Фото-натпревар #245 Тема: Знаменитост од мојот град

  • Креатор на темата Креатор на темата __Vita____
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Ајде виртуелно да прошетаме по нашите преубави градови! Од далечната антика до модерните времиња... Македонија е цела ризница на културни оставштини! Ајде да видиме неколку белези од минатите генерации, нам оставени како аманет.

Не мора (но е пожелно) да биде знаменитост од вашиот роден крај. Под сликата напишете за што станува збор (и две-три реченици за знаменитоста доколку не ви претставува проблем :) ).

Не е проблем ако знаменитостите се повторуваат.. па сепак, една скулптура има повеќе гледни точки...

Натпреварот се отвара со срцето на Македонија: културно и географско. Со градот Велес!

20170317-135255.jpg


Спомен-Костурницата во Велес, изградена во 1979 година претставува вечно почивалиште на велешките борци кои загинале во Националната ослободителна војна. На фотографијата е прикажан дел од најголемиот мозаик во Македонија - дело на еден од најзначајните македонски претставници на модерната уметност - Петар Мазев. На мозаикот во преплет е прикажана историјата на македонскиот народ од османлискиот период сѐ до 90-те години на ХХ век.
 
Последно уредено:
Прибидејќи голем дел од времето сум во Маврово, од таму ќе си стаам, Скопје шо го вртам.. Ама и насловов вика од град, а ова е село.. ако се прифати, добро, ако не, добро
IMG_20210802_183920.jpg

Потопената во наводници, стара црква св. Никола во Маврово
 
Дијаспората
...што ти е гајле насловот е јасен ,,Знаменитост од мојог град,, текстот отпосле може да дополнува наслов, но не е оф топик да биде фотка од било која знаменитост од твој град каде си :)
 
Китино Кале во Кичево. Еден од ретките градови кој има кале(Скопје, Охрид....)....и во тек е реконструкција на инфраструктурата, нови патеки, клупи, фонтани, а на врвот се поставува полукружна платформа ,,на лагери,, за одржување на претстави на отворено.
Името го добило по Кита, сестрата на Крали Марко, која владеела со овој регион. На калето имало тврдина, а денес на неколку места сеуште постојат остатоци од камените бедеми. Тука бил градот. Затоа населбата под калето се вика ,,Подварош,,...т.е. под градот. Има доста легенди за Кита....но тоа во друга прилика
Кога сликав беше прилично касно приквечер, па сликата можеше да биде и подобра, но тоа ќе го оставиме за напролет кога планирам цела фотосесија од комплетно реновираното кале

20210502_184121.jpg
 
Дијаспората


Истото си го мислев, ние како избркани. :icon_lol:
Автоматски споено мислење:

...што ти е гајле насловот е јасен ,,Знаменитост од мојог град,, текстот отпосле може да дополнува наслов, но не е оф топик да биде фотка од било која знаменитост од твој град каде си :)
Ама пишува да било македонско и по можност од градот во кој си роден. Нема везе бе, ќе прерипаме. :)
 
Истото си го мислев, ние како избркани. :icon_lol:
Автоматски споено мислење:


Ама пишува да било македонско и по можност од градот во кој си роден. Нема везе бе, ќе прерипаме. :)
...барем ти имаш инспирација, немаш дома ,,Македонска знаменитост во минијатура,, насочија кон вулканот и направи ,, воздушна фотка,, со позадина и со гро план на тоа што ќе го држиш во рака :)
 
Истото си го мислев, ние како избркани. :icon_lol:
Автоматски споено мислење:


Ама пишува да било македонско и по можност од градот во кој си роден. Нема везе бе, ќе прерипаме. :)
Ми текнува дека втората или трета тема беше мојата чудесна земја и истиов муабет го имавме. Дали ние дијаспорците имаме орави на учество :))))
 
Мојата фотографија е од 2016 :D сигурно имате некоја фотографија од некое патување од последниот пат кога сте биле во Македонија..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom