Заедничко живеење

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.630
Поени од реакции
4.929
Би сакал да чујам мислење претежно од машката популација зошто 90% од времето ние се соочуваме со вакви проблеми. Ситуацијата е малце осетлива,но ќе бидам краток во објаснувањето и ќе ви звучи можеби малце пластично..

Долга врска, одлично функционира од сите аспекти, дефинитивно води кон брак.
Следен чекор е заедничко живеење и да се удомиме конечно.Има услови за заедничко живеење,кај мене дома, но не се реализира од една причина мајка ми vs свекрва(баба ми).

Куќа на два спрата,доволно големи и потполно функционални со сите услови, на едниот спрат живее сама баба ми, на другиот останатите(татко, мајка, сестра и јас).

Приморан сум да барам алтернатива бидејќи не наидувам на разбирање од мајка ми, до некаде нејзино/нивно право, пред се оправдано зошто во младоста баба ми доста трауми и има нанесено зошто првично живееле заедно и не е способна во постари години да поминува низ истото.

Тука колатерална штета сум јас. Мајка ми нема проблем да живее со нас, но има проблем да живее со баба ми.Да напоменам дека до сега мајка ми си ги обавува сите човечки услови према баба ми, т.е. ја гледа и пази повеќе од родената ќерка, нега добива 24/7 зошто мајка ми епензионерка и е цело време дома.
Јас не можам да дозволам на еден спрат да живее сама жена, а на другиот да се гужваме пет души..кога веќе има физички услови..нема логика.
Татко ми нема проблем да живеат со баба ми и да ни отстапат еден спрат ама тоа е зошто он не треба да ја "тинтра" баба ми , цел терет паѓа на мајка ми за таа работа и нормално е до негде..

Од друга страна страда и девојка ми, има разбирање за ситуацијата, ама веќе ни влијае на врската поготово зголемениот обем на работа/обврски, сето тоа си зема данок на нашето гледање/дружење и осеќам дека е време да прејдеме на следниот чекор.

Една варијанта е да идеме привремено под кирија(додека природата си го направи своето,да не ме сфатите погрешно :) ама е неизбежен дел тоа и ќе се случи ), што ми е тотално апсурдно и фрлени пари за џабе, при имање услови.

Втора работа да се купи стан кој ќе го плаќаме 30 години и тоа не ми свиѓа како варијанта воопшто.

Најидеална опција би ми било-странство. Имаме сериозни шанси/понуди за во странство,дали за печалба со девојчето, дали за стално живеење, ама кога го кажувам дома ова паѓаат у несвест и испаѓа дека сум бегал и сум ги оставал на цедило. Значи фамилијарните односи ни се сосем нормални, нема некои значителни проблеми освен тоа што сум колатерална штета во "битки" што не ме засегаат.

