Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150
Хорор филмови не обожавам, и нема сарказам, тоа е мое искрено признание за незнаење....и не се срамам :toe:
Не си ја читала библијата, посебно новиот завет? Таму се зборува за Исус, за доаѓање, за судење...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.155
Поени од реакции
10.154
Не си ја читала библијата, посебно новиот завет? Таму се зборува за Исус, за доаѓање, за судење...
Почната ми е оддамна, но не сум ја дочитала....можеби, некој ден, во пензија кога ќе одам....но ете корист од форумиве, барем нешто ќе научиме читајќи ве сите вас кои ја имате прочитано библијата по неколку пати .
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Кога би знаеле сите правилно да ја толкуваат редоследно таа приказна, нема да го замислуваат одма рајот....не ги знам тие скалила, незнам што се мисли со тоа огнено езеро, птици како јадат тела, а и језиво ми е за читање.
Ако не ти е тешко, објасни ни да знаеме ние неуките.
Прво да се разграничи духовно и телесно.
Текстот опишува духовно видување, а тоа значи дека никој со телесни очи нема да го види тоа што е опишано како духовно.

Тие коњаници, езера, глави со круни, птици како јадат тела ништо од тоа неможе да се види со телесни очи.

Симболика е целиот текст.

Да не те збунувам многу ќе се задржам на основното дејство , а тоа е времето.

Коњаниците и оној кој ги предводи се симбол за ново време, нешто како нов календар кој го турка стариот и сите кој се држат за старото време се нарекуваат противници кој сакаат да војуваат против Исус.

Еден пример ќе дадам од секојдневието.

Имаме во моментов пандемија, луѓето беа научени на еден живот, но сето тоа им го смени ковидот.За да се задржи стариот начин на живот има услов вакцина, но и оние кој не сакаат вакцина сакаат да го задржат стариот живот само без условување за вакцина.И едните и другите се исти, т.с. не сакаат да го променат местото и начинот на живот.Тие "војуваат" против новото време, едни со вакцина, а други со граѓанска непослушност.
Ако старото време не ги имаше "врзано" со лесен и удобен живот, со работа која ја вршат, со училишта и градинки за децата, кредити , имот, и други работи сите тие на пандемијата ќе одговореа со преселба во селата, па концентрацијата на луѓе во градови ќе се разретчеше по селата.Ама пустото сега ниту сами да се преранат незнаат, па ќе мора да одберат стар живот со услов вакцина или бунтовник...одлагајќи страдање за некое време.

Значи имаш старо време и начин на живот кое се руши.Сега е пандемија, утре нешто друго пострашно.
Од друга страна почеток на ново време, нов начин на живот- во село.Прашање е само кој може од корен да го промени животот?

Прост пример од секојдневието, за полесно да го разбереш духовниот опис од текстот.

Дали до тука е појасно?
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447
Ќе почекам, времето е небитно!
Може и некој друг ќе даде одговор.
Ако со ред ја прочиташ темава мисламногу ќе добиеш одговори на твоите прашања...Но еве сепак...Во библијата има повеќе описи за начинот на Второто Христовото доаѓање.И самиот Исус во евангелијата дава неколку описи како ќе биде тоа:
Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како иде на небеските облаци, со голема слава и сила;
и ќе ги испрати Своите ангели со голем трубен глас, и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата.Евангелие по Матеј 24 глава.
Значи овој опис многу одговара на сликата на Поздрав еден топол, додека твојот цитат е од Откровението и тој воопшто не е погрешен меѓутоа изобилува со симболи како и целото Откровение.Целта е да се прикаже денот на судот и погибието на безбожните во тој ден .
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ако со ред ја прочиташ темава мисламногу ќе добиеш одговори на твоите прашања...Но еве сепак...Во библијата има повеќе описи за начинот на Второто Христовото доаѓање.И самиот Исус во евангелијата дава неколку описи како ќе биде тоа:
Прочитав и постирав текст од откровение.
Не прашав за знаците пред доаѓањето, туку за самото второ доаѓање.

Ако сметаш дека нешто треба да додадеш, кажи.
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447
Прочитав и постирав текст од откровение.
Не прашав за знаците пред доаѓањето, туку за самото второ доаѓање.

Ако сметаш дека нешто треба да додадеш, кажи.
Па ти цитирав текст од Евангелиетоа по Матеја каде што самиот Исус Христос ја опишува сцената на чинот на самото доаѓање по втор пат.Знаците не ги спомнав.Тие се опишани непосредно пред тоа.Ако мислиш на " знакот на Синот Човечки" кој ќе се јави на небото, тој се јавува при самото Христовото доаѓање, а не како претходница на истото.Читај.малку пополека.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Па ти цитирав текст од Евангелиетоа по Матеја каде што самиот Исус Христос ја опишува сцената на чинот на самото доаѓање по втор пат.Знаците не ги спомнав.Тие се опишани непосредно пред тоа.Ако мислиш на " знакот на Синот Човечки" кој ќе се јави на небото, тој се јавува при самото Христовото доаѓање, а не како претходница на истото.Читај.малку пополека.
Читам, затоа прашав, тоа негово доаѓање какво ќе биде или да се орентираме според писанијата.
И овој текст е преполн со симболика и споредби исто како во откровение.

Прво да прашам дали духовно ги разбираш текстовите за да отпочнеме дебата?
Или веруваш дека описот на неговото второ доаѓање дека телесно ќе го доживеете според сликата?

Ќе се задржам на две точки.
1.Наголемиот меѓу вас да ви биде слуга.Чекате слуга или цар?
2.Тој -Исус постојано ги прашувал учениците , кој сум јас.Ако немал сознание за своето постоење кој е и што е, како на второто ќе го познаете?
 
Навистина, како ќе го препознаеме...ептем збунка ни правиш?
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447
Навистина, како ќе го препознаеме...ептем збунка ни правиш?
Затоа е тој за да
прави збунка.

Читам, затоа прашав, тоа негово доаѓање какво ќе биде или да се орентираме според писанијата.
И овој текст е преполн со симболика и споредби исто како во откровение.

Прво да прашам дали духовно ги разбираш текстовите за да отпочнеме дебата?
Или веруваш дека описот на неговото второ доаѓање дека телесно ќе го доживеете според сликата?

Ќе се задржам на две точки.
1.Наголемиот меѓу вас да ви биде слуга.Чекате слуга или цар?
2.Тој -Исус постојано ги прашувал учениците , кој сум јас.Ако немал сознание за своето постоење кој е и што е, како на второто ќе го познаете?
Исус бил најголем слуга при неговото прво доаѓање така што и душата своја си ја положил за секој кој поверува да не погине туку да има вечен живот.Но тоа не значи дека не бил и Цар т.е.цар над царевите и Господар над господарите. Затоа ги прашува своите ученици,не дека Тој не си се знаел кој е, туку да ги поттикне да размислуваат кој е навистина Тој и да види дали ја разбираат неговата Боженствена природа.Кога повторно ќе дојде, веќе нема да биде слуга туку оној што навистина и е. Цар над царевите и Господар над господарите. Таа титула уште повеќе ја утврдил со страдањето од рацете на оние кои ги создал и кое го претрпил без да им се одмазди или да ги уништи, иако можел тоа да го направи.
Точно, второто Христово доаѓање ќе биде физички настан како што пишува во стиховите кои ги цитирав и во кои немани грам симболика. „Еве иде со облаците и ќе го види секое око“-Откровение 1,9.
Еве и тебе да те цитирам:„
Тие коњаници, езера, глави со круни, птици како јадат тела ништо од тоа неможе да се види со телесни очи.

Симболика е целиот текст. “
Точно во тој текст има симболика за да ја покаже смислата и намената на второто Христово доаѓање, но во текстот има елементи кои покажуваат какво ке биде второто Христово доаѓање. Ќе биде видливо, од небото,со него ќе бидат сите негови ангели, и при неговото доаѓање ќе изгинат сите кои се безбожни и непокајани. А тоа дека нивните мртви тела ќе ги јадат птици, не е симболика, туку вистински настан.
Потоа треба да видиме кој е Ѕверот, па лажниот пророк, кои биле фатени и фрлени во Огненото езеро.
И тоа е буквален настан но пак прикажан со еден симболички јазик за чие разбирање е потребно темелно проучување на Светото писмо и во овој случај Откровението, последната и најтешката книга за разбирање.
 
Имаме голема разлика во положба на цар и слуга.Како термини што е највисоко и најниско во едно општество.
Разбирам дека поголемиот дел од текстовите буквално верниците ги разбираат, затоа бирам соодветни зборови бидејќи ако ги кажам во директно значење контра ефект ќе има целиот разговор.

И затоа постојано давам некој споредби и компарации ,но тоа е најдобро за да се даде правец во која насока да се размислува, бидејќи ти за едно мислиш и веруваш , а јас за нешто друго зборувам.

И во овој случај еве еден пример со споредба.

Подели го телото по органи, раце , нозе , очи , уши, нос ,пенис, срце , бубрези, плуќа, мозок и на секој од нив според својата улога подреди ги во хиерарија , но да се водиш по реченото , тој што сака да биде најголем нека ви биде слуга.
Како ќе им одредиш позиции?

Кој е цар над царевите , господар над господарите , и кој на кого му е потчинет?

Ако си го видел синот си го видел и отецот, бидејќи тие се едно.Ти го пишав овој цитат да ти посочам дека како е на небото така е и на земјата.

Ако правилно пресудиш за положбите тогаш ќе ти е појасно зошто ангелот не му рекол да се поклони на царот над царевите, на Исус, ниту на коњаникот кој слегува од небото, туку му рекол...
10. И паднав пред нозете негови да му се поклонам; но тој ми рече: „Стој, не – јас сум слуга како и ти и браќата твои, што го имаат сведоштвото Исусово; поклони Му се на Бога, зашто сведоштвото Исусово е Духот на пророштвото!”

Ако го имаш духот на пророштвото нема да биде тешко да сватиш кој е богот на кого треба да му се поклониш.(потсети се на деловите од телото).
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.775
Затоа е тој за да
прави збунка.

Исус бил најголем слуга при неговото прво доаѓање така што и душата своја си ја положил за секој кој поверува да не погине туку да има вечен живот.Но тоа не значи дека не бил и Цар т.е.цар над царевите и Господар над господарите. Затоа ги прашува своите ученици,не дека Тој не си се знаел кој е, туку да ги поттикне да размислуваат кој е навистина Тој и да види дали ја разбираат неговата Боженствена природа.Кога повторно ќе дојде, веќе нема да биде слуга туку оној што навистина и е. Цар над царевите и Господар над господарите. Таа титула уште повеќе ја утврдил со страдањето од рацете на оние кои ги создал и кое го претрпил без да им се одмазди или да ги уништи, иако можел тоа да го направи.
Точно, второто Христово доаѓање ќе биде физички настан како што пишува во стиховите кои ги цитирав и во кои немани грам симболика. „Еве иде со облаците и ќе го види секое око“-Откровение 1,9.
Еве и тебе да те цитирам:„
Тие коњаници, езера, глави со круни, птици како јадат тела ништо од тоа неможе да се види со телесни очи.

Симболика е целиот текст. “
Точно во тој текст има симболика за да ја покаже смислата и намената на второто Христово доаѓање, но во текстот има елементи кои покажуваат какво ке биде второто Христово доаѓање. Ќе биде видливо, од небото,со него ќе бидат сите негови ангели, и при неговото доаѓање ќе изгинат сите кои се безбожни и непокајани. А тоа дека нивните мртви тела ќе ги јадат птици, не е симболика, туку вистински настан.
Потоа треба да видиме кој е Ѕверот, па лажниот пророк, кои биле фатени и фрлени во Огненото езеро.
И тоа е буквален настан но пак прикажан со еден симболички јазик за чие разбирање е потребно темелно проучување на Светото писмо и во овој случај Откровението, последната и најтешката книга за разбирање.
...симболиката не е остаток од паганството?
...или во Светото Писмо тоа не се важи?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150
Не, нема разлика. Тоа што ти така од искуство во ова наше лудо општество „слуга“ ти е нешто ниско, а „цар“ ти е нешто високо и отмено - не разбираш што значи да си крал и да служиш на другите! ;)
Сега јас треба да ви толкувам што значи јас сум ваш слуга, јас сум последен од вас итн итн...?

Вистинскиот Крал со своето управување служи на народот. Тоа е источна философија, да не кажам кинеска... многу пред христијанските филофосии...

Темата е за второто доаѓање... зошто новиот завет ви е реалност, како нештата таму да се реалност? Факт? Зошто не ви се интересни гностичките текстови, апокрифните евангелија...? И таму има визии многу посликовити од едно чудно откровение кое едвај било дозволено да влезе во „канонските книги“...

Тоа е интересно... инаку секој си толкува како сака и кога сака од овие свети книги и зборува на другите како сопственото толкување е пореално и повистинито (во однос на верувањето) од туѓото...

