Земјата не е толку стара, инаку Адам и Ева ќе немаат смисла, ниту „првобитниот грев“, а и ќе треба да бараме смисла за сите фосили дека се што знам, паднати анѓели
Зошто ако жената можела да се едуцира во тие времиња исто како мажот, зошто да не можела да дизајнира храмови, да црта или гравира?
Што би ја спречило? Мускулот на раката што го движи малиот прст?
Не мора да крева ко маж... ние зборуваме на способноста на жената во однос на мажот духовно и интелектуално! Биолошки секако сме различни, нормално има жени што сигурно може од мене и од тебе да кренат потешко... ним ќе им се смееме бидејќи се како мажи, нели...
Тука мора да има рамноправност - не знам како можеме да бараме оправдување од или преку боговите или да цитираме старци и мудреци кои сакаат вакво нешто и си мудруваме за да докажеме дека ете, тој другиот не е способен, така боговите сакаат... промисла или како и да е...
Мислам, навреда е тоа за жената, не знам како поминува денес ова како муабет...
Кај христијанството се отфрла секој женски принцип, тоа го знаеме. Разгледајте ги постарите учења и оние кои се паралелни со самото христијанство... Кај еврејската езотериска школа има тројство (замислете тоа), но тоа е комбинација од машко-женски принцип. Тука женскиот принцип оди како светиот дух, неодреден поларитет, неутрон да кажам. Кај муслиманите пак тоа тројство гледано од човечка перспектива е Едно, што е разбирливо ако пак се заморувате со еврејската езотериска мисла од која и двете религии црпеа мистицизам и симболика која, гледаме како заврши...
Не знам од каде, не знам зошто само мажи во христијанството и исламот... која е целта жената да не биде способна, а самата жена во немоќ да биде убедена дека навистина е така - не знам навистина. И не знам како може жена да прифати такво нешто.
Можеби пак тоа е јавно, а да постојат тајни организации христијански каде што жената Е свештеничка или во центарот на дервишкото вртење - кој да ти каже