И ситуацијата е статус-кво, треба јас да пресечам, знам дека некој мора да настрада...ама тоа, сепак на прво место би го ставил заедничкиот живот со идната жена, баш би сакал да чујам мислење пред да се случи тоа.
Немој да си купил недвижнина мој совет живеј само под криија. Двајца за 250еур или 125евра месечно решен проблем. Продај кола или не купувај кола дај ги парите за кирија. Учи за лични финансии и инвестирање.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Еве и да се согласи мајка ти да живее со баба ти, кој ти гарантира дека за година/две нема женска ти да има проблеми со мајка ти?
Најубаво настрана верувај, од сите приказни што ги имам слушано за вакво заедничко живеење скоро сите завршиле со нарушени односи после некое време и во краен случај иселување на помладите. Нема нишо лошо во кирија/купување сопствен стан, возрасни сте. Мирот што ќе го добиеш не се споредува со ништо. :D
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Ако има некој да додаде уште нешто, слободно.
Слободно купи си стан, кредит ли, ќе пљачкаш ли банка, што и да е твој избор!
Како прво инвестиција која не губи, второ немој да мислиш дека не те манипулираат, те дупат твоите и тоа здраво! Ако сте на цврста основа со девојчето(неестата де), напрај си план и муабет со неа и кога ќе решите само соопштете им го решението на твоите, по можност со порака. Оти ако идете во живо, ќе ве изманипулираат 100%.
Има уште едно, при правењето на план и програма може да се случи девојка ти да ја вклучи опцијата нејзините да се вклучат во решавањето на станбеното прашање, НИКАКО, заборави на таа верзија, иста манипулација ќе испадне како и со твоите!
Искрено, како на сопаталец ти кажувам, ако сте согласни и имате понуда од странство, одете. Остајте ги пензионерите да си бараат жртви.....
П.С. Рефусот е делумно во право и кирија е некое решение, само пак ќе бидете дивеч за одстрел на манипулантите" ete plakate po 300+ evra kirija, a vamu kukjata zjae prazna"
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Еве и да се согласи мајка ти да живее со баба ти, кој ти гарантира дека за година/две нема женска ти да има проблеми со мајка ти?
Па добро, ќе живеат на различни спратови, може нема да има многу мешање. Или тогаш бабата ќе биде најмалиот проблем. :D
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... моментално проблемот ќе го решиш со привремено сместување со вереницата кај баба ти на прв спрат, како што читам ти немаш проблем со неа, ако оди оди, ако не тогаш пак ќе размислиш за други опции, однапред што како не можеш да предвидиш, можеби со бабата ќе имате слога ако знаете да се организирате, за разлика од искуствата на другите, без да пробате џабе муабети !
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
... моментално проблемот ќе го решиш со привремено сместување со вереницата кај баба ти на прв спрат, ако оди оди, ако не тогаш пак ќе размислиш за други опции, однапред што како не можеш да предвидиш, можеби со бабата ќе имате слога ако знаете да се организирате, за разлика од искуствата на другите!
Така е, нека почнат со грижа за стара особа и нејзина нега при почеток на заедничко живеење ко млад пар. Ако тоа го издржат, нема што може да ги покоси после.
:pos:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Така е, нека почнат со грижа за стара особа и нејзина нега при почеток на заедничко живеење ко млад пар. Ако тоа го издржат, нема што може да ги покоси после.
:pos:
колку што разбрав на располгање имат цел спрат, а не да делат соба!
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.630
Поени од реакции
4.929
Слободно купи си стан, кредит ли, ќе пљачкаш ли банка, што и да е твој избор!
Како прво инвестиција која не губи, второ немој да мислиш дека не те манипулираат, те дупат твоите и тоа здраво! Ако сте на цврста основа со девојчето(неестата де), напрај си план и муабет со неа и кога ќе решите само соопштете им го решението на твоите, по можност со порака. Оти ако идете во живо, ќе ве изманипулираат 100%.
Има уште едно, при правењето на план и програма може да се случи девојка ти да ја вклучи опцијата нејзините да се вклучат во решавањето на станбеното прашање, НИКАКО, заборави на таа верзија, иста манипулација ќе испадне како и со твоите!
Искрено, како на сопаталец ти кажувам, ако сте согласни и имате понуда од странство, одете. Остајте ги пензионерите да си бараат жртви.....
П.С. Рефусот е делумно во право и кирија е некое решение, само пак ќе бидете дивеч за одстрел на манипулантите" ete plakate po 300+ evra kirija, a vamu kukjata zjae prazna"
Сега ќе љубомори на куќата. Нека си седи мајка му таму. Очигледно е од тие што гледаат турски серии и мислат дека се Агата или поглаварот на племето. Подобро 120-130 евра и мирна глава. Сигурно ќе им бара мајка им за одржување на куќата исто така толку пари.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Па добро, ќе живеат на различни спратови, може нема да има многу мешање. Или тогаш бабата ќе биде најмалиот проблем. :D
Абе за еден ручек не ќе може да се договорат не па за друго. Тек кога ќе дојдат деца…
Тој си го знае табиетот и на мајка му и на женска му, во ваква ситуација за мирен живот неминовно е барем една од нив да е флексибилна и да преќутува. Има и такви жени, има и такви свекрви.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Абе за еден ручек не ќе може да се договорат не па за друго. Тек кога ќе дојдат деца…
Тој си го знае табиетот и на мајка му и на женска му, во ваква ситуација за мирен живот неминовно е барем една од нив да е флексибилна и да преќутува. Има и такви жени, има и такви свекрви.
Нема жени што преќутуваат, било мајки било сопруги, не го лажете човекот!
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.630
Поени од реакции
4.929
Нема жени што преќутуваат, било мајки било сопруги, не го лажете човекот!
Старите генерации генерално се катастрофа ни се во турско ни се во 21 век. Подалеку од нив... може многу проблеми да има.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Старите генерации генерално се катастрофа ни се во турско ни се во 21 век. Подалеку од нив... може многу проблеми да има.
Јас истото го мислев кога мајка ми имаше конфликт со баба ми. После кога жена ми имаше конфликт со мајка ми, сватив дека проблемот е безвременски, нема врска стари млади генерации. Кога жена ти или девојка ти е сега не знам, дај боже да стане свекрва ќе биде иста како баба ти со мајка ти или како мајка ти со неа, тоа е некој паразит кој им ги јаде деловите од мозокот кои се задолжени за логично размислување на таа тема :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom