- Член од
- 10 август 2011
- Мислења
- 1.930
- Поени од реакции
- 7.811
Не верувам дека ќе има некаква сериозна ескалација за да дојде до full-blown војна меѓу Русија и Украина. Ова се маневри за подобра преговарачка позиција.
Руските трупи на граница, мене ми личат повеќе на праќање порака, како одговор на надворешно-политичката доктрина на оваа администрација на САД. Слично како стотиците летови на кинески воени авиони во тајвански воздушен простор, секогаш кога има некој гест, изјава, политички потег на соработка помеѓу САД и Тајван.
САД официјално продолжува со containment политика спрема Русија и Кина. Клучен дел од таа стратегија е, Украина да биде прескапа за Русија одново да шири влијание во неа.
Американците горе-доле ја постигнаа таа цел, зошто Украина е на неодредено надвор од кругот на руско влијание. Има страшен антагонизам меѓу двете држави во моментов и плус, територијално, Украина е геополитички непроценливо вредна. Заедно со Полска служат како hedge против географско, економско, транспортно и логистичко поврзување на сите големи играчи во Евроазија. Ако се слушаат и читаат оние што ја формираат доктрината на долгорочната геополитичката стратегија на САД, таков исход е главниот ризик фактор за нивниот број 1 статус на планетава. Барем моменталниот број 1 статус.
Она што е предмет на преговори, е колкав дел од територијата на Украина, ќе остане да биде контролирана од Киев. Русија има интерес да има што поголем бафер, Западот сака да има што е можно постабилна Украина како (hedge) држава.