Дали фигуринава претставува египетска божица и дали е поврзана со Телемата?
Hippopotamus ivory figure of woman; incised eyes and pubic-triangle.
www.britishmuseum.org
Дали Кроулиевото „Секој маж и секоја жена е ѕвезда“ е поврзано со:
За првото прашање - ќе треба да истражуваш за оваа фигура ископана во Египет и што преставува. Не сум до толку запознаен со нештата од Египет
На страницава вели: The function of the figurine is not clear.... така да, ќе се држам до тој став.
Не знам дали претставува божица, дали претставува бесконечност, поврзаност итн итн...
Во Телема има три „богови“: Нуит, Хадит и Ра-Хоор-Куит, толку има и поглавја самата Книга. Тоа е дадено во
предговорот на
„Книгата на Законот“, преводот на македонски јазик.
За подобро разбирање на овој стих од „Книгата на Законот“, погледни ја „Законот е за Сите“, коментари од страна на Големиот Ѕвер на Книгата на Законот.
"This thesis is fully treated in “The Book of Wisdom or Folly”.Its main statement is that each human being is an Element of the Cosmos, self-determined and supreme, co-equal with all other Gods.
...
One star influences another by attraction, of course; but these are incidents of self-predestined orbits.There is, however, a mystery of the planets, revolving about a star of whom they are parts; but I shall not discuss it fully in this place."
- The Law is for ALL, A. Crowley
„Сакам да Ви кажам дека суштинската доктрина на магичарот се однесува на човековото место во универзумот и дадена е во
„Книгата на Законот“ како ‘Секој маж и секоја жена се ѕвезди.’.
Што е ѕвезда? Философите секогаш се согласувале околу една работа – дека за Универзумот да биде разбирлив воопшто, тој треба да се смета како еден и хомоген. Оттука можете да ја разберете положбата на мистикот кој вели дека сите ние сме делови од телото на Бог. Може да разберете што е напишано во Библијата, ‘Вашите тела се храмови на Светиот Дух’. Токму на овие постулати е заснована општата теорија на Магиката. “
-
За Философијата на Телема
П.С. Прочитајте ја
„Книгата на Законот“, посебно првото поглавје, во однос на Ѕвездите, а и Второто поглавје каде се зборува за индивидуалната Ѕвезда, за пламенот кој што гори во секое срце... размислувајте за сето тоа, како порака за Вас самите... можеби ќе видите дека не постои прекин во универзумот!
Светлината не прави скокови...