Не и придавај на оваа Украина друго значење освен како клиент држава на САД.
Суштински гледано Украина нема никаков интерес да влегува во било каков конфликт со Русија. Ниту па Русија има интерес во конфликт со Украина. Целата работа е целосно оркестрирана од САД и како таква нема поента „анализирање“ на армијата/оружјето на Украина. Реално нема да можат ни еден месец да издржат и тоа во дефанзивна војна. Само што војна нема да има. Русија нема интерес, а и зошто би играле по америчката музика?
Па чудно би било некој од руска страна да збори за инвазија на Украина. Ваљда нема да им најават дека ќе ги нападнат
Мислам дека статус ќе и ситуацијата воопшто неми одговара на Русија. Со тек на време Украина ќе гради по способна армија вооружена со софистицирано западно оружје. Добија Џавелин проектили, којзнае што ќе добијат утре. Ете и обуки имаат со НАТО. Ќе стануваат по спремни и по спремни а со тоа безбедносна закана за Русија.
Вака на Русија и стојат две опции. Договор со Западот за Украина и враќање во својата сфера на влијание и втората опција е воена интервенција и растурање на Украина. Втората опција доаѓа со сериозни економски и политички последици.
Џавелин... за што ги спремаат, за герилска војна? Чудо не им пратиле елеци за бомбаши самоубијци.
Сакале нејќеле САД, Украина е половината под Руско влијание, а другата половина е се погласна против Бандерашите. Неонацистите нема да може вечно да ја оддржат моќта во Украина, не додека им диши Русија во врат. Затоа е и оваа драматика. За да се оддржат на власт, единствено им е да испровоцираат конфликт со Русите. 7 7одини поминаа од Мајдан и не мрднале од мртва точка. Уствари мрднале, ама во рикверц. САД ги боли стапот за Украинците, они им се само прокси клиент.
Не и придавај на оваа Украина друго значење освен како клиент држава на САД.
Суштински гледано Украина нема никаков интерес да влегува во било каков конфликт со Русија. Ниту па Русија има интерес во конфликт со Украина. Целата работа е целосно оркестрирана од САД и како таква нема поента „анализирање“ на армијата/оружјето на Украина. Реално нема да можат ни еден месец да издржат и тоа во дефанзивна војна. Само што војна нема да има. Русија нема интерес, а и зошто би играле по америчката музика?
Точно е дека на двете земји не им одговара војна ама притисокот е кај Русија. Статус кво ситуацијата воопшто не им одговара на Русите, зошто денес ако Украинската војска е растур систем, за пет години може да биде друга приказна посебно ако САД и Нато вложат средства и обуки, а сигурно ќе вложат. Ене го и Зеленски бара постапката за членство во Нато да се забрза. Путин добро знае дека 2022 година е моментот за конечно решение за Украина, инаку после воена интервенција таму ќе биде многу скапа и крвава работа.
Или договор со САД за украинското прашање или војна па трпење на економските последици. За пет години Украина ќе биде многу поспремна.

Конечно решение не и одговара на Русија, пошто времето работи за неа. Овие се неспособна банда, која има агенда да ја води Америчката политика по секоја цена (слично како и кај нас) и кога тогаш ќе паднат и ако малце пратиш, ќе видиш дека слично како и кај нас власта ја следат секојдневни скандали. А со Крим и Донбас како малигнен проблем никад нема да влезат во НАТО и во ЕУ, за да претставуваат некаква посериозна закана за Русија. А башка импотентната Европа, не се слага баш да биде топовско на САД.
И плус, ова не се 90тите години, па САД да си игра како ќе и прдне. Многу подалеку од границата на Русија изгубија речиси чиста победа, со многу ограничено учество на Руските воени сили, а да не збориме за Украина, каде што на нивни терен можат да регрутираат можеби стотици иљади самосвесни Руси. На крајот на краиштата, Русија и не мора официјално да војува во Украина. Доволно е само да им дава малку појака поддршка на двете отцепени републики, за да ја држи во агонија Украина уште долго. Да не збориме за сосема солиден потенцијал за отварање на нови боишта, на потезот Харкив-Одеса. Крим.... тоа нема да може на дневен ред да дојдат Луганск и Донецк, а не пак Крим ,кој ќе спаѓа во сверата на митовите.
@Ne_sum_ja наједноставно за разбирање е тоа дека на Русија не им е во интерес тоа што на САД им е од интерес.
Се разбира дека е посложено од ова ама во основа кажаното е точно.
„Статус кво“ е ситуација во која во Украина не се подобруваат работите. Не влегуваат во НАТО/ЕУ, не се подобрува економската состојба (напротив), и народот полека почнува сѐ повеќе да се бунтува против власта контролирана од САД... Што има тука што не им одговара на Русија? The long game што би рекле Америте.
Vo teska zabluda ste ako mislite deka rezimot vo ukraina kje padne. Tolku e razgorena rabotata so rusite sto nema prijatelska vlada da dobijat u naredni 50 godini.
Rusite se u ebana situacija, bez razlika na imidzot so go proektiraat. Dobija nato sojuznik vo komsii, bez razlika kolkav parcinja kje i isecat.
Украина нема да биде способна да се одбрани од РФ ниту утре ниту по 5 ниту по 10 години. Едноставно, државата е вукојебина; економијата се состои од ИМФ кредити, населението си заминува наголемо а за модерна војска ти требаат луѓе и многу пари. Не е само им дале Џавелин и 2 џипа, што е со останатите милион "ситници"? На пример нивно одржување? Кога носеа демократија во Либија, Франција и УК ги потрошија сите резерви на муниција (поточно проектили за прецизно гаѓање) за помалку од еден месец па САД беа приморани да влезат во конфликтот. Кој ќе влезе на страната на Украина кога за една недела ќе снемаат муниција, делови, нафта и гас, опрема, материјал за воени потреби што од употреба, што од загуби од бомбардирање или па директни загуби на фронт? Тука ќе има и поморска блокада а ако Белорусија, која го призна Крим како руски минатата недела, влезе во војна ќе може да го пресече автопатот кон Полска така што Украина ќе биде тотално изолирана од светот. Грузија исто на времето имаше идеи за враќање на Јужна Осетија, беа опремени и тренирани од НАТО, тапшани по рамо од Буш и бидна тоа што бидна. Полска која е во НАТО 15 години со сето современо оружје за кое Украина може да сонува и која е далеку побогата држава од Украина правеа симулација на војна со РФ на почетокот на годинава, очекуваа дека ќе издржат 22 дена за да се мобилириза и дојде помош од НАТО, добија капитулација за 4 дена.
Мислам дека ситуацијава или ќе остане ваква каква што е или ќе влезат Русиве да направат нова држава рецимо Новорусија која ќе биде во деловите со проруско население и ќе биде баш е деловите со корисните делови од Украина (брегот, индустријата, конекција до Крим и Молдавија). Е сега дали ќе бидат спремни за санкциите од САД само Путин знае, мада Американциве на се што може ставија санкции, остана уште да ги исклучат од СВИФТ на што Лавров рече дека тоа е еднакво на објавување војна така да ќе видиме, мислам дека ќе нема војна но ако има ќе може лесно да ескалира во нешто повеќе.
Vo teska zabluda ste ako mislite deka rezimot vo ukraina kje padne. Tolku e razgorena rabotata so rusite sto nema prijatelska vlada da dobijat u naredni 50 godini.
Rusite se u ebana situacija, bez razlika na imidzot so go proektiraat. Dobija nato sojuznik vo komsii, bez razlika kolkav parcinja kje i isecat.
Неонацистите ја подгреваат атмосферата. Но рачунај дека во Украина, кога збориме за Русија, прашањето е интерно. Проруската политика има 50% симпатизери во Украина, а како поминува времето остатокот гледа накаде ја носат државата овие на власт, наспроти ветувањата што ги даваа. Буквално како СДСМ тука. Стануваат се повеќе смешни “аргументите” со кои се криви Рисија за нивната состојба. Економски го допираат дното и моментално се понеспособни од онаа влада, после осамостојувањето, која дозволи пљачка на воените магазини.
Имај во предвид дека бандерашите запалија зграда со живи луѓе во Одеса. Немој да мислиш дека малорусите го заборавиле тоа. Русија воопшто не треба да влезе во Украина за да воено ја уништи. Доволно е да организира посериозен отпор. А факт е дека може да го направи тоа, а не го прави за да не го расте антагонизмот.
Крим за Русија беше црввената линија, која од стратешки причини мораше да остане Руска. Тоа се виде 2014. Све друго е поле за игра за враќање на Украина во сферата на влијание. Во најлош случај за Русија, Украина ќе остане без море. Ете тоа од прилика значи антагонизмот што го забележуваш.
Автоматски споено мислење:
@Gags
Санкциите кон Русија не се од денес. Санкциите почнаа од 2008 и се зголемуваа линеарно. Како што гледам Русија не слабее, туку јакне и воено и политички, а најверојатно и економски, пошто санкциите ја раздвижија мрзливата Руска економија и ја направија тотално независна за разлика од претходно. Земи ја пример прехранбената индустрија.
Буквално санкциите ја избустаа Руската моќ и ги срушија митовите од 20 век кога санкциите од западот значеа пропаст. Еве ја Белорусија 30 години под санкции, а квалитет на живот кој се мери со Унгарија од прилика, земја членка на НАТО и ЕУ.
