Историската улога на жената во религиите

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Да, критики. Имаш проблем, не треба критики? Не смее христијанството никој да го критикува? Или погрешно се критикува?
Каде е жената во старите религии и храмовите? Во длабока сенка, како и во животот...
Не сум јас така одредил, вие тоа го барате од жените...

Не постои наше јас, не сме ние стадо, догма... Па да дадеме како жената во животот и со божественото.
Најосновен патоказ е: исто како мажот. Толку.
Ако жената смета дека е неспособна, нека биде по нејзина волја :love:
Автоматски споено мислење:

Toa Gospod ke odluci.
Одлично. Да не е само свештеници. Тие ја наместија жената да "има" историја во религиите...

Зборувам за ислам и христијанство. Не сум запознаен со пагански религии....
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Или погрешно се критикува?
Апсолутно, од некомпетентни и неписмени ликови, таквите треба да учат и да бидат културни, ако се искрени и сакаат да разберат.
На секоја Христијанска тема истото го правите, тебе посебно ти нагласив дека како модератор ја имаш таа одговорност и да бидеш пример особено за меѓурелигиски теми.

Не постои наше јас, не сме ние стадо, догма... Па да дадеме како жената во животот и со божественото.
Па од каде дрскоста Христијаните да ги критикуваш, и жените да ги учиш што да прават, кога сам велиш сте безлични и незнаете? :misticen:
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.439
Господ, жената конкретно Богородица ја постави по чест над ангелите, ,,Почесна од Херувимите и пославна од Серафимите..., бидејќи преку неа Бог се овоплоти...
Христос прецизно ја дефинира еднаквоста дека пред Бог нема ниту машко ниту женско..., во Христијанскиот брак мажот и жената се ,,едно" во Бог без никаква субординација, Источното римско Христијанско царство, Византија и Русија на чело на империјата имало жени без никакви предрасуди.... итн.итн.
Историски, жената вистински слободата и рамноправноста ја добива токму со Христијанството.
А, оти досега немало ниту една жена поставена за владика?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Ти постојано за сите велиш дека не знаат и дека се безлични. Што нели, ептен е во ред, културно, на ниво на еден христијанин... ваков пример, тешко се наоѓа.

Да бидеме културни бараш? Кога ќе се научиш да си ги држиш мислите зауздани а не да ми проповедаш и да ми се однесуваш како пастир тука, не сме во дворот на црквата, форум е ова... колку даваш толку добиваш култура.

Дрскост е за тебе бидејќи не си научен да те критикуваат, заблуден си дека си постојано во право, постојано ти го имаш правото да критикуваш.
Заборави на тоа... друго време е или не излегувај од меурот во кој си затворен.

АКо ти смета што критикуваме дека жената ја нема никаде во старите религии, постојано зад мажот, неспособна да биде свештеничка - тоа е твој проблем и на вашите хиерархии. И не сте само вие, тука под рака можете да го фатите и исламот и да ни докажете каде жената е царица, божица, свештеничка, рамо до рамо со мажот. Не може да најдете оправдување, можете само да ставате цветчиња на јаремот како што реков и да не убедувате дека „со божја промисла“ старците ги оправија жените во минатото, а од петни жили и сега се обидуваат...

НО мислам дека нема да дозволи жената тоа, а ниту мажите кои ги поддржуваат :)

П.С. Внимавај со офтопици, да не биде ете модераторот брише бидејќи не му се допаѓа кажаното. :)
Знам дека ѓаволски играш, па да не биде дека не ти е предвидена иднината и како би играл.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
А, оти досега немало ниту една жена поставена за владика?
Владиката, Епископот, веќе кажував претходно кого изобразува во Литургијата, тој е икона Христова, Христос, Кој пак го претставува првиот човек Адам од кого е создадена жената, Ева.
Во Адам сме содржани сите ние како човештво, но заради падот во грев тоа го превзема Синот Божји, Исус Христос.

Христос на Тајната вечера ги избра апостолите како мажи, а епископите се нивни наследници и бидејќи го иконизираат Христос од таа практична причина епископите се мажи, меѓутоа како што објаснив Литургијата не ја водат ниту мажите ниту жените, туку Самиот Господ.

Додека мажите и жените се Народот Божји, како што јасно кажува Апостолот Петар тие се Царско свештенство т.е. и мажите и жените се свештеници.

Исто така скролај погоре, кажав дека женскиот ентитет преку Богородица има чест над самите ангели и тоа највисоките ангелски чинови.

Божјата промисла е сеопфатна, не се грижите непотребно дали некој е поважен или не, треба да се има доверба во Божјата Љубов, дека сите еднакво не сака секако различно и специфично според нашите лични релации, кои се различни колку што не има создадено, и убавината е токму во таа разноликост. За ова зборува и св. Максим исповедник за Литургијата како Космолошки феномен и ноумен. :love:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.461
Господ, жената конкретно Богородица ја постави по чест над ангелите, ,,Почесна од Херувимите и пославна од Серафимите..., бидејќи преку неа Бог се овоплоти...
Христос прецизно ја дефинира еднаквоста дека пред Бог нема ниту машко ниту женско..., во Христијанскиот брак мажот и жената се ,,едно" во Бог без никаква субординација, Источното римско Христијанско царство, Византија и Русија на чело на империјата имало жени без никакви предрасуди.... итн.итн.
Историски, жената вистински слободата и рамноправноста ја добива токму со Христијанството.
Имало владетелки и во Англија/Британија и разни германички држави пред се Австрија (Марија Терезија) но тоа зависело од начинот на наследување на тронот.

Бидејќи не сум упатен во теологија не можам многу да зборувам за тој аспект, но колку-толку разбирам биологија па оттаму треба да се тргне ако сакаме да имаме јасна слика за улогата на жената низ последниве 5000 години.
Иако на прв поглед делува како да жените биле подјармени или дека не учестувале во јавниот или економски живот, треба да се знае дали имало воопшто можност за такво нешто?

Во време на ловците-собирачи, едно добри 210.000 години од постоењето на ХСС имаме релативно егалитаристички однос помеѓу мажи и жени условен од начинот на живот и еволутивните притисоци изразени во начинот на кој ХСС опстојувал и се размножувал.

Но со појавата на земјоделието и постојаните населби, на сцена стапуваат сосема нови потреби во економијата, нови начини на продуктивност, нови можности за прогрес.
Како жена би работела на пример на градење на огромните храмови или аквадукти или било што? Кој би вработил жена на такво место ако имал избор помеѓу жена и маж? Дали и самите жени би сакале да работат граџевина?
Сите ризични и физички захтевни работи биле и многу опасни. Ставањето на жени во такви ситуации би било бесмислено од еволутивна гледна точка.

Ќе напишам понатаму и за репресивниот морал и неговата улога во тогашните општества.

Денес работите се изменети од корен во секој поглед, сега сме во транзиционен период кој трае некои добри 50+ години и затоа многумина ја гледаат историјата како цртан филм како Ипсисимус на пример, во камено доба имале телевизори од камен :icon_lol:
Но во кој правец ќе оди некое општество пост-женската еманципација останува да се види. Медицинскиот прогрес, масовно достапната контрацепција, појавата на маса работни места за кои не треба физикус и
намалувањето на бројот на деца отвориле нови можности за жените, па до голем степен и за мажите.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Во време на ловците-собирачи, едно добри 210.000 години од постоењето на ХСС имаме релативно егалитаристички однос помеѓу мажи и жени условен од начинот на живот и еволутивните притисоци изразени во начинот на кој ХСС опстојувал и се размножувал.

Но со појавата на земјоделието и постојаните населби, на сцена стапуваат сосема нови потреби во економијата, нови начини на продуктивност, нови можности за прогрес.
Како жена би работела на пример на градење на огромните храмови или аквадукти или било што? Кој би вработил жена на такво место ако имал избор помеѓу жена и маж? Дали и самите жени би сакале да работат граџевина?
Сите ризични и физички захтевни работи биле и многу опасни. Ставањето на жени во такви ситуации би било бесмислено од еволутивна гледна точка.
Земјата не е толку стара, инаку Адам и Ева ќе немаат смисла, ниту „првобитниот грев“, а и ќе треба да бараме смисла за сите фосили дека се што знам, паднати анѓели :)

Зошто ако жената можела да се едуцира во тие времиња исто како мажот, зошто да не можела да дизајнира храмови, да црта или гравира? :)
Што би ја спречило? Мускулот на раката што го движи малиот прст?

Не мора да крева ко маж... ние зборуваме на способноста на жената во однос на мажот духовно и интелектуално! Биолошки секако сме различни, нормално има жени што сигурно може од мене и од тебе да кренат потешко... ним ќе им се смееме бидејќи се како мажи, нели...

Тука мора да има рамноправност - не знам како можеме да бараме оправдување од или преку боговите или да цитираме старци и мудреци кои сакаат вакво нешто и си мудруваме за да докажеме дека ете, тој другиот не е способен, така боговите сакаат... промисла или како и да е...
Мислам, навреда е тоа за жената, не знам како поминува денес ова како муабет...

Кај христијанството се отфрла секој женски принцип, тоа го знаеме. Разгледајте ги постарите учења и оние кои се паралелни со самото христијанство... Кај еврејската езотериска школа има тројство (замислете тоа), но тоа е комбинација од машко-женски принцип. Тука женскиот принцип оди како светиот дух, неодреден поларитет, неутрон да кажам. Кај муслиманите пак тоа тројство гледано од човечка перспектива е Едно, што е разбирливо ако пак се заморувате со еврејската езотериска мисла од која и двете религии црпеа мистицизам и симболика која, гледаме како заврши...

Не знам од каде, не знам зошто само мажи во христијанството и исламот... која е целта жената да не биде способна, а самата жена во немоќ да биде убедена дека навистина е така - не знам навистина. И не знам како може жена да прифати такво нешто.

Можеби пак тоа е јавно, а да постојат тајни организации христијански каде што жената Е свештеничка или во центарот на дервишкото вртење - кој да ти каже :)
 
А што е тоа "машки" и "женски принцип"?

Во минатото мажите не биле во некоја си предност. Архитекти и свештеници биле занемарлив, минорен процент од машката популација. Практично непостоечки. Најголемиот дел од мажите, едно добри 99,9% немале можност за образование ниту пак за истото имало побарувачка. Сите мажи биле рмбачи и еднакви на товарен добиток. Дури откако начините за производство започнале да бараат образуван кадар, пост-индустриска револуција, имаме поголемо ниво на образование кај мажи, од најосновно описменување до високошколувани кадри. Жените "доцнат" најмногу две генерации во тој поглед на запад и исток, освен кај некои земји со мухамеданско население кои се управувани од death cult наречен вахабизам или салафизам.
Но тука веќе влегуваме во водите на меѓународната политика и како и зошто во 2021 година сеуште имаме земји како Сауди Арабија и зошто една таква држава не е подложена на притисок, санкции, ембарга туку напротив делува како света крава во меѓународниот поредок.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.439
Владиката, Епископот, веќе кажував претходно кого изобразува во Литургијата, тој е икона Христова, Христос, Кој пак го претставува првиот човек Адам од кого е создадена жената, Ева.
Во Адам сме содржани сите ние како човештво, но заради падот во грев тоа го превзема Синот Божји, Исус Христос.

Христос на Тајната вечера ги избра апостолите како мажи, а епископите се нивни наследници и бидејќи го иконизираат Христос од таа практична причина епископите се мажи, меѓутоа како што објаснив Литургијата не ја водат ниту мажите ниту жените, туку Самиот Господ.

Додека мажите и жените се Народот Божји, како што јасно кажува Апостолот Петар тие се Царско свештенство т.е. и мажите и жените се свештеници.

Исто така скролај погоре, кажав дека женскиот ентитет преку Богородица има чест над самите ангели и тоа највисоките ангелски чинови.

Божјата промисла е сеопфатна, не се грижите непотребно дали некој е поважен или не, треба да се има доверба во Божјата Љубов, дека сите еднакво не сака секако различно и специфично според нашите лични релации, кои се различни колку што не има создадено, и убавината е токму во таа разноликост. За ова зборува и св. Максим исповедник за Литургијата како Космолошки феномен и ноумен. :love:
Аха, значи од практична причина е тоа? Нема некоја изричита наредба или правило по светите книги?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.427
Поени од реакции
11.256
Историски гледано да! Жените независно од религијата и те како биле инфериорни, во подредена позиција и покорни на мажите, но во 21 ви век, не би требало религијата да биде пречка за тоа.

Всушност, догмите и стравовите се оние кои отсекогаш ги кочат и блокираат прогресивните ставови и новите идеи. Борбата со нив е предизвик, а неуспехот речиси секогаш резултира со осуда.

Кај мене постои дистинкција помеѓу верник и религиски фанатик. Значи, проблемот не го гледам во религијата и не мислам дека е кочница кога е во прашање еднаквоста на жените, туку проблемот го гледам во интерпретирањето (толкувања кои ја поддржуваат сегрегацијата на општеството по родова линија) на светите текстови.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Аха, значи од практична причина е тоа? Нема некоја изричита наредба или правило по светите книги?
И од практична и догматска и литургичка од секој аспект, Бог нема предрасуди во однос на еднаквоста, подреденоста... меѓу мажот и жената, бидејќи Тој е Креатор и нема зошто и кому да противречи.
Црковното, канонско право се темели на Бог и Божјото откровение, на претходно кажаново. Тоа е тоа.
Автоматски споено мислење:

Кај христијанството се отфрла секој женски принцип, тоа го знаеме.

Можеби пак тоа е јавно, а да постојат тајни организации христијански каде што жената Е свештеничка или во центарот на дервишкото вртење - кој да ти каже :)
Ова е спротивно на Библиската, Црковна аргументација, како старокомпонирана [мод уредување] конструкција во телемитско руво, кажав веќе неклоку пати кое е достоинството и афирмацијата на жената, и како човек и како жена.
Жената е свештеник како и мажот!
Читај што пишувам од Христијански аспект, како претставник и компетентен, ти тоа не си.
После ќе се лутиш кога те разобличувам како незналец и клеветник... :)
 
Последно уредено од модератор:
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.439
И од практична и догматска и литургичка од секој аспект, Бог нема предрасуди во однос на еднаквоста, подреденоста... меѓу мажот и жената, бидејќи Тој е Креатор и нема зошто и кому да противречи.
Црковното, канонско право се темели на Бог и Божјото откровение, на претходно кажаново. Тоа е тоа.
Ако е така, дали тогаш може на следните црковни избори жена да биде поставена на местото на господин господин Стефан?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Иако на прв поглед делува како да жените биле подјармени или дека не учестувале во јавниот или економски живот, треба да се знае дали имало воопшто можност за такво нешто?
Во Христијанството е јасно поставено од создавањето на жената и нејзиното место во Царството Божјо, Вечноста, како човек, свештеник, бог по благодат... :love:

Историската еманципација на жената во општеството, како процес во историското време и тоа како е во овој контекст, Црквата максимално се труди постојано нејзиното Божјо назначение да го афирмира и постави според Божјиот концепт кој што го наведов.
Автоматски споено мислење:

Ако е така, дали тогаш може на следните црковни избори жена да биде поставена на местото на господин господин Стефан?
Како што ти кажав претходно во однос на Божјиот план за создавање и назначување на човекот би било бесмислено.
Ниту Стефан ниту Стефанија во суштина не се владици, Владика е Христос, тоа првично требаше да биде Адам кој заедно со Ева требаше да ја остварат заедницата човек со Бог, но ја знаеме историјата на неуспехот, кој Христос како Богочовек го оствари, успеа да го реализира во полнота, целосно.

Во историјата додека не дојде Исус Христос повторно, владика, свештеник е мажот бидејќи Христос како Човек бил маж како Адам, оттаму логично и природно се изразува Црковната организација клирот како треба да изгледа, инаку во клирот има и ѓаконици-жени, псалти-жени, во манастирите монахињи...

Владиката во Црквата по организација не е поважен, побитен од мажот, жената, децата, имотниот, просјакот, лаикот... ме разбираш?

Црковното уредување е Божјо уредување кое, е, и ќе биде во Вечноста, не треба да гледаш преку релативна, демократска, хуманистичка, феминистичка, шовинистичка, фашитичка..., или било која човчека идеја, бидејќи репер и единствено релевантана е Божјата идеја, план за постоењето на човекот. :) :love:
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Читај што пишувам од Христијански аспект, како претставник и компетентен, ти тоа не си.
После ќе се лутиш кога те разобличувам како незналец и клеветник... :)
Лажеш од христијански аспект намерно или манипулираш.... И нема оправдување за тоа што жената е таму каде што е заради толкувачите...
Ниту била ниту ќе биде свештеничка!
Во еврејските учења е поставено било какво создавање кое вие го толкувате како сакате... не е тоа „во христијанството“.

Жената не е свештеничка во храмот - не била ниту ќе биде! Не било богоугодно тоа... Доста лаги и измислување и клеветење на другите за да ти ми докажеш дека жената е исто со мажот во духовен аспект.
Вие луѓето не ги ставате на исто рамниште во однос на свештенството, не пак жената...

ОВа како муслиман да ми расправа како на жената и е ок во исламот... уште тоа чекам да прочитам тука.

Жената нема историска улога во христијанството и исламот. Освен грст жени кои ги прогласија за маченици и сега се светици... тоа е ништо во однос на жената и божественото.
Автоматски споено мислење:

Црковното уредување е Божјо уредување кое, е, и ќе биде во Вечноста, не треба да гледаш преку релативна, демократска, хуманистичка, феминистичка, шовинистичка, фашитичка..., или било која човчека идеја, бидејќи репер и единствено релевантана е Божјата идеја, план за постоењето на човекот. :) :love:
Ти не знаеш за никаков план, освен дека не сакаш демократија, хуманизам и феминизам. :)
Ти го знаеш божјиот план? Не ти е дадено тоа... не може да се повикуваш на божествени планови и да кратиш некој да не гледа преку демократски и хуманистички идеи... па и фашистички, како што гледам ги има тука. Од тука се маките со жените...

Или да признаеме дека сите сме дел од боговите и имаме видение за дел од тие планови :)
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Аха, значи од практична причина е тоа? Нема некоја изричита наредба или правило по светите книги?
Има изричита наредба - 1Тимотеј 2:
11.Жената да се учи во тишина и во секаква покорност!
12.А на жената не и дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom