Реално гледано, сосема очекуван резултат е победата на Бафало, и тоа нема врска со Беличек како тренер (или било кој од другите тренери). Едноставно, ова се остатоците од последниот обид за супербол со Брејди, платени играчи во залез на кариера, без сеуште доволно нови дечки да превземат одговорност.
За разлика од
@Марли , јас мислам дека ова е многу добра сезона на Беличек, со тим од кој се очекуваше да биде со 6/7 победи, стигна до плејоф, сврза 7 победи по ред и ги победи Тенеси и Бафало успат, што се топ3 тимови во АФЦ.
На крајот на денот едноставно во различни периоди се НЕ и Бафало во моментов, едните се во ребилд, кој некако успеаа да го задскријат позади плејоф настап сезонава, додека Билс се во втора година од Superbowl or bust перодот. Овој тим на Билс е веројатно најсериозен конкурент за супербол од АФЦ, единствен проблем им е главата и тоа што не се појавуваат секоја утакмица, затоа и изгубија од Џексонвил..
Според мене има 2 клучни моменти за поразов.
Прво, НФЛ оди во правец каде се потребни брзи лајнбекери, додека лајнбекери на НЕ се Хајтауер и Кајл Ван Ној. Хајтауер сезонава е преспор, не дека некогаш бил брз, ама сега и он е готов веќе. Едноставно нема играчи НЕ за да се носи со оваа игра на Билс и веројатно им се најголем мисмеч од сите тимови во плејоф.
Втора работа, НЕ имаат повреди на неколку клучни позиции, и ова не е изговор некој, зошто секој тим има повреди во овој дел од сезоната, ама тимот едноставно нема доволно добри замени, бидејќи ова е прва или втора (зависи кој како гледа) година од ребилдот кој се случува. Повредени беа 2 од корнербековите, кои се ептен просечни играчи, и играат со practice squad играчи на таа позиција.
Освен нив, повреден беше и LT Вин, кој колку и да беше лош, даваше некаква стабилност во однос на ова што се случува.
Билс од друга страна имаат барем 3 добри ресивери + Нокс. Едноставно подобар тим се Бафало во сите 3 фази од играта, мотивирани и желни да покажат дека доста им беше на НЕ.
Како надоврзување на ова е и конструкцијата општо на планот за игра. НЕ игра човек на човек во одбрана, додека цел напад на Билс е замислен да победи еден на еден одбрана. Да не зборам што го имаат и Џош Ален, што дури и да изиграш добра одбрана може да истрча или да фрли луд пас и од ништо да направи нешто (првиот ТД пас).
Нападот на НЕ е лимитиран на одлични ранинг бекови и солиден run block од офанзивна линија, Хантер Хенри, Кендрик Бурн и Мајерс (реално никој не би се исплашил од овие играчи

). Има и руки квотербек, кој изигра супер утакмица со оглед на се и има доста ветувачка прва сезона.
Следното лето ќе биде многу битно за НЕ, бидејќи најверојатно повеќето од лидерите на тимот ќе си отидат, Хајтауер, Мекорти и Слејтер како клучни тука би ги издвоил. ГМ Беличек јас многу го имам критикувано претходно зошто не е баш најсјаен со драфтот, ама последниве 2 години погоди по неколку добри играчи и клучно е тоа да го направи и годинава. Како приоритети би ги издвоил брзи лајнбекери, решавање на прашањето на секондарито, бидејќи му истекува договорот на ЏС Џексон и можеби најбитно, WR1, што би бил од огромна помош за нападот. Од Мек Џоунс се очекува да има скок во играта и да превземе поголема одговорност.
Со
@ElNinho се сложувам за другиве натпревари, само мислам дека најмал проблем на Питсбург е тренерот моментално и нема поразот да биде заради него.
