Рамна Земја?

Член од
3 септември 2010
Мислења
5.826
Поени од реакции
8.211
Остај ти автомобил со 100км на час јас те прашувам како да ги осетиме оние 1650 км/ч или просечната орбитална брзина од 30км/секунда?
На кој начин јас можам практично да си докажам дека тие брзини постојат?
Постои ли конкретно некој инструмент како што има колата брзинометар да ја измериме брзината на земјата ?
Не знаеш што е брзина.
Не знаеш што е орбитална брзина.
Не знаеш што е брзинометар.
Не знаеш што е мерење.
Не знаеш што е инструмент.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.577
Поени од реакции
9.155
На вртелешка ако те завртат со одредена брзина еве на пример со брзина од 30км/сек. ќе ги осетиш ама просечната орбитална брзина на земјата не ја чувствуваш?
Автоматски споено мислење:

Мирува Земјата во вашиот универзум?
Од каде таа идеја дека земјата треба да лета во некој универзум? Земјата е стационарна и неподвижна докажано е на многу начини. Кај си видел или почувствувал во реалноста освен на тв или нет дека земјата е топка која пичи во непознат правец со огромна брзина?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.703
Поени од реакции
11.770

:cautious:

Зошто е стационарна и неподвижна?

Во Mathlab ако користиш физички формули со кои се објаснуваат поимите движење, привлекување, гравитација итн итн и ги бувнеш да симулираш - се добива дека Земјата се движи, привлекува и е привлекувана од други тела...

Ама батали тоа, формули, вектори, векторско поле, држ ми боже душата... глупости :coffee:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.703
Поени од реакции
11.770
Како се измерени 150 милиони км.оддалеченост на сонцето од земјата? :pos:
Не знам, не ни знаев дека е толку оддалеченоста... од каде ти знаеш дека е толку и каде пишува како го направиле тоа, па тебе ти е смешно?
Сподели да прочитам да видам колку е смешно... вака сам ќе треба да се смееш...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.703
Поени од реакции
11.770
Освен во вашите небулозни бладања, каде на друго место е докажано?
Не знам, јас не сум ти кажал до сега за никаква оддалеченост на Земјата од Сонцето, ниту колку е ниту кој е методот... не знам зошто на мене го препишуваш сега ова што ти го кажа...
Бидејќи се изнасмеа (бидејќи друго и не правиш на темава), сигурно знаеш за оваа информација и сподели ја да видам кој е методот и што е смешно во врска со тоа...
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.577
Поени од реакции
9.155
Не знам, не ни знаев дека е толку оддалеченоста... од каде ти знаеш дека е толку и каде пишува како го направиле тоа, па тебе ти е смешно?
Сподели да прочитам да видам колку е смешно... вака сам ќе треба да се смееш...
Според моделот на хелиоцентризмот толку е оддалечено. Тоа е оној модел кој ти го браниш овде цело време а наводно не те интересира тоа...
 
Attachments

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.703
Поени од реакции
11.770
Според моделот на хелиоцентризмот толку е оддалечено. Тоа е оној модел кој ти го браниш овде цело време а наводно не те интересира тоа...
Според геоцентричниот ние сме најубавите на еврејскиот бог и црквата е закон - NOT! :)
Во тоа да веруваме? Во господ Бог? Во црквата? Што си ти, поборник за црквата само наместо во Религија подфорумот тука ги загадуваш умовите на луѓето? Аааа не ми се допаѓаш сине... :)
Јок...

Немој вакви сликици... не сум јас дете да читам википедија... рековме дека википедија на македонски е ужас (и воопшто википедија не е добар извор освен за да те поттикне да истражуваш повеќе). И тука освен што ја има бројката, нема никаде како е тоа добиено за да се смееме...

Кажи ми што е смешно во методот како е дојдено до таа вредност...? Го знаеш или не? Или смешно ти е бидејќи има оддалеченост и тоа е доволно да се кикотиш? :)
Зошто е приближно 150... што да не е 77 или 110 000м, не мора км, што знам...? Можеби не ни постои сонцето...

Чекај, Земјата стои во место (не знам како тоа стои во место), а Сонцето и другите планети, месечината... и тие стојат не се движат? Или за нив не важи тоа, има други правила во светот на луѓето кои веруваат дека Земјата е рамна?

Хм, не ми текнало да кажеш како го замислуваш сето она што го гледаш преку ден и ноќ, што се движи на небото... повели дај една слика... едноставна!
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.577
Поени од реакции
9.155
Освен во вашите небулозни бладања, каде на друго место е докажано?
Кој може на вас игнорантните нешто некој да ви докаже...
Автоматски споено мислење:

како е тоа добиено за да се смееме...
Е така те сакам веќе почнува да ми се допаѓа како размислуваш...
Автоматски споено мислење:

Чекај, Земјата стои во место (не знам како тоа стои во место), а Сонцето и другите планети, месечината... и тие стојат не се движат? Или за нив не важи тоа, има други правила во светот на луѓето кои веруваат дека Земјата е рамна?
Читај за Геоцентризам...
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.826
Поени од реакции
8.211
Според моделот на хелиоцентризмот толку е оддалечено. Тоа е оној модел кој ти го браниш овде цело време а наводно не те интересира тоа...
Не знаеш што е Сонце.
Не знаеш што е ѕвезда.
Не знаеш што е жолто џуџе
Не знаеш што е планета.
Не знаеш што е хелиоцентричен модел.

Не знам зошто воопшто читаш работи кои не ги разбираш.

А и изворот ти е многу јак - Википедија на македонски.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.577
Поени од реакции
9.155
Хм, не ми текнало да кажеш како го замислуваш сето она што го гледаш преку ден и ноќ, што се движи на небото... повели дај една слика... едноставна!
Она што се движи преку ден и ноќ може да се претпостави дека се светла на сводот никој со сигурност не може да тврди ниту да заклучи дека се работи за цврсти тела тоа е нон сенс.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom