Криминалци и криминални групи во МК

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
"ДЕА пресекла канал, Австријска полиција дојавила… Аман бе има ли сопствена акција ?"

"Па они се шверцерите и цинкарошите.

ДЕА неколку пати организира сѐ, ама баш СЀ, и им кажува на неколку наши минута пред да треба да се апси. Трајче Заев едвај спаси глава ради тоа.

А кога кажуваа "на време", најдоа само клучеви од коли во Грчец. Метите избегани со недели."

IMG_20211226_054834.jpg IMG_20211226_055131.jpg

Муабетот е на место.
 
D

Deleted member 128786

Гостин
Turista

Po sred bulevar po opinci e lizgavoo, a shutka e odma u komsii.
" sum ja gresel ne sum go naogjal covekot doma "
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Единствена објава на интернет, каде се спомнува името на Славе Неделковски, нарко босот во Шпанија.

"24.12.2007
Владимир Дамчевски

Трагедијата се случи на прослава на новогодишната вечер во кафеаната Деспина во скопски Мичурин. На 24 демекври 2007 година по претходна расправија а потоа и тепачка
меѓу присутните во кафеаната. Пресметката продолжила пред локалот, кога на припадник на Тигрите, Славчо Неделковски, му испаднал пиштол. Во турканицата Максимовиќ го дофатила оружјето од кое истрелала неколку куршуми во Дамчевски.

ПОЛИЦИСКА ПРЕСМЕТКА ПРЕД КАФЕАНАТА "ДЕСПИНА" ВО СКОПЈЕ
Убиен специјалец
Пред кафеаната "Деспина" во скопската населба Мичурин вчераутро со куршум од пиштол бил убиен Владимир Дамчевски (26) од демирхисарското село Слепче, припадник на единицата "Тигри". Во престрелката ранет во главата е и Бобан М. (35) од Скопје од
Во пресметка меѓу припадник на Единицата за брзо распоредување и припадници на елитната единица "Тигри" при МВР, пред кафеаната "Деспина" во скопската населба Мичурин, вчераутро со неколку куршуми од пиштол бил убиен Владимир Дамчевски (26) од демирхисарското село Слепче, припадник на единицата "Тигри". Во престрелката ранет во главата е и Бобан М. (35) од Скопје од Единицата за брзо распоредување во МВР, кој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Врз него е извршена хируршка интервенција и, според лекарите, тој не е во животна опасност.
Осомничен за убиството е Сашо М. (24) од Скопје, брат на повредениот Бобан М.. Тој и Славе Н. (29), припадник на единицата "Тигри", кој е косопственик на кафеаната, се приведени. Против нив ќе бидат поднесени кривични пријави. Инцидентот, според првичните информации на полицијата, се случил еден час по полноќ, вчераутро. Кафената била полна со гости. Прославувале вработени од "Тинекс" маркетите. Меѓу гостите биле и Бобан М. и неговиот брат Сашо М., А.Т.(25) од Скопје и Н.Н. (27) од Велес-припадник на ЕБР, со женско друштво. Околу полноќ Сашо М., видно расположен, се качил на стол. Веднаш бил предупреден од персоналот на кафената да се симне. Разлутен од тоа, Сашо отишол на масата каде што седел Славе и му рекол: "Немај гајле, ние сме од МВР". Газдата почнал да се подбива со гостинот, велејќи му: "Вие од МВР сте многу силни". По кусата препирка, Сашо се вратил на масата и му рекол на неговиот брат дека газдата ја исмејува полицијата. Бобан, лут од тоа што го слушнал, отишол кај Славе и почнал да му вика. За да не ги вознемируваат другите гости во кафената, Славе заедно со браќата и жените излегол надвор. На десетина метри од кафеаната, по жестоката расправија, тие ги извадиле пиштолите и почнале со нив да се маваат. Ненадејно на местото каде што се тепале пристигнал и Владимир Дамчевски, кој се приклучил на тепачката за да го одбрани нападнатиот колега "тигар". Во мешаницата на Славе Н. му паднал пиштолот од раце и една од жените го зела и му го подала на Сашо М., кој го репетирал и почнал да пука. Со еден од испуканите куршуми тој смртно го погодил во главата Дамчевски, кој од здобиените повреди починал на самото место. Најверојатно од рикошетиран куршум, повреден во главата бил и Бобан М. кој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар. На местото на настанот пристигнале и полициско-судски екипи, кои извршиле увид. Во полиција биле приведени Сашо М. и Славе Н., од нив биле земени и парафински ракавици за да се утврди кој пукал.
Вчера кафената "Деспина" беше затворена. Големата локва крв сведочеше за полноќниот инцидент. Никој од станарите од зградата која се наоѓа спроти кафената "Деспина" не знаеше да каже што се случило на улицата но велат дека ноќта слушнале повеќе истрели.
Против Славе Н. и Бобан М. во тек е дисциплински постапки за други дела кои ги сториле пред неколку месеци. (П.А.Л)"

Објавата ја превземав од темата за Специјални Единици.

Трагичната предновогодишна прослава во која згасна животот на „тигарот“ Владимир Дамчевски- поминаа 14 години од трагедијата
МАКЕДОНИЈА 24.12.2021. 12:25

После случајот со убиството на негов колега, пред неговата кафеана, Славе отишол во Хрватска на одредено време, се зборува дека кругот на дејствување и луѓе денес му бил Македонија, Бугарија, Хрватска, Шпанија, наводно порано си идел во Македонија и со хеликоптер а пред скоро време бил дојден со Ламборгини со кое се сликале луѓето кои го познаваат, и се разбира очекувано се движел низ Скопје со двајца бугари телохранители.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Овој Љубомир Ѓурчески толку тупи, упорно ништо не кажува ни имиња, ни презимиња, ни прецизни канали и врски... Оноа обло на ќоше фарба очи, работите што ги кажува се од тие европско-американски проценки за криминал на Балканот каде беа вклучени и они пред 3,4 години, не можам да се сетам на името точно. Истото е и во текстот "Три македонски банди го држат црниот пазар со дрога" и во "Две банди владеат со скопското подземје", брукање буквално, али тоа е тоа, најверојатно го тераат на ова, пробуваат да уверат народ дека сѐ е под контрола додека дилаат марихуана наголемо и не смеат да чепнат никој, од тие што се вечна коалиција на секоја Влада.
 
Bash taka, so edna mala dopuna, dilaat mara na golemo, ama i transportiraat koka internacionalno, duri i do liban, od kajsto shejcite od rijad i dubai se pudrat. Od Lima via Grcec do Bejrut.
I toa u kamion so kravji lajna na lokalno
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Bash taka, so edna mala dopuna, dilaat mara na golemo, ama i transportiraat koka internacionalno, duri i do liban, od kajsto shejcite od rijad i dubai se pudrat. Od Lima via Grcec do Bejrut.
I toa u kamion so kravji lajna na lokalno
Епа врза Шеваљ јаки врски додека Оки гледаше преку масакри да биде најбитен во Скопје, се чудат како го бива човекот за бизнис толку кога порано бил рандом лик ама ете, а и тоа што ги обедини најголем дел од криминалците низ Скопје во нивна тајфа се зборува дека е негова заслуга.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
4.930
Поени од реакции
6.094
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
МАКЕДОНИЈА
Заев: Јанева ја има поминато програмата Фалконе во Сицилија
септември 15, 2015 Фросина Димеска

Случајно ја најдов старава статија, кога ќе се сетам на глупостите што се ширеа дури не ми се ни верува каква храброст и смелост треба за ова, ваква пропагандна војна ни ИСИС, ни С. Кореја не успеаа да наметнат во светот, а богами ни тие пред нив што беа на власт :D
 
Последно уредено:
Член од
22 јуни 2019
Мислења
211
Поени од реакции
689
Bash taka, so edna mala dopuna, dilaat mara na golemo, ama i transportiraat koka internacionalno, duri i do liban, od kajsto shejcite od rijad i dubai se pudrat. Od Lima via Grcec do Bejrut.
I toa u kamion so kravji lajna na lokalno
Немаат ниту капацитет ниту пак врски за таква голема игра. Не ги дигајте до толку. Локал дилери се и ништо повеќе со позадина на власта.
 
Член од
12 јануари 2020
Мислења
488
Поени од реакции
508
Немаат ниту капацитет ниту пак врски за таква голема игра. Не ги дигајте до толку. Локал дилери се и ништо повеќе со позадина на власта.
[zebi na evropsko nivo
ava
Немаат ниту капацитет ниту пак врски за таква голема игра. Не ги дигајте до толку. Локал дилери се и ништо повеќе со позадина на власта.
Za na evropsko nivo da, no za Makedonija oni go drzat cel pazar. Da drzis cela kakva takva drzava ne e za potcenuvanje
 
Член од
3 декември 2021
Мислења
8
Поени од реакции
10
Немаат ниту капацитет ниту пак врски за таква голема игра. Не ги дигајте до толку. Локал дилери се и ништо повеќе со позадина на власта.
Другар лугето се мн јаки.. и више од тоа што се спомнува.. цела македониа германиа, шпаниа, италиа,франциа зборува за нив.
 
Член од
12 јануари 2020
Мислења
488
Поени од реакции
508
Другар лугето се мн јаки.. и више од тоа што се спомнува.. цела македониа германиа, шпаниа, италиа,франциа зборува за нив.
Italia, Francia I Germania zboruva za Grcec ili Dukjandzik? Moze pecalbarite zborat sto se taze otideni
 
Kajgana Shop

На врв Bottom