Попладнево направив 5 мали пици и еве една од нив. Прво сакав неаполитанска, али не бива пица без малце мевце, а и тестото ми беше купечко од тинекс, тиња. Се друго беше перверзии.
Сосот никогаш не ми бил подобар. Во тавче ставив минимално маслиново масло, малце сецкано лукче, босилок и на крајот конзервирани пире домати, кои што ги мелам и густата маса ја истурам во тавчето. Сосот го зачинив со сол, бибер и оригано, а на крајот ставам мала коцка путер да се стопи за дополнителен шмек.
На пицата иде сосот, рендан кашкавал, моцарела, претходно путерисани печурки и шунка и оригано.
Рерната претходно ја оставив 40 минути на најјако да се спрема, да биде барем малце како фурна. На секоја пица и требаа 4 до 5 минути да биде готова.
Про тип: неколку часа претходно, во посебно канче полно со маслиново масло, натопив босилок, оригано, листови од спањак, сол и бибер и ги оставив да се упијат. Од кога ќе се направи пицата, со лажичка истурете малце од тоа маслиново масло за дополнителен вкус.
И пошто немам време да месам теста, кое е најдобро за пица?