Almeida
поет, мрачна сила, гад
- Член од
- 15 февруари 2015
- Мислења
- 7.563
- Поени од реакции
- 19.993
Аха, ок. Ќе ги продаваат на кого? После ваква реклама?Прашање на време е до кога ќе функционираат тука, голем дел верувам дека и ќе ги продаваат становите, особено ако не живеат, преголем трошок е одржувањето.
Лани се јавив кај еден што го издаваше под кирија, за стан од 50м2 ми бараше 350 евра кирија + уште ми го даваше како реклама делот дека само за 100 евра ќе сум имал одржување + греење/ладење
Не знам како им е решено, искрено.
Имам живеено во вакви згради, мислам и дека понапред во оваа тема или некоја од овој тип. Ниту одговара на нашиот менталитет, ниту има субјект способен да ја стопанисува, па макар и странски. Не ми е струка, но мислам дека некако овие системи се сегментирани по катови. Фората е што, не само што немаше празен стан во облакодерите во кои живеев, туку и едвај се наоѓаше да ти го изнајмат.
Претходно дискутиравме за станбените кредити, кои се тешки за враќање, со масивни камати, а од друга страна растењето на платите овде е инертно и никогаш не го следи растот на цените и трошоците за живот. Со едноставни зборови - си скрпил едвај пари за учество, плаќаш огромна месечна рата и еве вакви трошоци секој месец - нема резон. Ова е за луѓе со сериозна плата, кои овде се малку, а и тие што ја примаат веќе имаат релативно голем избор од локации за куќи - посебно нагласувам, пошо имаат многу поголем квалитет од овие кули и што е најбитно, во последно време, со геотермални пумпи, инвертери, овие месечни трошоци се сведени на минимум. Првичната инвестиција им е нешто повисока, но се враќа при експлоатација, за разлика од примеров со џевахир, каде месечно ти лијат пари, со голема опасност да порасне цена на струја и да треба ќумбе да запалиш за да се грееш.