После толку нагласување дека тоа се психопати и садисти што само бараат соодветна етикета што ќе предизвика ужас и страв кај луѓето, ти истресе дека немало никаква осуда за тие монструозности.... Тоа само ја потврдува мојата констатација дека си манипулатор.
Но она што го правиш се вика релативизирање. Преку твоето инсистирање дека сатанистите кои извршиле стравични злостори уствари и не се сатанисти (no true scotsman) па се до муабетот дека и христијаните убивале. За тоа бараш извинување? За тоа што потенцирам дека релативизираш ужасни настани?
Какво црно релативизирање бре човек?! Поентата е да си ги увидиш двојните стандарди, ама или несакаш или неможеш! Бидејќи ти самиот како критериум за припадност го наведе исклучиво самодекларирањето! А никако да ти текне дека еден куп христијански цркви не признаваат други христијански цркви? Зошто го избегнуваш одговорот на прашањето - Зошто е потребно една црква да биде признаена од другите ако самодекларирањето е реперот за тоа што си? Ем шуто ем боде е твојов случај, до гуша у двојни стандарди за скотсман аргумент ќе ми попува
Што би работела една жена пред 300 години можеме да нагаѓаме. Кои тоа работни места биле на располагање во тие времиња а кои би можела да ги врши женска особа? Ајде да видиме пример каде и како Христијанството го кочело развојот на жените.
Немало "ставање на жената во инфериорна положба" туку положбата на жените била условена од био-еволуциски причини.
Жените биле во далеку подобра позиција пред појавата на христијанството, можеле да подучуваат, да имаат власт, да се образуваат, да тргуваат. Мрачната ера на христијанската догма ја деградира до максимум жената, наметнувајќи и ирационална колективна вина за ,,првобитниот грев" ставајќи ја во потчинета положба во однос на мажите. Ловот на вештерки е само еден пример од погрозоморните злосторства над жените, каде стотици илјади жени биле живи запалени под обвинение дека се вештерки или неморални. Вашите вери итекако се кочница за напредокот на човештвото.
Па да не беа некои процеси познати во историјата како ренесанса, каде теократијата ја изгуби власта над човештвото, најверојатно сеуште ќе се палеа луѓе на клада за ерес. Аврамските религии се најголемото зло што го снашло човештвото, за среќа нивното време е поминато и се што останува се вакви смешни и бедни обиди да се игра на картата на стравот, да се прикаже ,,опасноста" од имагинарниот непријател.

Велат ако баба лаже, рог нелаже. Ова не се однесуваше ли за мене:
После толку нагласување дека тоа се психопати и садисти што само бараат соодветна етикета што ќе предизвика ужас и страв кај луѓето, ти истресе дека немало никаква осуда за тие монструозности.... Тоа само ја потврдува мојата констатација дека си манипулатор.
Какво црно релативизирање бре човек?! Поентата е да си ги увидиш двојните стандарди, ама или несакаш или неможеш! Бидејќи ти самиот како критериум за припадност го наведе исклучиво самодекларирањето! А никако да ти текне дека еден куп христијански цркви не признаваат други христијански цркви? Зошто го избегнуваш одговорот на прашањето - Зошто е потребно една црква да биде признаена од другите ако самодекларирањето е реперот за тоа што си? Ем шуто ем боде е твојов случај, до гуша у двојни стандарди за скотсман аргумент ќе ми попува
Жените биле во далеку подобра позиција пред појавата на христијанството, можеле да подучуваат, да имаат власт, да се образуваат, да тргуваат. Мрачната ера на христијанската догма ја деградира до максимум жената, наметнувајќи и ирационална колективна вина за ,,првобитниот грев" ставајќи ја во потчинета положба во однос на мажите. Ловот на вештерки е само еден пример од погрозоморните злосторства над жените, каде стотици илјади жени биле живи запалени под обвинение дека се вештерки или неморални. Вашите вери итекако се кочница за напредокот на човештвото.
Отворив тема каде што ќе бидете он-топик, пример не добивме одговор што би работела жената пред 3 века, кои тоа работни места биле на располагање во светот а кои би можела да ги работи женска особа, можам да набројам еден куп занимања од тие времиња кои биле сосема непогодни за учество на жени.
Да кажеме, ултрапопуларна професија била mercenary односно приватни војски кои сочинувале значаен дел од работната популација. Но тоа е само една од многуте.
За другото постојат теми во подфорум Религија а ако не постојат можеш да отвориш една и таму да се дискутира он-топик. Во тема за сатанизам не е место за муабети околу тоа која црква признава која или не. Навредите нека ти служат на чест. Ајде да беше тинејџер па и некако ама вака е тужно.
Да, да, знаеме дека констатира дека се работело за психопати и што ти ја знам, чисто колку да не испадне очигледно дека релативизираш на велико, одамна видени финти, слично прават и мухамеданците кои као осудуваат ама од друга страна ќе стават од орел нокти за да релативизираат постапки на други мухамеданци.
Сатанизмот настанува веднаш откако христијанството го зазема кормилото заедно споени со државата IV век. Реков веќе сатанизмот е реакција кон старите религии но не може да излезе од нивниот магепсан круг бидејќи тие симболи ги има таму, ако излезе - ќе постои во ништо и ќе црпи симболизам од ништо и ќе исчезне. Затоа и не ми се допаѓа сатанизмот без разлика дали е атеистички, со обожување сатани и ритуали - исто е, бесцелно.
Пак не даваш објаснување сорвемен сатанизам и што тоа значи тоа... ако постои сатанизмот одамна, по што се разликува сегашниот од тогашниот?
И во Англија палеа вештерки и беа обвинувани жени дека „правеле пакт со ѓаволот“, па сега наидуваме на вести дека сето тоа било погрешно, злоупотребувано за некакви си агенди... зошто Зло со голема буква? Нешто како спротивно од Бог што се користи?
Исто и Темпларите беа обвинувани за сатанисти па сега имаат „pardon“ дека не било така - но тогашните политички дејствувања добро оделе со тоа да биде некој обвинет и спален бидејќи е опасност по царчето и папата...
Лесно е да се зборува дека некој е зло, но не е мудро.
Злото е присутно било присутно и ќе биде присутно во човечкото постоење бидејќи луѓето се на различно ниво на разбирање на нештата. Најголемо зло е одење против својата волја и волјата на другиот од незнаење, неразбирање или чудната потреба за намерно наштетување на некој или нешто против нивна волја!
Ако е само заради вестите дадени во весници кои се достапни да ги читаме, тоа не го прави современ - само информацијата е нова. А и тие информации се од пред 10 години скоро... што не е ново, а нема инфо на пример за разрешени убиства зошто биле и како биле... дали забораваат или не е интересен исходот - тоа може да погодуваме ние кои ги читаме весниците.
Ок, веќе не те заморувам, гледам дека сакаш само да споделуваш вести од весници за убиства и во кои се зборува дека се сатанисти.
П.С. За жените и религиите, токму во подфорумот Религија веќе е зборувано за тоа низ годините, само ќе треба да разгледаш ако толку те интересира тоа...
Сатанизмот е само една од формите на инкарнација на злото, а тоа постои пред појавата на Христијанството. Не се знае кога точно поимот Сатанизам се појавува на сцена, можеби како таков е од релативно понов датум. Барем јас не успеав да најдам приближен датум до сега. Пошироко внимание има од 1966 наваму, што секако го става во категорија "современ".
Темата ја отворив делумно со цел да се дискутира околу природата на злото (иако тоа во некоја мера е надвор од моите интелектуални способности за жал, но има членови кои би можеле да придонесат) и да се прикажат делата на сатанистите кои за чудо се сосема непознати за пошироката публика. Иако се работи за едни од најсвирепите злочини во познатата историја, скоро никој не е запознат со нивните дела.
Не се работи за никаква фрустрација, ти и сличните на тебе сакате да ги замачкате апсурдите преку лукаво наметнување теза дека се работи за тематика која е комплексна и само упатени и стручни можат да ја разберат. Но таа теза паѓа на елементарна логика во моментот кога тврдите дека одредена случка, постапка или акт на некој библиски лик не е симболика туку буквалност. На пример божјиот суд или пеколот како место и начин за казнување, вие признавате дека не е никаква симболика туку буквално место како што е опишано. И тука ве руши елементарната логика, тука паѓаат во вода тврдењата дека е потребна интелектуална и академска анализа на текстовите. Или нешто е комплексно и треба да се толкува и декодира или е буквално, не може еднаш да биде едно, друг пат друго во зависност од потребата. А елементарната логика е јасна - Ако се потекнува од едно битие, тогаш и тоа што ова битие ќе го прогласи за погрешно и зло ќе потекнува или ќе биде допуштено од него. Со тоа таквото битие би си пресудило самото на себе дека не е сезнајно и семоќно а без тие атрибути не може да биде ни господ.
Теологијата апсолутно е комплексна наука, но е совладлива за оние кои сакаат да ја изучуваат и секако е потребен талент да се интерпретира квалификувано и соодветно за соодветен аудиториум...
Во случајов ти спаѓаш во аудиториум кој не сака ниту да слушне, уште помалку да разбере, научи..., уште повеќе апсурдно е од таква позиција на “глув“ слушател да теологизираш, фолираш знаење за нешто што немаш буквално квалификација, стручност преставувајќи се со единствена квалификација дека си “елементарно логичен“ (и тоа за метафизичка катергорија Бог, Кој пак е Надлогичен...), што е класичен постмодернистички “производ“ профил на лик карктеристично за нашево време, кај што вакви ликови све знаат, така ти можеш да оперираш, возиш авион, да ми предаваш теологија..., буквално сештоквалификуван.
Ваквата “фолирантска“ позиција, поставеност потекнува од твојата волја која Бог ти ја дал, и треба да ја разбереш, еве и кога те поучувам за нешто што не си учел, Бог сезнајно знае дека вака ќе се глупираш во времето овде пред сите нас, но то не е никаква грешка што те направил, бидејќи познанието е човечки capax infinitum категорија, која онтолошки, субстанционалистички, егзистенцијално е надмината и обезбедена со Божјата Љубов афирмативно на Сезнајноста.
Автоматски споено мислење:
Во прилог на твоето “теолошко глупирање“, неписменост ти го аргументирам веднаш штом те здогледам во секој нареден пост, едноставно не сакаш да се смириш и брукаш.
Во врска со робовите и небулозата дека христијанството допринело тоа да се укине, ќе ги постирам само овие стихови:
Ефесјаните 6:
5.Робови, слушајте ги вашите господари по тело со страв и трепет, во простота на своето срце, како Христа!
6.Не служете само пред очите, како оние кои им угодуваат на луѓето, туку како Христови служители, кои од сета душа ја извршуваат Божјата волја!
7.Служете доброволно како на Господа, а не на луѓе,
Добро ова со тестирањето Порано со светени води демек идеше работата, денес или нема светена вода или истата се користи по манастирите за магии и неротки да добиваат деца на волшебен, неприроден начин (далеку нели од божјата волја да нема некој деца) - чист сатанизам!
Ова е класична Литургиска, егзорцистичка формула при Крштевање, со која човекот слободно и разумно се одрекува од инфантилизам, глупирање, сатанизам пред Бог и луѓето. До толку треба да сте чуле, разбрале во животов...
Го претворивте форумов во катихеза за прво одделение.
Теологијата апсолутно е комплексна наука, но е совладлива за оние кои сакаат да ја изучуваат и секако е потребен талент да се интерпретира квалификувано и соодветно за соодветен аудиториум...
Во случајов ти спаѓаш во аудиториум кој не сака ниту да слушне, уште помалку да разбере, научи..., уште повеќе апсурдно е од таква позиција на “глув“ слушател да теологизираш, фолираш знаење за нешто што немаш буквално квалификација, стручност преставувајќи се со единствена квалификација дека си “елементарно логичен“ (и тоа за метафизичка катергорија Бог, Кој пак е Надлогичен...), што е класичен постмодернистички “производ“ профил на лик карктеристично за нашево време, кај што вакви ликови све знаат, така ти можеш да оперираш, возиш авион, да ми предаваш теологија..., буквално сештоквалификуван.
Ваквата “фолирантска“ позиција, поставеност потекнува од твојата волја која Бог ти ја дал, и треба да ја разбереш, еве и кога те поучувам за нешто што не си учел, Бог сезнајно знае дека вака ќе се глупираш во времето овде пред сите нас, но то не е никаква грешка што те направил, бидејќи познанието е човечки capax infinitum категорија, која онтолошки, субстанционалистички, егзистенцијално е надмината и обезбедена со Божјата Љубов афирмативно на Сезнајноста.
Автоматски споено мислење:
Во прилог на твоето “теолошко глупирање“, неписменост ти го аргументирам веднаш штом те здогледам во секој нареден пост, едноставно не сакаш да се смириш и брукаш.
Автоматски споено мислење:
Ова е класична Литургиска, егзорцистичка формула при Крштевање, со која човекот слободно и разумно се одрекува од инфантилизам, глупирање, сатанизам пред Бог и луѓето. До толку треба да сте чуле, разбрале во животов...
Го претворивте форумов во катихеза за прво одделение.
За да слушаш, треба да постои нешто да се слушне, за да бидеш глув, треба да постои нешто кое не се слуша. Ти нити си дал објаснување, нити си кажал, ниту си понудил аргумент. Се што ти правиш е продавање ветер и магла, и уште тврдиш дека јас сум тој што се глупира.
Ако злото има функција и намена, тогаш зошто поради него е предвиден суд, казни, огнени езера и слично? И секогаш, без исклучок, одговорот тука од ваша страна гласи - поради слободната волја. А тоа неброено пати досега е побиено како аргумент.
Ти си еден од најголемите манипуланти на форумов, но изгледа тоа е главниот атрибут за вашата ,,теологија"
Повеќе пати објаснив дека злото не постои само по себе, не е онтолошка категорија, за разлика од Доброто Кој е Самиот Бог, и во однос на Него не постои дуалистичко, опозиционо зло како апсолут, ова буквално се однесува на самиот сатанизам како извор на злото како чин, негирање на Божјата волја.
Созданието, човекот исто така може да го негира својот Креатор и да прави зло, кое е само ,,чин" на созданието и по автоматизам како чин на создание е само тоа, чин или акт, кој акт, чин, делување буквално не му може ништо на Креаторот, Бог.
Затоа треба да разбереш(дрво да беше до сега ќе разбереше, затоа те посоветував дека немаш дар за теологија)дека Бог сето она што го прави како санкција, забрана, казна не е зло, грешка..., Божја слабост(исто онака како што своето дете го воспитуваш, но неспоредливо се разбира со квалитетот на Божјата Љубов), туку педагогија на Љубовта, бидејќи ни дал вечно постоење и живот на кој треба позитивно, благодарно, исто така љубовно да одговориме, без разлика што сме се противеле на тоа правејќи било какво зло..., од проста причина што Божјата Љубов секогаш е краен Победник.
Пример:
"Serial killers in the United States If you’ve ever wondered how many serial killers are currently active in the United States, the answer is far from comforting. The FBI estimates that there are between 25 and 50 serial killers active at any given time."
Секој со сопствено убедување и оправдување за патолошкото дејствување а ете некои меѓу другото ја користат и христијанската идеја за сатана и сл.
Сите ужаси на психолошките настранувања мора некаде да имаат корен т.е. причина за таквата девијација и со тие општествени девијации треба сериозно да се зафатат луѓе упатени во тие социо - психолошко аналитички области.
А посебно треба да им бидат од интерес доколку има такви кои делуваат организирано. Ама полесно е да покажеш кон последицата отколку да се позанимаваш со изворите на причината.
Искрено мене тие што се декларирале как ,,сатанисти" отсекогаш ми биле смешни и тажни во исто време, несериозни и несозреани асоцијални интроверти очајни за внимание со потреба за некаква припадност некаде и прифаќање од некого што пак верувам дека можеби е последица на чувството на отфрленост (која може да биде од генетска предиспозиција до семејни дисфункции и комбинации на оверсензитивити во социјално агресивни средини и околности во почетоците на развојот на индивидуата) а таквите се лесни мети на сериозно болни и насилни психопати итн, итн...
Еве на пример ако не ве мрзи меѓу другите популарни забеготини прочитајте за животот и детството на Менсон.
П.С.
Мислам дека Сталин има кажано дека ,,смртта на на еден човек е трагедија додека на илјадници е статистика". Епа сега статистички повеќе луѓе биле измачувани, тепани, горени или убивани во име на христијанскиот и муслиманскиот Бог отколку во име на т.н. сатана.
Така да џабе се цепидлачите за тоа кој е повиновен или побогоугоден од кого, погрешното е погрешно без разлика кој будала го направил и на која идеја се повикал. Господ нека ни е на помош од болестите на духот и умот ...
Интересен беше случајот во Норвешка каде членови на дет-метал бенд вршеле зулуми вклучително и убиство, но пред се стотици сквернавења на цркви и гробишта.
Чудно е зошто некои настани добиваат медиумска покриеност а други, далеку потрагични не добиваат исто внимание.
Членовите на италијанскиот дет-метал бенд Бестие ди Сатана (кое име) во период од најмалку 7 години изршиле околу 18 ритуални убиства а биле осудени само за 3-4 масакрирани жртви за кои доказите биле најголеми. За воља на вистината сатанските бештии не палеле цркви и манастири по Италија туку се концентрирале на стравични убиства.
Повеќе пати објаснив дека злото не постои само по себе, не е онтолошка категорија, за разлика од Доброто Кој е Самиот Бог, и во однос на Него не постои дуалистичко, опозиционо зло како апсолут, ова буквално се однесува на самиот сатанизам како извор на злото како чин, негирање на Божјата волја.
Созданието, човекот исто така може да го негира својот Креатор и да прави зло, кое е само ,,чин" на созданието и по автоматизам како чин на создание е само тоа, чин или акт, кој акт, чин, делување буквално не му може ништо на Креаторот, Бог.
Затоа треба да разбереш(дрво да беше до сега ќе разбереше, затоа те посоветував дека немаш дар за теологија)дека Бог сето она што го прави како санкција, забрана, казна не е зло, грешка..., Божја слабост(исто онака како што своето дете го воспитуваш, но неспоредливо се разбира со квалитетот на Божјата Љубов), туку педагогија на Љубовта, бидејќи ни дал вечно постоење и живот на кој треба позитивно, благодарно, исто така љубовно да одговориме, без разлика што сме се противеле на тоа правејќи било какво зло..., од проста причина што Божјата Љубов секогаш е краен Победник.
Од една страна велиш нема зло, нема грешка, од друга страна казната и санкционирањето биле педагошка мерка?! За да делуваш педагошки, треба да постои нешто што згрешил оној кон кого е насочена таа педагошка мерка! Во спротивно зошто би постоела? Самото тоа што бие го прикажувате господ како судија, е показател дека од негова гледна точка постпи зло, бидејќи актот на судење е делење на нештата на соодветни и несоодветни, добри и зли, погрешни и исправни! Ако тоа не е дуалистички акт тогаш што е?
Теологијата ваша е само друго име за манипулација и заблуда, ништо повеќе.
In recent years, an increased activity of various sects, especially Satanist ones, has been observed in Poland. This is associated with an increase in the number of various crimes, including offences against life and health. The ideology of Satanism came to Poland in the early eighties of the...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.