Историската улога на жената во религиите

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.461
Бидејќи извесни членови постојано одат оф-топик на една тема, ќе се обидам да им помогнам со отварање на нова тема каде што би можеле да коментираат он-топик околу улогата на жената во светските религии, секако со главен акцент врз Христијанството кое поради некоја причина го сметаат за ултимативно зло и алатка за подјармување на жените.

Аврамските религии се најголемото зло што го снашло човештвото
Дали тие нивни тези држат вода?
Дали и кои религии навистина се опресирачки врз жените?
 
J

joli1

Гостин
Како некој кој што порано бил милитантски атеист, вакви коментари се секојдневие во такви кругови.

Глумење познавање од религија и пикирање на одредени версови кои што им одговараат се со цел за да излезат во право. Христијанството е најчесто таргет на вакви луѓе, луѓе кои што за други религии не смеат да отворат уста.

Сметам дека човек треба да има поседува одредена зрелост и желба за духовност за да може да сфати било која религија, вклучувајќи ги и Аврамските религии.

Иначе у врска со темата, жените никогаш не биле послободни отколку сега, а и никогаш понесреќни.

Новите бранови на феминизмот, губењето на духовноста, одалечувањето на жените од религиите, избегавање и менување на општествените улоги се покажа детриментално за жената.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.125
Поени од реакции
30.208
Колосјани 3:18
Жени, покорувајте им се на вашите сопрузи, како што им прилега на Господови следбенички.

Колосјани 3:19
Мажи, сакајте си ги вашите сопруги. Не однесувајте се грубо спрема нив.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.735
Поени од реакции
4.485
Мислам дека е факт дека во повеќето религии жената има/имала подредена улога. Дали денес жената е посреќна со тие права што ги има е друг муабет.

П.С Не сметам дека религиите се ултимативно зло ама и не мислам дека модерните вредности треба да се базираат на „мудрости“ од праисториски луѓе.

Сите луѓе треба да имаат колку што е можно повеќе еднакви можности. Ова во превод значи и жените и мажите треба да бидат еднакви пред законот. Жената треба да има можност да биде астронаут или физичар, а дали ќе одбере тоа или ќе реши да биде учителка или медицинска сестра е друг муабет.

Факт е дека илјадници години жените не биле еднакви пред законот во главно поради доминацијата на религискиот закон.

Денес во некои од муслиманските земји сеуште имаш ситуација каде ако жена биде силувана треба 4-ца мажи да потврдат пред суд, до вчера во С.Арабија жените не смееја да возат и ред други рестрикции кои можеби немаат историско потекло ама религијата се користи како изговор за дискриминација.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Христијанството кое поради некоја причина го сметаат за ултимативно зло и алатка за подјармување на жените.
Господ, жената конкретно Богородица ја постави по чест над ангелите, ,,Почесна од Херувимите и пославна од Серафимите..., бидејќи преку неа Бог се овоплоти...
Христос прецизно ја дефинира еднаквоста дека пред Бог нема ниту машко ниту женско..., во Христијанскиот брак мажот и жената се ,,едно" во Бог без никаква субординација, Источното римско Христијанско царство, Византија и Русија на чело на империјата имало жени без никакви предрасуди.... итн.итн.
Историски, жената вистински слободата и рамноправноста ја добива токму со Христијанството.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.478
Поени од реакции
4.308

Против аргумент е дека кинезите биле владеени од баби и мајки одвреме навреме(empress dowager) . Исто племенски матријархат
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.120
Во кои од старите религии, кои денес се уште се тепаат наоколу за бројност, жената може/ла да е/биде свештеничка?

А во кои учења жената била исто пред божественото како и мажот?

Лесно е цитати, богот рекол, ама наследниците партали направиле....

Повелете жени на жешкото столче и објаснете ми
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.107
Поени од реакции
10.138

Ме потсети на книгата Папата Јована....боже што плачење удрив додека ја читав...такво понижување на женско дете не сум верувала дека постоело.:(
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.120
Ме потсети на книгата Папата Јована....боже што плачење удрив додека ја читав...такво понижување на женско дете не сум верувала дека постоело.:(
Тоа се романи. Јас прашувам што мислите вие жените зошто да не може да бидете свештенички на највисокото?
А мажот може, така било не знам каде запишано... и протолкувано од свети отци, од мажи... во однос на жената.

Тоа што денес жената е слободна и веднаш споредувате како не е среќна, не е ваква - запознавајте среќни и слободни жени, бидејќи ги има...
И престанете да мислите дека сте неспособни за било што духовно или умствено во однос на мажот!
Аман, само тоа престанете! :)
 
Од каде извади заклучок дека жените мислат дека се духовно и умствено неспособни во однос на мажите!?????
Тотално погрешно....а зошто се жените дискриминирани и постои хиерархија во црквите, интересно би било ти да го образложиш, бидејќи очигледно е дека така мислиш.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.120
Од каде извади заклучок дека жените мислат дека се духовно и умствено неспособни во однос на мажите!?????
Тотално погрешно....а зошто се жените дискриминирани и постои хиерархија во црквите, интересно би било ти да го образложиш, бидејќи очигледно е дека така мислиш.
Кај смеам, ќе скокнат поповите да ме убедуваат дека тоа било божја волја, како да има други богови ќе испадне работата, а не еден... Бидејќи некаде жените биле, се и ќе бидат свештенички по истата божја волја

Би сакал да е тотално погрешно од минатото па до сега

Жената е новата сила на новото време денес уште мажот од стариот еон се обидува или да не се разбуди од својот сон или да ја врати жената назад во нејзиниот кошмар.
Жената сепак ја има денес најголемата моќ: да избере по своја волја и да каже не...

Ќе ја оставиме да видиме како ќе го игра својот потег на шаховската табла наречена живот
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Тоа се романи. Јас прашувам што мислите вие жените зошто да не може да бидете свештенички на највисокото?
А мажот може, така било не знам каде запишано... и протолкувано од свети отци, од мажи... во однос на жената.

Тоа што денес жената е слободна и веднаш споредувате како не е среќна, не е ваква - запознавајте среќни и слободни жени, бидејќи ги има...
И престанете да мислите дека сте неспособни за било што духовно или умствено во однос на мажот!
Аман, само тоа престанете! :)
Историјата се повторува со змијски предлози на жената.:LOL:

4. Тогаш змијата ѝ рече на жената: „Не, вие нема да умрете!
5. Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло.” (1Мој. 3)

Од каде извади заклучок дека жените мислат дека се духовно и умствено неспособни во однос на мажите!?????
Тотално погрешно....а зошто се жените дискриминирани и постои хиерархија во црквите, интересно би било ти да го образложиш, бидејќи очигледно е дека така мислиш.
Само што после Богородица и жената ја има Христовата мудрост и искуство, и ѝ ја „смачкува“ главата на змијата.(y):)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.120
MIKI1 муабети ми се одбивни. Христијанско сатанизирање на секоја слобода за жената
Бу!

Жено, слободна си да правиш што ти е Волја, исто како и мажот.
Може да стоиш пред божественото и да обожаваш исто ко мажот...

Не го слушајте христијанинот и муслиманот кога зборуваат за божествената волја и жената, тие на вашиот јарем ставаат само цвеќиња за да ве залажат дека носите венец... Не паѓајте на таа стара лага ;)
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Бидејќи некаде жените биле, се и ќе бидат свештенички по истата божја волја
Бидејќи Библија не ја разбирате со другарчето @Ipsissimus да ви појаснам. :)

9. Но вие сте род избран, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени, за да ги возвестите совршенствата на Оној, Кој ве повикал од темнина во Својата чудна светлина;1.Петар 2.

Апостол Петар ви го објаснува свештеничкиот позив на човекот( мажот и жената) во догматска смисла која кореспондира со Литургиската, каде што хоризноталата на Крстот е човештвото без разлика на полов ентитет, раса, нација, сталеж..., е предводен од Епископот, Кој го иконизира Исус Христос, Кој сите нас не вознесува во вертикалата на Крстот во Самата Света Троица во Вечен живот.

Ова што го дава Бог на мажот и жената е крајната цел каде што биолошкиот, полов ентитет нема да важи.
34. Им одговори Исус и рече: „Синовите од овој век се женат и мажат;
35. но оние, што ќе се удостојат да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат,
36. и да умрат веќе не можат, оти се еднакви со ангелите и, бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји. (Лука 20.)
 
  • Хаха
Reactions: alf

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.120
1637444754380.png

Целата или Новиот завет? Има си свети отци и останати, ти си најмалку потребен да ми објаснуваш... каде така со егото? Ајде собери се...
Се мислев дали токму тебе ќе те прашам да ми ги објасниш евреите :)

Сонце... ќе распне луѓе само жената да ја убеди дека не може да биде свештеничка јер „свети отци“... ако има жени што ве слушаат и поддржуваат - браво.
Сигурно немаат познавање и искуство дека не се ништо помалку во однос на мажот, ама - ќе дојде и тоа, кроце... ако не денешната жена, идните ќерки - ќе знаат подобро... и ќе можат подобро и повеќе, исто ко мажот!

П.С. Ептен си еднаков со ангелите, се гледа ;)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom