Нема некој генерички одговор, ама горе доле причините се исти кај сите што си имаме заминато.
Заминав затоа што живеам во главен град, а улицата со години е градилиште. Никнаа згради без никаков план. Улицата е раскопана и никој не планира да ја среди. Заминав затоа што на кој шалтер и да одам ме дупи некое искомплексирано говедо без соодветно образование затоа што е пикнат со врски и не му се работи. Затоа што за било што и да треба да завршам работа ми требаат врски. За здравство, за суд, за нормални секојдневни работи мораш врски да имаш. Затоа што кога мајка ми требаше итно да направи магнетна на државна, и закажаа термин за 3 МЕСЕЦИ. Кога и дојде терминот, и кажаа дека машината не работи да закаже повторно и да чека пак 3 месеци. Затоа што сите багабонти од средно и основно што беа хулигани станаа џандари и глумат шерифи низ град. Затоа што законите не се еднакви за сите. Јас ќе го јадам за најмала ситница, ама преку Вардар е дивиот запад.
Заминав затоа што да седнеш на кафе сам ќе те оговараат и ќе те направат будала. Затоа што секој се замара со твојот живот, а не си го гледаат сопствениот. Премногу љубомора, завист, оговарање, трачеви кој со кој е, зошто е, кај е, од кај толку пари, педер, наркоман ваков таков и милион муабети што не ме интересираат и не сакам да ги знам. Затоа што не сакам да бидам дел од општество што зависи од политичка партија. Ме боли кур и за едните и за другите, ама прва прилика кога ќе критикуваш одма те тагираат овој е со вмро или со сдсм.
Заминав затоа што не сакам да лежам во болница и да се плашам дали кабелот е океј. Не сакам да стравувам додека се возам со автобус. Образованието е сведено на минимум, здравството речиси и да не постои.
Не сакам да живеам во држава каде што лечиме луѓе со смс пораки. Ниту во држава што со години има проблем со загадениот воздуг, а одговорните упорно те убедуваат дека се е океј. Држава каде што луѓето сеуште се гадат од куче ако влезе во мол или автобус, држава каде што има преубава природа, ама не си ја пазиме и се уништува. Држава каде што со пари можеш да купиш т.е. уништиш се.
И не, не е секаде вака. Ниту во странство не е совршено и има вакви исклучоци, ама сепак тоа се исклучоци. Тука сум можеби граѓанин од втор ред, ама имам повеќе права отколку што имав во Македонија. Можам да одам на лекар и да завршам се што ми треба во рок од 1 ден, без гужви, без чекање и без мој термин. Можам да идам во било кое министерство и да завршам работа без да ми се понаша некој лингур со средно. Уствари и не морам, можам онлајн да извадам било каков документ. Можам да пратам дете во школо без да се плашам дали во автобус некој ќе го скрши од ќотек и дали ќе си дојде дома безбедно. Си живеам живот каде што никој не се замара со тебе ниту па те оговараат.
Сето ова на кантар од една стрна, од друга страна имаш фамилија, другари, социјализација, домашна храна, мајчин јазик и милион други убавини. Ама едната страна тежи повеќе, па затоа сум/сме заминале. Не секогаш парите се главен мотив, иако да многу значи и тоа. Од 1 плата плаќам кирија, сметки, приватно здравство за мене, приватно за мајка ми, штедам со тие пари и шетам каде сакам. Сум опремил стан од 0.
Во Македонија работев 5 години и не успеав ништо од ова погоре да направам без да правам планови од што да скратам месецов за да си приуштам еден викенд шетање.
На крај краева, индивидуално е до секој човек. На кој до што му е дојдено и каков живот сака. Мене парите не ми се главниот мотив, и ниту 4к плата би ме вратила во Македонија. А, дека е тешко во странство да си далеку од фамилија и другари, и те како е...