Може ли некој да објасни дали вака одат работите , доколку сте извлечени , која е највисоката цифра на CASE NUMBER за која може да се надевате дека ќе стигнете на ред, односно ќе добиете виза ? Најпрво добивате прв коверт (доколку сте добитник) т.е DS-260 формулар кој ви го праќаат од Америка. Колку месеци има рок за да се испрати назад DS-260 формуларот заклучно почнувајќи од денот на извлекувањето? Дали доколку DS-260 формуларот се испрати назад што покасно , може да ви се намалат шансите да добиете зелена карта или нема никаква врска , односно сѐ се базира на CASE NUMBER , само што ако пратите покасно и датумот за интервју ќе ви биде покасно ? Откако ќе се испрати тој формулар, потоа добивате втор коверт со датум за интервју и упатства кои документи треба да се припремат ( изводи, дипломи,лекарско , итн) преведени на англиски јазик и заверени од нотар, така ? (Интервјуата почнуваат некаде од Октомври месец до следната година до Септември ? ) Потоа го чекате датумот , одите со сите документи во Амбасада, и ако се е регуларно добивате виза , која има важност 6 месеци и доколку за овој рок не направите влез во Америка , тогаш ви пропаѓа. Прочитав и за l-134 мислам дека тоа беше за да имате спонзор , т.е некој кој е легално во Америка има солидни примања и гарантира за вас , т.е дека нема да бидете на терет на државата. Дали ова отприлика е целата процедура , ако знае некој , или некој кој веќе живее таму преку оваа лотарија нека сподели одговори , благодарам.
П.С интервјуата, лекарски прегледи , заверување и преведување на документи, и сето тоа е на ваш трошок.