Можно, не сум читал, ама затоа ќе те замолам да ми објасниш како тогаш функционира Рускиот воен сектор. Еве викате САД парите ги лапале тендераши, а во Русија не. Тие од каде се снадбуваат со своите "играчки"?
Како заклучи дека попаметно трошеле... Ние сигурно не знаеме со каква се технологија располагаат и едните и другите. Од досега виденото, да речеме ете Русите се бољи. Ме интересира таа технологија од каде им е... Само од луѓе и државни фирми кои пари добиваат од буџетот (како што тврдите) или приватни компании кои работат на такви технологии, па или добиваат пари за време на развојот или од продажба?
Друго е муабетот,
На пример да го има САД воениот буџет на Кина, дури и без корупција, ќе колабрира за 24 часа. Трошоците на САД се енормни за одржување на базите. Башка што тоа отвара нов и дополнителен сегмент на корупција, што дополнително го товари буџетот. Следна работа што САД се влезени во некаква си комфорт зона и едноставно се опуштени. Додека Русија од друга страна сакајќи да направи баланс, што за воља на вистината е пак највеќе во корист (профит нормално) на елитата, се сконцентрира на неколку стратешки и тактички оружја, за кои е можно да ја поместија тежата и го анулираа противракетниот штит на САД, за кој потрошија трилиони долари, нели од нивниот буџет.
Ако едната страна покушава главното оружје да и биде ракетен штит кој ќе и овозможи стратешка предност, а другата страна го направи тоа оружје бескорисно. Тогаш без да навлагаме во корумптивноста на системите, можеме да кажеме кој е поефективен. Конвенционалното оружје на Русија е толку развиено, колку што и треба за нејзнина одбрана и одбрана на нејзиното предворје, Русија до сега во пракса не покажала аспирации подалеку од Сирија. Така да ефективноста се мери не само во корупцијата во системот, туку во резултатите. Русија својата доктрина не само што успешно ја тера во последните 14 години, туку од пред 6 години се здобива со стратешка предност во нуклеарното вооружување. Додека САД почнувајќи од Грузија, па навака е во постојан пад. И надворешно воено-политички (Грузија, Авганистан, Сирија, Ирак), и внатрешно-политички како држава.
Јас не викам дека САД ќе ја изгуби силата преку ноќ. Но е на добар пат да падне на колена во рок на еден животен век и е можно да посведочиме на тоа. И пак тоа нема да значи дека нема да се врати од тој шок, но дефинитивно нема веќе да ја има таа моќ во светски рамки што ја имаше во 90тите.