Тоа што се случи е – односот се измести, бидејќи Бугарија го прекрши членот 2 од Договорот, кој зборува дека Софија ќе ни помага на европскиот пат, нема да ни одмага, најмалку, пак, ќе нѐ блокира.
Во македонската верзија стои: „Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија“
Ако Бугарија го споделила своето искуство околу неопходните критериумите на Р.М, понатаму остварувањето на целта е на товар на Р.М.
За комисијата на македонски е: „Во рок најдоцна до три месеци од влегувањето во сила на овој договор, со цел продлабочување на заемната доверба, двете Договорни страни ќе формираат Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани.“
Заедно со текстот од преамбулата „Имајќи ја предвид заедничката историја, која ги поврзува двете држави и нивните народи,“ но овде пак целта е „продлабочување на заемната доверба“, може да се заклучи дека целта не е остварена бидејќи нема научно толкување на историските настани (толкувани како што се опишани на начинот во договорот), и си останува само преамбулата дека имаме заедничка историја која ѓи поврзува двете држави и народи.
"Имајќи ја предвид заедничката историја, која ги поврзува двете држави и нивните народи"
Овде од Македонска страна имало мала "Абракадабра" - На англиски на некои документи има „shared history“, на некои како овој во ОН „common history“ -
https://treaties.un.org/doc/Publication/UNTS/No Volume/55013/Part/I-55013-08000002804f5d3c.pdf
Зошто Бугарија има право да бара малцинство?
член 11.4 - секоја држава има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани, на територијата на другата договорна страна (на пример сите во македонија со бугарски пасош - околу 100.000 до 120.000 засега)
член 11.5 - Р. Македонија неможе да се меша било како во внатрешни работи на Р. Бугарија, со цел заштита на правата на лица кои не се државјани на Р. Македонија.