Мислам дека Русија притиска за мирно решавање на проблемот со Донетцк и Луганс, односно бараат федерација. Тоа им е минимумот, со тоа ќе си обезбедат долгорочно влијание во Украина и ќе излезат како заштитници на русите таму, а и ќе го затворат конфликтот кој им прави економска штета. Знаат дека не можат да го изведат истото ко Крим, ниту па тие региони ќе функционираат како независни.
Од друга страна па за Украинците тоа значи дека ќе се failed state, и нормално е да пробаат да си го решат тоа воено. Веројатно и западниве земји ги убедуваат да го решат на тој начин, и да ја заглават Русија во гомна уште толку.
Другиве теории како тоа Русија се спрема да ја заземе Украина ради територија, или ќе терале да се спојат со Крим, ми се баба рога приказни.