Вакцина против сезонски грип (пандемиска вакцина)

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
...толкав текст што напишав и ти одговорив да секој лаик разбере, ти истото пак прашуваш за неполни 8 минути, ти воопшто не читаш што пишувам и што објаснувам, за сеир терање на друг подфорум, извини!
Во тој цел текст не си ставила ништо шо би го одговорило прашањето. Мене не ме интересира едно, дво или тривалентната вакцина. Сакам да знам оваа четиривалентната дали ја има поминато четвртата фаза на истражувања и колкава е ефикасноста на истата.

Не е комплицирано. Едниот дел од прашањето е да/не одговор. Другиот бројка проследена со знакот за проценти.
 
... фазите на четиривалентните вакцини се поминати до 2011год, надоврзувајќи се на тровалентната FluMist вакцина против сезонски грип со ефикасност од 83%, за да март 2012 год, FDA ја одобри давајќи лиценца за примена за сезона 2012-13, сега сме 2021 год за искуства со четиривалентните вакцини против сезонски грип, првично со формулација за имунизација и заштита од различни сезонски вируси
- influenza A(H1N1)
- influenza A(H3N2)
- influenza B вирус,
- друг influenza B вирус,

...доколку немаме проблем со имуниот систем ефектот зависи % од стрефнување на вирусот што циркулира со тој од што е изработена вакцината, ако не е ист тогаш % е безначен за ефектот на вакцина ако се стрефне вистински тогаш имаме целосна заштита и можеме да кажеме дека целосно не имунизира вакцината и нема да се инфицираме со тој сој на циркулирачки вирус!
... паушал ефектот што го кажуваат од некои си 35- 60% не држи ако не се објаснува вака,
 
Нема сезонски има само к****а,за владава има само к***д
 
Чекај бе бјонс, какви се овие вакцини зависат од "од стрефнување на вирусот"? Нели вакцините беа добри само ако даваа долгорочен, 100% имунитет и немаше кај нив трте-мрте.

Дај постави ја онаа сликана со вакцините и имунитетот шо го нудат, да не се мачам јас да ја барам...
 
Чекај бе бјонс, какви се овие вакцини зависат од "од стрефнување на вирусот"?
...точно како што реков, да беше активен Торлак за вакцини за локално производство со инактивирање на вируси кои циркулираат на Балкан, а не во САД и Јапонија ќе беше друга приказна на ефективност,
...јас не знам зашто не разбираш дека 4 ри валентната вакцина против сезонски грип за ова сезона од 4 ри инактивирани соеви вируси ќе биде 100% ефектна и ќе го имунизира вакцинираниот да не се инфицира и разболи ако дојде во допир со тие 4 соеви, ако дојде во допир со сосема друг сој за што не одговара формулата на сезонската вакцина ќе се инфицира и не ќе биде заштитен,
 
Чекај сеа, 100% ефективна за сите групи од популацијата? Она старост, коморбидитети и слични ствари нема да влијаат воопшто? Машала.

Него коа викаш ова за торлак ако произведувал вакцини само за "вируси кои циркулираат на Балкан,а не во САД и Јапонија ќе беше друга приказна на ефективност," мислиш дека ка над 100% ќе е ефективна вакцината или испод 100% ?

А, да не заборавам за оваа вакцина со селектирани Балкански соеви. Како ќе го сопреме преносот на остатокот од соевите кои циркулираат во Европа/Турција. Визи ќе им издаваме или?
 
J07BB02 influenza, inactivated, split virus or surface antigen за возрасни и деца постари од 3години 15 mcg / 0,5ml Суспензија за инјектирање наполнет инјекциски шприц х 0,5ml + игла

... 39 000 дози од четиривалентна вакцина против сезонски грип за Северна хемисфера и во МКД – за сезона 2021/2022 година за „Бесплатна вакцинација против грип за ризични групи,, би требало да бидат достапни за десет дена со што на крај на септември т.е почеток на октомври би требало да се одвива вакцинацијата, да со создавање на антитела за две недели, кај постарите за три недели, така да сите би биле подготвени т.е. имунизирани во ноември кога се очекува почетокот на сезонскиот грип,
 
ice_screenshot_20211020-201956.jpeg

... крајно време беше од 15ти октомври во МКД да се почне со вакцинацијата со вакцина против сезонски грип,

ice_screenshot_20211020-202027.jpeg

да после две недели да се има антитела кога ќе почне очекуваната епидемија или пандемија на сезонскиот вирус во Северна хемисфера,
 
...денес 05.11.2021 требаше сите вакцинирани со вакцина против сезонски грип за сезоната 2021/2022 да ја имаат веќе создадената антитела против четири сезонски вируси подготвени да му се спротистават на веќе присутниот сезонски грип, тоа би било најправилно и идеален тајминг,

...све вон тој термин не би било тоа што треба да биде, ама не и дека не може да се прими вакцина против сезонски грип во ноември, декември, јануари, ама тогаш е присутен вирусот, па и можен пик и тогаш би требало се додека не се создаде антитела вакцинираниот да биде во изолација дома, за да не би се инфицирал, па да испадне самата вакцина против сезонски грип повеќе да наштети отколку да има бенефит!

35:50 од видеото, тајминг на вакцинирање против сезонски грип, секоја област слично во Северна хемисфера (крај на септември и почеток на октомври), за да се имунизира вакцинираниот по 14 дена веќе раполага со создадената антитела, т.е. во ноември кога веќе е присутен циркулирачкито сезонски вирус!
 
ice_screenshot_20211109-195203.jpeg

...склучен договор за набавка на вакцини против сезонски грип 15.10.2021, а на овој датум веќе требаше да бидат вакцинирани сите ризични групи, ако се следи протокол на вакцинација и создавање на антитела за две недели пред да се појави и циркулира вирусот на сезонскиот грип, а тоа е веќе на крај на октомври и почеток на ноември, а вакцинацијата требаше да биде на крај на септември или почеток на октомври,

инаку CDC (The Centers for Disease Control and Prevention на САД)

препорака, како дополнително образложување дека вакцинирање против сезонски грип можело да биде во било кое време (а не само на крај на септември и почеток на октомври) туку можело за време на цел временски интервал на присутност на вирусот на сезонскиот грип, оправданост за и покасно вакцинирање, отколку воопшто да не се вакцинираат луѓето, што е новитет во начинот на имунизација пред да циркулира вирусот, човекот да биде имунизиран,

ice_screenshot_20211109-203939.jpeg

ако договорот е склучен 15.10.2021, а денес сме 09.11.2021 кај да е, после 15.11.2021 би требало да се достапни за едно недела, две!

П.С.
во спојлер се делови извадени од договорот за набавка за вакцината против сезонски грип за 2021/2022, со напомена дека процедурата е транспарентно истакната на страницата за Јавни набавки и секој може да има достапност и да ги прочита овие изнесени податоци,
ice_screenshot_20211109-194145.jpeg
ice_screenshot_20211109-194220.jpeg
ice_screenshot_20211109-194258.jpeg
ice_screenshot_20211109-194524.jpeg
ice_screenshot_20211109-194353.jpeg
ice_screenshot_20211109-194607.jpeg
ice_screenshot_20211109-194937.jpeg
ice_screenshot_20211109-195203.jpeg
ice_screenshot_20211109-195228.jpeg
ice_screenshot_20211109-195328.jpeg
ice_screenshot_20211109-195416.jpeg
ice_screenshot_20211109-195445.jpegice_screenshot_20211109-194631.jpeg
ice_screenshot_20211109-195619.jpegice_screenshot_20211109-195639.jpeg
 
Последно уредено:
... од понеделник 15.11.2021 би требало веќе да се дистрибуира сезонската вакцина против грип низ цела територија на МКД одредни 39 000 за возраст од две години нагоре + 1 000 од шест месеци возраст нагоре и тоа бесплатно според програмата на Министерство за здравство на најзагорзени категории како медицински персонал, постари лица, трудници,

...од комерцијалните количини на сезонска вакцина (11 000), во петок во Институт за јавно здравје и Здравствен дом се дадени 4000 вакцини против сезонски грип само за град Скопје за тие кои имаат желба да ја примат и ќе ја платат со сопствени средства (над 800ден), додека за другите градови, Битола како регионален центар ќе направи распределба на останатите 7000 низ сите градови (освен Скопје) останатите количини на сезонска вакцина за сите тие кои ќе си ја платат со сопствени средства,
 
Глупост. По штракнатата логика на ковид, ако некој е грипосан невакциниран може да го оптовари здравствениот систем. Или да пренесе на некој што е ризична група. Дали сите плаќаме за здравствено? Зашто некој мора да плати за да добие вакцина со која полесно ќе го помине грипот? А некој (најголем број) нема да имаат пристап до таа вакцина ни за пари, ни без пари.
 
... во прашање е и организираноста, во некои градови поради незаинтересираност за вакцинирање со сезонска вакцина ќе останат непотрошени и ќе ги фрлат, а на други места каде има заинтересирани да ја примат сезонската вакцина количините завршени и остануваат голем број невакцинирани, е па сега ...да не коментирам кој е крив!
... ќе рече некој, се прават списоци....се прават ама не се спроведуваат, само се запишуваат за секој случај, ама нема да се вакцинираат,е сега тука треба да стапи домаќинското работење, веднаш да се префрлат од едно место на друго, каде има потреба, ама никого не тангира тоа...карванот си врви, кој примил примил, кој не ...догодина ова време! :cool:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom