Единствена објава на интернет, каде се спомнува името на Славе Неделковски, нарко босот во Шпанија.
"24.12.2007
Владимир Дамчевски
Трагедијата се случи на прослава на новогодишната вечер во кафеаната Деспина во скопски Мичурин. На 24 демекври 2007 година по претходна расправија а потоа и тепачка
меѓу присутните во кафеаната. Пресметката продолжила пред локалот, кога на припадник на Тигрите, Славчо Неделковски, му испаднал пиштол. Во турканицата Максимовиќ го дофатила оружјето од кое истрелала неколку куршуми во Дамчевски.
ПОЛИЦИСКА ПРЕСМЕТКА ПРЕД КАФЕАНАТА "ДЕСПИНА" ВО СКОПЈЕ
Убиен специјалец
Пред кафеаната "Деспина" во скопската населба Мичурин вчераутро со куршум од пиштол бил убиен Владимир Дамчевски (26) од демирхисарското село Слепче, припадник на единицата "Тигри". Во престрелката ранет во главата е и Бобан М. (35) од Скопје од
Во пресметка меѓу припадник на Единицата за брзо распоредување и припадници на елитната единица "Тигри" при МВР, пред кафеаната "Деспина" во скопската населба Мичурин, вчераутро со неколку куршуми од пиштол бил убиен Владимир Дамчевски (26) од демирхисарското село Слепче, припадник на единицата "Тигри". Во престрелката ранет во главата е и Бобан М. (35) од Скопје од Единицата за брзо распоредување во МВР, кој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Врз него е извршена хируршка интервенција и, според лекарите, тој не е во животна опасност.
Осомничен за убиството е Сашо М. (24) од Скопје, брат на повредениот Бобан М.. Тој и Славе Н. (29), припадник на единицата "Тигри", кој е косопственик на кафеаната, се приведени. Против нив ќе бидат поднесени кривични пријави. Инцидентот, според првичните информации на полицијата, се случил еден час по полноќ, вчераутро. Кафената била полна со гости. Прославувале вработени од "Тинекс" маркетите. Меѓу гостите биле и Бобан М. и неговиот брат Сашо М., А.Т.(25) од Скопје и Н.Н. (27) од Велес-припадник на ЕБР, со женско друштво. Околу полноќ Сашо М., видно расположен, се качил на стол. Веднаш бил предупреден од персоналот на кафената да се симне. Разлутен од тоа, Сашо отишол на масата каде што седел Славе и му рекол: "Немај гајле, ние сме од МВР". Газдата почнал да се подбива со гостинот, велејќи му: "Вие од МВР сте многу силни". По кусата препирка, Сашо се вратил на масата и му рекол на неговиот брат дека газдата ја исмејува полицијата. Бобан, лут од тоа што го слушнал, отишол кај Славе и почнал да му вика. За да не ги вознемируваат другите гости во кафената, Славе заедно со браќата и жените излегол надвор. На десетина метри од кафеаната, по жестоката расправија, тие ги извадиле пиштолите и почнале со нив да се маваат. Ненадејно на местото каде што се тепале пристигнал и Владимир Дамчевски, кој се приклучил на тепачката за да го одбрани нападнатиот колега "тигар". Во мешаницата на Славе Н. му паднал пиштолот од раце и една од жените го зела и му го подала на Сашо М., кој го репетирал и почнал да пука. Со еден од испуканите куршуми тој смртно го погодил во главата Дамчевски, кој од здобиените повреди починал на самото место. Најверојатно од рикошетиран куршум, повреден во главата бил и Бобан М. кој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар. На местото на настанот пристигнале и полициско-судски екипи, кои извршиле увид. Во полиција биле приведени Сашо М. и Славе Н., од нив биле земени и парафински ракавици за да се утврди кој пукал.
Вчера кафената "Деспина" беше затворена. Големата локва крв сведочеше за полноќниот инцидент. Никој од станарите од зградата која се наоѓа спроти кафената "Деспина" не знаеше да каже што се случило на улицата но велат дека ноќта слушнале повеќе истрели.
Против Славе Н. и Бобан М. во тек е дисциплински постапки за други дела кои ги сториле пред неколку месеци. (П.А.Л)"
Објавата ја превземав од темата за Специјални Единици.
Трагичната предновогодишна прослава во која згасна животот на „тигарот“ Владимир Дамчевски- поминаа 14 години од трагедијата
МАКЕДОНИЈА 24.12.2021. 12:25
После случајот со убиството на негов колега, пред неговата кафеана, Славе отишол во Хрватска на одредено време, се зборува дека кругот на дејствување и луѓе денес му бил Македонија, Бугарија, Хрватска, Шпанија, наводно порано си идел во Македонија и со хеликоптер а пред скоро време бил дојден со Ламборгини со кое се сликале луѓето кои го познаваат, и се разбира очекувано се движел низ Скопје со двајца бугари телохранители.