоволување. Волјата е музиката, Шопенахуер сметал дека музиката е врвна уметност затоа што го прикажува движењето на самата волја. Волјата е извор на цело страдање, затоа што на волјата не му е гајле за поединецот, туку за врстата. Светот сам по себе, бивајќи манифестација на волјата, е зло само по себе. Животот на поединецот е само краток блесок на светлост помеѓу две бескрајни темници. Животот на поединецот, дури и на најсреќниот, односно оној кој успеал да го избегне страдањето во неговата најпримарна форма, како физичкото страдање, е секогаш несреќен. Шопенахуер смета дека на човекот буквално му е подвален лош дил со животот. Еве го учењето на Шопенхауер низ неколку кадри и реченици.
True Detective - Rust & Martin Car Conversation Scene (HD)
Episode 1 Season 1 (S01E01)Rust Cohle and Martin Hart have rather an interesting conversation while driving in a car.HD
www.youtube.com
Исто како и Расти Кол, (мислам нормално дека е исто кога цел овој диалог е буквално препишан од Шопенхауер) Шопенхауер смета дека свеста на почетокот настанала како слуга на нагонот, односно нејзина единствена цел и била да му помогне на нагонот односно волјата да се реализира себе си. Шопенахуер смета дека кај 100% од жените, и 99% од мажите свеста останува на ова ниво, на слуга на волјата. Кај тој 1% од мажите, кој Шопенхауер ги смета за гениј, свеста се издигнува на ниво на вистинско познание и ја согледува играта на волјата. Тука се веќе зачетоците на мизогонијата на Шопенхауер, тој смета дека сите жени се нагон, чиста волја за размножување и продолжување на врстата, и со тоа продолжување на волјата. Убавината на жената коај тој ја презира од дното на душата, само е замка во која се фаќа мажот, се со иста цел, врстата да опстои, а со тоа и волјата.
Исто како и Расти Кол, Шопенхауер заговара самоубиство на ниво на врстата, односно opting out of a wrong deal. Тој смета дека сите луѓе треба да сфатат дека светот е ужасен, дека душата е религиска измислица, дека се е бесмислено и дека цел сјај на светот е само мамец кој не тера да ја туркаме бесмислата понатаму, и дека најпаметно би било да извршиме колективно самоубиство. Најголема препрека за тоа се жените, кои се самиот живот, односно чиста волја, и од таму целата негова омраза спрема нив.
Можам едно есејче да склопам на темава, ама ја разбра генералната поента.
Последно уредено: