Ниче, Шопенхауер, Вајнингер? Аристотел?
Зошто повеќето филозофи имаат проблем со жените? Практично, не постои ниту еден филозоф кој ја допрел женската психологија, а да не упатува критики и несериозни ставови на сметка на жените. Сексуалноста, моралот, правата, местото и улогата на тоа битие во општестовото.
Која е причината за ваквите фрустрирачки ставови меѓу филозофите? Од каде потребата за потценување на родовата улога на жените, а преценување на родовата улога на мажите?
Филозофите, како и многу други категории биле ограничени од духот на времето во кое твореле.
Никој па и тие, не би можеле да предвидат што ќе се случува во светот после три века ера на машината. каде физикусот нема да има значење како некогаш. Денес, пост-дигитална револуција одамна сме во некаков период на транзиција каде некои ставови ќе бидат преиспитани.
Со тек на време ќе има се повеќе жени чие постоење нема да биде биолошки условено. Иако има драстични разлики по светот, на запад колку што може да се види, падот на значајот на "машкоста" во секојдневието е сеуште актуелна ситуација, ама за тоа треба нова тема.
Биолошката улога а со неа и улогата на сексот во животот на мажи, а особено жени е драматично изменета, после антибиотиците и масовно достапната релативно сигурна контрацепција. Денес и покрај тоа многу мажи и жени се сеуште условени од она што важело се до вчера, не е тоа заостанатост или нешто слично, сепак се работи правец кој траел 6500 години минус пост WW2.
Можeби поблиску до предвидување бил Хаксли, денешните мажи и жени се сведени на потрошувачи, еднаш на 4 години учесници во фантазијата за "општествен договор" и евентуално топовско месо по фронтови. Уште фали Сома и ќе биде таман како во романот. Смартфоните?
Она што според мое искуство недостасува кај многу жени е отсуството или помалата стапка на интелектуално љубопитство во животот
Некој би рекол дека тоа е ирелевантно за мажот пошто може да оправа криви дрини со други мажи, но како за кого, јас имав среќа иако "на стари години" ама и пред тоа ми беше еден од најважни критериуми кај жена пост 25-6 години, пред тоа бев...less said the better it is
Не знам како би живеел со жена 24/7/365 ако го нема тоа, може не е толку од значење во рани 20-ти кога имаме несериозни врски, се живее одвоено ама кога делиш секојдневие со некоја...тоа би било мачење.
Не знам колку генетиката игра улога во ставовите на еден маж кон жените, секако ќе има разлика во начинот на кој поединец бил третиран од жени во животот, особено во формативните години, не е исто некој да се роди со фаца ко мравојад и некој симпатичен дечко
Ама тоа е среќа, генетска лотарија, кој имал среќа, кој немал и така...