Владе, ама немој сега стрижена, бричена.
Зборуваме за конкретниов случај. Чисто политичка судска одлука и ништо повеќе.
Никаде не реков дека пчеларот не е виновен. Туку спорна е донесената одлука за оштета од 15,000 евра.
Да повторам, „оштетениот“ беше секретар на СДСМ Охрид, адвокат, потоа заради допринос кон партијата, награден за нотар. Не ти зборувам за Виница и Берово, за Охрид ти зборувам

.
Ете пчеларот несоодветно ги пренесувал пчелите, (ако се сомневам дека искусен пчелар не знаел кога и како да ги транспортира), „оштетениов“ со трчање се упатил кон неговиот дом, бил искасан во пределот на вратот, главата и лицето.
Ај ти како пчелар објасни ми, како тоа ниедна пчела не ја каснала жена му или малолетното дете? Вака пчеливе ептен џентлменски се однесувале. Или може не им се допаднала жена му, овој некако повеќе око им фатил. Како тоа додека бегал никоја не го каснала за рака на пример?