Има една битна разлика. Во Авганистан 90% од населението ги нејќеше Американците и немаа мотив да се борат против своите. Ваму во Украина, после анексијата на Крим 70% од Украинците поддржуваат Нато членство а мнозинство Украинци гледаат на Русија како број 1 државен непријател.
Конечно решение не и одговара на Русија, пошто времето работи за неа. Овие се неспособна банда, која има агенда да ја води Америчката политика по секоја цена (слично како и кај нас) и кога тогаш ќе паднат и ако малце пратиш, ќе видиш дека слично како и кај нас власта ја следат секојдневни скандали. А со Крим и Донбас како малигнен проблем никад нема да влезат во НАТО и во ЕУ, за да претставуваат некаква посериозна закана за Русија. А башка импотентната Европа, не се слага баш да биде топовско на САД.
И плус, ова не се 90тите години, па САД да си игра како ќе и прдне. Многу подалеку од границата на Русија изгубија речиси чиста победа, со многу ограничено учество на Руските воени сили, а да не збориме за Украина, каде што на нивни терен можат да регрутираат можеби стотици иљади самосвесни Руси. На крајот на краиштата, Русија и не мора официјално да војува во Украина. Доволно е само да им дава малку појака поддршка на двете отцепени републики, за да ја држи во агонија Украина уште долго. Да не збориме за сосема солиден потенцијал за отварање на нови боишта, на потезот Харкив-Одеса. Крим.... тоа нема да може на дневен ред да дојдат Луганск и Донецк, а не пак Крим ,кој ќе спаѓа во сверата на митовите.
Грешка си дека времето работи за Русија. Еве види сега кој го наметна ова прашање на агендата. Додека САД се занимава со Кина, Русија бара самит со нив и едно од главниот приоритет на разговорите да биде Украина. Све укажува дека Путин притиска за решение. И разместувањето на војската и разговорите со Бајден. Тоа мене ме наведува да мислам дека среднорочната и долгорочната проценка на Русите за Украина не е позитивна.
Тие двете области во Донбас бараат пари за да продолжат да функционираат. Не може Русија вечно да фрла милијарди за да опстојуваат.
@Ne_sum_ja наједноставно за разбирање е тоа дека на Русија не им е во интерес тоа што на САД им е од интерес.
Се разбира дека е посложено од ова ама во основа кажаното е точно.
„Статус кво“ е ситуација во која во Украина не се подобруваат работите. Не влегуваат во НАТО/ЕУ, не се подобрува економската состојба (напротив), и народот полека почнува сѐ повеќе да се бунтува против власта контролирана од САД... Што има тука што не им одговара на Русија? The long game што би рекле Америте.
edit:
Двете реченици се лажни дихотомии.
Реално има многу повеќе можности од договор со САД или пропаст на светот (војна, итн).
Ова е неверојатно оптимистички став, и целосно незаснован врз факти и реалност.
Статус Кво ситуација мислам во однос на договор во врска со Украина. Инаку ако нема договор Украина има шанси да стане членка на Нато во наредните години а сигурно ќе добијат и оружје и обуки.
Не верувам дека во скоро време ќе се врати проруска власт во Украина. После Крим и Донбас, тешко ќе оди оправање на односите
Америка ја чеша газот, мора да изрежира криза, било каде!
Кина стана преголем залак, мислам дека намерно ја таргетираат Русија, со надеж дека ќе и отворат воен конфликт на граница. Дефинитивно не мириса на добро, очигледно е дека јуесеј има погрешно инфо за состојбата во Русија.
Во најлош случај ќе и ја сервираат на Кина, сосе Сибир и сите природни богатства кои чау ги мерка одамна!
@jamajka Ja ne vikam deka pomegju rusija i ukraina, rusija e vo polosa sostojba. Ukraincite se vo najzaebana situacija od site.
No duelot e megju rusija i sad, a tuka rusite ja izgubija ukraina. Ova sto go pravat e spasuvanje neso od neso. Koga togas ukraincite kje soberat dovolno sila za da gi porazat separatistite, i Rusija kje mora da intervenira.
Статус Кво ситуација мислам во однос на договор во врска со Украина. Инаку ако нема договор Украина има шанси да стане членка на Нато во наредните години а сигурно ќе добијат и оружје и обуки.
Не верувам дека во скоро време ќе се врати проруска власт во Украина. После Крим и Донбас, тешко ќе оди оправање на односите
Забораваш дека единствен релевантен фактор се САД, Украина моментално не е суверена држава. Било каков договор ако има, дефакто ќе биде меѓу РФ и САД... Но тука прашањето е што Русија би прифатиле а САД би понудиле?
САД води војна (специјална) против РФ, нема да има никаков договор додека едната страна не биде пред капитулација. Тоа што слушаш по медиуми за некаков договор се стандардни дефокусирања и замајувања. САД прават притисоци, провоцираат и се надеваат на избувнување локален конфликт меѓу Русија и соседите (особено тие што се во НАТО). Паметните како Норвешка веќе се оградуваат и ќе побараат од НАТО да ги прекине летовите и морските премини на нејзина територија. Баш заради тоа што не сакаат на сопствена територија можност за испровоциран конфликт со Русија (а не е дека и на полуписмен дипломат не му е јасно што сакаат САД).
Norway's Foreign Minister Anniken Huitfeldt announced that it is in the country's best interests to protect its northernmost areas with its own armed troops.

Има многу работи што Русија сака од САД. Како главен приоритет е гаранција дека Украина нема да стане дел од Нато и дека нема да биде вооружувана со софистицирано западно оружје. Второ, олабавување на санкциите, трето, давање на согласност за Северен тек, итн.
@jamajka Ja ne vikam deka pomegju rusija i ukraina, rusija e vo polosa sostojba. Ukraincite se vo najzaebana situacija od site.
No duelot e megju rusija i sad, a tuka rusite ja izgubija ukraina. Ova sto go pravat e spasuvanje neso od neso. Koga togas ukraincite kje soberat dovolno sila za da gi porazat separatistite, i Rusija kje mora da intervenira.
Мора да разбереш 2 работи кога се работи за моменталната состојба во Украина. Прво е дека Украина и Русија имаат поминато низ два отворени и многу брутални конфликти слични на тој во 2014 година (не по обем туку во смисла спротивставените страни, малоруси против бандераши), едниот е 1917-1921, а вториот е втората светска војна. Одприлика односот на малорусите и бандерашите е сличен како Србите и Хрватите, а малорусите се исто што и она што е република Српска во Босна, но со повеќе од 20М жители и со грото на финансиска моќ во Украина. Така да Русија нема нешто многу историски изгубено влијание во Украина, за да се бори да го врати. Едноставно ја изгуби контролата која и онака беше многу лабава. А све ова што се случува и отвора врата за територијални корекции во блиска иднина, па макар остатокот на Украина да влезе во НАТО. На крају крајева, Русија и онака е обиколена од НАТО, плус уште Украина нема да и направи многу голема разлика. Брзината на проектилите до Москва, нема да се зголеми ниту за една минута.
И втората работа што треба да ја сватиш е САД не е САД од Реган и стариот Буш. И дека ова не е Русија на Елцин.
Има една битна разлика. Во Авганистан 90% од населението ги нејќеше Американците и немаа мотив да се борат против своите. Ваму во Украина, после анексијата на Крим 70% од Украинците поддржуваат Нато членство а мнозинство Украинци гледаат на Русија како број 1 државен непријател.
Некаде 50% од населението се руси и тие се стабилно проруско население. Останатите варираат, дел се про руси дел се про-сад. Во најоптимистички случај се не повеќе од 50% анти-руски расположени. И што е најважно територијално се компактни Русите.
Грешка си дека времето работи за Русија. Еве види сега кој го наметна ова прашање на агендата. Додека САД се занимава со Кина, Русија бара самит со нив и едно од главниот приоритет на разговорите да биде Украина. Све укажува дека Путин притиска за решение. И разместувањето на војската и разговорите со Бајден. Тоа мене ме наведува да мислам дека среднорочната и долгорочната проценка на Русите за Украина не е позитивна.
Тие двете области во Донбас бараат пари за да продолжат да функционираат. Не може Русија вечно да фрла милијарди за да опстојуваат.
Ако гледаш на долги стази... САД фрли на оружје 85 милијарди долари во Авганистан, за да ги наоружа по се изгледа Талибаните. Овие тука барем фрлаат на своите. А за проценката објаснив во претходниот пост. Не ја гледајте Украина во минатото како компактна со Русија, за да си мислите дека Русија нешто изгубила. Состојбата е ваква повеќе од 100 години.
А тоа што Путин прави потези, нормално.. зарем треба да седи со скрстени раце, додека му носат војска пред врата. Путин само кажува дека нема да седи мирен. А како тоа ќе го направи останува да видиме.
Но, bottom line, додека е статус кво, Украина нема да влезе во НАТО, а Русија нема да мрдне да смени нешто. Ти реков за да влезат во НАТО имаат 2 опции:
1. Да се откажат од Крим и Донбас.
2. Да си ги повратат териториите.
Па нека повелат
А 5-6 години ќе поминат многу брзо и неосетно. Па ќе го напраиме пак муабетот, како што го праиме сега после 7 години од Мајдан.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.