Суштината на прашањата не е во бугарскиот пасош, туку како МК институциите ја третираат проблематиката.
Значи да дадам мал контекст. Пред неколку дена пријател со БГ пасош, потпиша договор со германска фирма за работење од дома. Значи тој останува МК. Од HR наводно чекале дообјаснување за начинот на засметување на исплатите и задршките, но генерално очекување било како не е германски резидент освен данокот на приход да нема други давачки во Германија (за црква, невработеност, здравство....) дел од давачките кои јас ги плаќам, но исто така немал право на здравствена заштина, помош доколку бил отпушен и сл.
Утринава кога разговаравме ми кажа дека ЕУ пасошот дава за право да се отвори основна сметка (трансакциска) во било која држава на ЕУ (не смеело да се орочуваат депозити), (првото прашање веќе се одговори), што пак е контрадикторно со МК правилникот. Кој се опциите и насоките на делување овдека?
Понатаму, ова е делот што и мене ме интересира, со оглед на дебелите субвенциите кои Германија ги дава за купување на станбен простор како и смешно ниските камати од под 2%, дали доколку со БГ пасошот, купи станбен простор и истиот го изнајмува, мора да го пријави во МК агенција, и кои се надлежностите на МК институции над тој недвижен имот?
На крајот, што мислите, кој е најдобар начин за инвестирање, да се обезбеди некој поврат на инвестиција од 5%-10% со апсолутно минимален ризик, во Германија?
Опциите во МК ми се пречкртани одамна.....Кога на крајот од август-септември бев долу агенти на ГРАВЕ беа агресивно нападни со ветувања за енорми добивки. Кога разговарав со некои познаници кои знам дека имаа осигурување на крајот сите ги раскинале договорите, со значителни загуби. Наместо некое нормално зголемување од 30% за 10 години добиле зголемување од едвај 3-4%, практично инфлацијата им го изела вложувањето.
Од друга страна пак, овие заеднички фондови во МК некако ми се шкакливи....