За кој тим навиваше ти друже, потсети ме сум заборавил.
Одамна беше, инаку за Лејкерс
Беше тоа од времето на Меџик, Ворти, Купер, Бајрон Скот, Ејси Грин... па и Дивац кога дојде. Тешки битки со Бостон и Детроид беа тоа. Акчли престанав да навивам за тим(франшиза)од како се појави Коби, лесна му земја! Не можев да сварам никако од тим во кој играше рамномерно целата петорка, да се претвориме во тим каде еден штурец си зема 60 шутеви(карикирам, ама не сум далеку од вистината) по натпревар. Па Џордан не си го дозволуваше тоа во Чикаго, не некој мочле кој вчера дошол на свет! И бидна тоа, баталив навивање за клуб, почнав да си бирам натпревари каде ми играат интересни играчи, Винс Картер, Џејсон Кид, Вилијамс од Кингс, па тренерската филозофија на Поп исто ми беше фаворит за гледање, така. Во последно време гледам по можност кај играат европски(екс Ју) играчи, Лука прасето, Јокич, пред тоа Стојакович, Раџа, Кукоч, Новицки, Паркер и тако то. Штета што Сабонис не го послужи здравје, али то је то!