Аха, значи главниот проблем е што им треба 1000 години да се разградат и микропластиката иако се троши четири пати помалце енергија за нивно производство за разлика од хартиените кеси и не се сечат десетици милиони дрва годишно.
Па зашто тогаш едноставно не се фокусираме да завршат во отпад, да ги рециклираме и да не дозволиме сељаци да ги фрлат на улица/во природа? Или ако веќе толку биле штетни, зошто не ги забраниме тотално наместо да бидат 15 денари?
Меркава за пластичните кеси (освен полнење буџет) е само дефокусирање од вистинските проблеми што не трујат, ни го земаат здравјето и ја уништуваат природата + животинскиот свет. Идиотско е да се трошат време и зборови на пластични кеси наместо да ги решаваме проблемите што се навистина штетни.