Зошто верувате дека имало спасител за човештвото и дека пак ќе се инкарнира за да казнува?
Зошто верувате дека туѓата крв е лекот за вас и вашето постоење и зошто сакате да доаѓа некој да ве суди и со сета сила да верувате во тоа дека ќе се случи?
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Зошто верувате дека имало спасител за човештвото и дека пак ќе се инкарнира за да казнува?
Зошто верувате дека туѓата крв е лекот за вас и вашето постоење и зошто сакате да доаѓа некој да ве суди и со сета сила да верувате во тоа дека ќе се случи?
Зошто од позиција на егото размислуваш ?
Тргни од човек, ништо друго.
Ако не се размножи и се роди друг човек, тој е во опасност да изумре како вид.
За тоа спасување треба да пролее крв, невина крв.

Спасителот на човекот е она мало човече , царот над царевите.

Егоистите , врачарите, секташите и безбожниците правец во огненото езеро.;)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150
Кој сака да тргне од човек, ете му го патот - нека тргнува и нека оди. ;)
To GO е петата моќ на Сфингата!

Како и да ја вртиш нема оправдување за тоа дека има спасител за човештвото ниту пак ќе се инкарнира некој... 2000 години не се малку и сеуште да се бараат „знаците за крајот“. Аман со тој крај и страв од крај... Нема крај. :)

Туѓата крв не е лекот... не постои бог што се заморува со вашите детали. Вие не се заморувате со детали од вашите дејствувања свесни или несвесни - не пак некој бог... немојте до толку его... богот саде на вас мисли :)
Во неуреден храм, не доаѓа бог.

Ок ок - човек, време, дете старец, времиња, периоди... знам ти кај одиш со библијата и немам против. Што повеќе луѓе ко тебе кои сами ќе си толкуваат нештата (и нема да присилуваат други да следат нивни патишта) - јас ќе ги поддржувам. Да така е, ајде - од библијата ќе градиме нови искривени кули чии темели ќе ги поставиме во песок... да не си нов пророк ти, со нови параболи за да подобро го разбереме христијанството, дека навистина ако веруваме Исус ќе дојде, да не си и ти од оние кои што ги има пророчки дух?
Да прашам, да не се разбереме погрешно околу доаѓањето на Христос кој што ќе го спасува човекот од самиот себе си...

Невина крв? За спасување? НЕ. Со туѓа крв само црните браќа во нивната магија може да најдат или да бараат оправдување за сето тоа...
Исто како евреите, како што раскажуваат во нивниот закон, како со туѓа крв мачкале влезови на врати за да „смртта не ги посети“. Големиот страв од смртта раѓа надеж дека ќе дојде спасител повторно и ќе суди и ќе живеат сите „праведни“ без да умрат повеќе... нема втора смрт (иако цел живот умирале од страв) :)

П.С. Ти не ја разбираш мојата позиција ниту ќе ја разбереш некогаш бидејќи си заглавен во секташко христијанство. И таму си бидејќи не можеш да прифатиш црквата како и што толкува со нивните ритуали, па си измислуваш свои објаснувања... ништо страшно, не велам да не го правиш тоа.
Продолжи со поголем елан... до „следното доаѓање на Христос“.
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.155
Поени од реакции
10.154
, ајде - од библијата ќе градиме нови искривени кули чии темели ќе ги поставиме во песок... да не си нов пророк ти, со нови параболи за да подобро го разбереме христијанството, дека навистина ако веруваме Исус ќе дојде, да не си и ти од оние кои што ги има пророчки дух?
Мора па признаеме, дека библијата поседува некоја сила, моќ за трансформација на луѓето, чудна светост која на многу луѓе им го променила животот на подобро, многу зависници од дрога, алкохол,нашле лек читајќи ја библијата, многу грешници се покајале за своите постапки и станале добри луѓе, омразата ја претвора во љубов...:)

Познавам многу луѓе кај кои ја видов таа трансформација, знам од каде им потекнува...Моќта на книгата, на тоа дело, никако неможеш да го порекнеш ниту да ни ја ускратиш љубовта и вербата дека е божјо писание.

Разбирањето на библијата е индивидуално...ете јас @alf се обидувам да го разберам, но понекогаш ме плаши со страотни приказни а јас си ја замислувам библијата како бајка, книга со убави приказни( белким ке ја дочитам некогаш, има дома две и ми стојат како посебен украс)
@alf ....се потсетив на твојот пример за деловите на човечкото дело....неможев да ги наредам по хиерархија, сите функционираат совршено заедно, сите органи во една фантастична хармонија....Но, ете еден орган ме замисли, слепото црево, небитно и непотребно, но ако се воспали, може да го затруе цел организам, да го уништи тој совршен инструмент наречен човечко тело.
Што е слепото црево, симболика за Луцифер, ѓаволот, Јуда.....:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom