Современиот Сатанизам, реалност или мит?

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да продолжиме на оваа, посоодветна тема.

Како каде, ти не спомена дека религиите биле скарани туку дека јас сум немал здрав разум и логика, еве го тоа :
Но не е тоа важно, важно е што ти ги релативизираш сатанските злочини наведувајќи дека злочини правеле припадници на сите религии. Two wrongs doesn`t make right.
Или со сила се правиш дека не разбираш, или стварно толку ти сече, немам друго објаснување...
Какво црно релативизирање?! Јас цело време ти укажувам дека главниот твој аргумент - самодекларирањето како доказ што е некој, е фаличен бидејќи самите вие - христијаните не го практикувате кога се однесува за луѓе што се декларираат како христијани а вие со тоа не се согласувате! Зошто ги игнорираш овие постови:
Психопатите што се нарекуваат сатанисти и што сакаат да бидат слуги на злото со убивање луѓе, животни и слично, ја земаат иконографијата и терминологијата од вас. Ако мејнстрим религиите како симбол за злото ги имаа штрумфовите, тие кутри пореметени лица би се нарекувале и штрумфови. Реков и претходно, нив им е битно да бидат во тој филм, каков наслов носи филмот не е важно, додека кај остатокот од популацијата предизвикува страв, ужаснатост, паника.
Нема поголеми манипулатори од вас, ќе го игнорирате тоа што не ви оди во прилог а до бесвест ќе го повторувате тоа што мислите дека ќе ги убеди луѓето во она што сте го намислиле.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Секоја будала може да се нарече сатанист и „сатанизам" е толку шареколика палета од верувања и групации што не постои нешто како „сатанисти". Не е тоа униформна група од луѓе со исти верувања. Сатанисти се глупине блекери у Скандинавија што убиваат и палат цркви. Има спиритуални сатанисти кои се и рандом наци идиоти што мешаат јога, со египетски божества и тристо чуда. Има атеистички сатанисти ко лавејанциве што се комплетно бенигни и безопасни ликови, а Лавеј го користел сатанизмот ко термин за исмевање христијани. Има традиционални сатанисти, вакви, онакви. Некои се регистрирани, некои не се. И никој не е поголем сатанист од другиот. Лавејанците се официјално регистрирани ко сатанисти и не сакаат да ги асоцираат со испрдоциве што се декларираат така и прават срања. На крај краева самиот збор е измишљотина на христијанството и доаѓа у различни верзии у различни религии.

Колку е смешно што у ебаниот 21 век има луѓе што мислат дека има Сатана и Госпо шо се тепаат. Па рандом патолошки случаи ќе се декларираат ко сатанисти и ќе напраат глупост, а другиве се плашат дека стварно е тоа влијание на ѓаволот. Вака ако одзумира човек, изглеа екстремно смешно. :)
Автоматски споено мислење:

Ух, колку треба поимот уметност да се растегне за да абоминациите на оваа "уметница" влезат во рамките на тој поим o_O
Премногу си глуп ти за да ги сконташ абоминациите на оваа уметница. :) Таквата уметност захтева повисоки емоционални и естетски сензибилитети.
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Секоја будала може да се нарече сатанист и „сатанизам" е толку шареколика палета од верувања и групации што не постои нешто како „сатанисти". Не е тоа униформна група од луѓе со исти верувања. Сатанисти се глупине блекери у Скандинавија што убиваат и палат цркви. Има спиритуални сатанисти кои се и рандом наци идиоти што мешаат јога, со египетски божества и тристо чуда. Има атеистички сатанисти ко лавејанциве што се комплетно бенигни и безопасни ликови, а Лавеј го користел сатанизмот ко термин за исмевање христијани. Има традиционални сатанисти, вакви, онакви. Некои се регистрирани, некои не се. И никој не е поголем сатанист од другиот. Лавејанците се официјално регистрирани ко сатанисти и не сакаат да ги асоцираат со испрдоциве што се декларираат така и прават срања. На крај краева самиот збор е измишљотина на христијанството и доаѓа у различни верзии у различни религии.

Колку е смешно што у ебаниот 21 век има луѓе што мислат дека има Сатана и Госпо шо се тепаат. Па рандом патолошки случаи ќе се декларираат ко сатанисти и ќе напраат глупост, а другиве се плашат дека стварно е тоа влијание на ѓаволот. Вака ако одзумира човек, изглеа екстремно смешно. :)
Автоматски споено мислење:

Премногу си глуп ти за да ги сконташ абоминациите на оваа уметница. :) Таквата уметност захтева повисоки емоционални и естетски сензибилитети.
Поточно во последно време огромни глупости се третираат како уметност.амтиталенти се прогласуваат за уметници,со таканаречени перформанси.Ова шо го прави Марина е самоунакажување со примеси на еротика колку да ја заинтересира машката раја,далеку е од уметност.
 
Па не баш. Сосема друга поента има тоа, у принцип стануе збор за концептуална уметност. Ја заболе кур Марина дали машката публика ќе се заинтересира за тоа, напротив, тоа што го праи е баш контра тој муабет.Затоа и го праи. Има еден бран на уметност што се вика „body art" и Марина е најпозната, ама има многу други, некои од нив ми се и со боље концепти и од неа. На некои може да не им се свиѓа ради екстремноста и/или феминистичкиот наратив, ама не е воопшто кичерајска уметничка форма. Накратко, идејата им е да се соочат со најголемите стравови (поврзани со војни, отуѓеност и тристо други чуда) преку нивниот перформанс и така да ги надминат. Абрамовиќ ги тера сите да ја плукаат и да ја пцујат додека иде меѓу нив пошто од тоа се плаши најмногу. Пред две години излезе документарец за ова, супер е.
Body of Truth

Уште од дадаизмот, па навака, сменета е парадигмата за тоа каква треба да биде функцијата на уметноста. Одамна уметноста не е техне, односно некое маестрално дело изведено од „талент". Само што грото од вас што зборуваат што е/треба да биде уметноста, имаат малку познавања за теорија на уметност, уметничка критика и историја на уметност, па затоа наивно гледаат на сето тоа (без никаква навреда).
Лошо е човек да рипа на заклучоци ако не е запознаен со некоја проблематика. Али да не ја претвориме темава у расправа за уметноста, дај да се осврнеме на проблемот со сатанистиве кои се поголемо зло од ИСИС. :D
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.473
Или со сила се правиш дека не разбираш, или стварно толку ти сече, немам друго објаснување...
Какво црно релативизирање?! Јас цело време ти укажувам дека главниот твој аргумент - самодекларирањето како доказ што е некој, е фаличен бидејќи самите вие - христијаните не го практикувате кога се однесува за луѓе што се декларираат како христијани а вие со тоа не се согласувате! Зошто ги игнорираш овие постови:

Нема поголеми манипулатори од вас, ќе го игнорирате тоа што не ви оди во прилог а до бесвест ќе го повторувате тоа што мислите дека ќе ги убеди луѓето во она што сте го намислиле.
Напротив, откако ги исцрпи сите можности за аргументација како она дека сатанист не бил сатанист ако не припаѓал на организација со свои начела и принципи, сега преминуваш на обиди за навреди.
Какво е тоа манипулирање кај христијаните?
Одамна се познати и признаени како такви бројните негативни случувања во христијанството во далечното минато, за што пишував на другата тема. Може да наведеш линк со злочини извршени во име на Бога или Исус во последниве што знам...10 години?
Автоматски споено мислење:

Секоја будала може да се нарече сатанист и „сатанизам" е толку шареколика палета од верувања и групации што не постои нешто како „сатанисти". Не е тоа униформна група од луѓе со исти верувања. Сатанисти се глупине блекери у Скандинавија што убиваат и палат цркви. Има спиритуални сатанисти кои се и рандом наци идиоти што мешаат јога, со египетски божества и тристо чуда. Има атеистички сатанисти ко лавејанциве што се комплетно бенигни и безопасни ликови, а Лавеј го користел сатанизмот ко термин за исмевање христијани. Има традиционални сатанисти, вакви, онакви. Некои се регистрирани, некои не се. И никој не е поголем сатанист од другиот. Лавејанците се официјално регистрирани ко сатанисти и не сакаат да ги асоцираат со испрдоциве што се декларираат така и прават срања. На крај краева самиот збор е измишљотина на христијанството и доаѓа у различни верзии у различни религии.

Колку е смешно што у ебаниот 21 век има луѓе што мислат дека има Сатана и Госпо шо се тепаат. Па рандом патолошки случаи ќе се декларираат ко сатанисти и ќе напраат глупост, а другиве се плашат дека стварно е тоа влијание на ѓаволот. Вака ако одзумира човек, изглеа екстремно смешно. :)
Автоматски споено мислење:

Премногу си глуп ти за да ги сконташ абоминациите на оваа уметница. :) Таквата уметност захтева повисоки емоционални и естетски сензибилитети.
Можно е и тоа да сум глуп за да сфатам уметничката вресност на дотичната, но не сум сигурен колку е веројатно :) Може и подобро што е така, во спротивно би го сметал ставањето на тројца голи особи во кутија како уметност.
Има купишта современи "уметници" кои употребуваат т.н. "перформанси" каде имаме продавање на магла, не знам што ја одвојува Абрамовиќ од тој куп.
За мене уметноста не бара објаснување. Моментот кога уметноста станува уметност преку објаснување од страна на некаков си информиран интелект, мириса на превара.
Лесно е да се измисли прича што значат прсканиците на Полок на платно, дека тоа бара образувана перцепција, дека во срањето во боја се крие симболика на егзистенцијалната криза на пост-модерното време, ихаа во модерната уметност постои цел терен за тоа.
Пост-експресионизмот уметноста полека но сигурно се претвара во нешто несварливо. Дадаизмот се појавил како реакција и во сосема определени временски услови кои влијаеле на неговата појава (WW1 пред се) и затоа има историско значење. Абрамовиќ нема и нема да има.
Дирер, Бош, Ел Греко, Гоја, Енсор, Кокошка и уште легија други = нивните дела се очигледни и не бараат појаснување што сакал авторот да каже. Очигледноста на нешто убаво, драматично, тешко или било што кое е претставено на платно е она што ги одделува уметниците од оние со наводници како четникушава.
Кога ја гледаш "Ѕвездена ноќ" од Ван Гог не ти треба никакво тумачење од ликовен критичар нит специјален естетски сензибилитет.
Автоматски споено мислење:

Па не баш. Сосема друга поента има тоа, у принцип стануе збор за концептуална уметност. Ја заболе кур Марина дали машката публика ќе се заинтересира за тоа, напротив, тоа што го праи е баш контра тој муабет.Затоа и го праи. Има еден бран на уметност што се вика „body art" и Марина е најпозната, ама има многу други, некои од нив ми се и со боље концепти и од неа. На некои може да не им се свиѓа ради екстремноста и/или феминистичкиот наратив, ама не е воопшто кичерајска уметничка форма. Накратко, идејата им е да се соочат со најголемите стравови (поврзани со војни, отуѓеност и тристо други чуда) преку нивниот перформанс и така да ги надминат. Абрамовиќ ги тера сите да ја плукаат и да ја пцујат додека иде меѓу нив пошто од тоа се плаши најмногу. Пред две години излезе документарец за ова, супер е.
Body of Truth

Уште од дадаизмот, па навака, сменета е парадигмата за тоа каква треба да биде функцијата на уметноста. Одамна уметноста не е техне, односно некое маестрално дело изведено од „талент". Само што грото од вас што зборуваат што е/треба да биде уметноста, имаат малку познавања за теорија на уметност, уметничка критика и историја на уметност, па затоа наивно гледаат на сето тоа (без никаква навреда).
Лошо е човек да рипа на заклучоци ако не е запознаен со некоја проблематика. Али да не ја претвориме темава у расправа за уметноста, дај да се осврнеме на проблемот со сатанистиве кои се поголемо зло од ИСИС. :D
Никаде не кажал никој дека се поголемо зло, нема потреба од извртување. По глава на припадник сатанистите се најкрволочни. Тоа што не се политички проблем е друго прашање, засега правосудството и менталните институции се справуваат со нивните дела и последиците од истите.
Но без разлика, самата појава е фасцинантна и како таква е интересна како тема.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Во музиката пак колку има „современ сатанизам“ - за малку па страшно :)
Овие пак беа во Скопје, не знам дали сте биле на концертот...

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445

Tука има нула сатанистички симболи.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147

Tука има нула сатанистички симболи.
#Jugoslavija - посатанистичко не можеше да напишат! :D

Убаво @Ipsissimus вели дека секоја будала сешто става во исти кош, посебно се она што не му се допаѓа или е против - фрли таму во сатанизам, запиши „сатанистичко школо“ да има бомбастичност во насловот, да не читаат :)
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Пример за сатанизам во популарната музика...

Tука има нула сатанистички симболи.
Толку знаеш!
512ev3JIi-L._SL500_.jpg
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Секси овој современиот сатанизам, не како оној од XV век, небањати вештерки кои се собирале на осамени планински врвови да играат околу оган и да мирисаат на чад целите... :D
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.473
#Jugoslavija - посатанистичко не можеше да напишат! :D

Убаво @Ipsissimus вели дека секоја будала сешто става во исти кош, посебно се она што не му се допаѓа или е против - фрли таму во сатанизам, запиши „сатанистичко школо“ да има бомбастичност во насловот, да не читаат :)
Добро би било кога би било така едноставно, но не е. Пореден обид за релативизација.
Точно е дека има неписмени новинари како на линкот на Берик со школото, но линковите кои јас ги постирав се со полициска истрага и судска разрешница каде често самите сатанисти си се декларираат како такви.
Пред некое време слушав подкаст каде се зборуваше за интересен случај во САД кој послужил за долевање масло на огнот на хистеријата позната како satanic panic, имено некој лик ја искасапил мајка си, и го скалпирал черепот, и ја одрал кожата од лицето така да полицијата пронашла искасапен леш со гол череп и купишта крв наоколу.
До жртвата била пронајдена Сатанската библија на Ла Веј...а наоколу разни предмети кои служеле за изведба на ритуал. Освен библијата биле пронајдени куп материјали со сатанска содржина.
Убицата се обидел да ги ликвидира и татка си и братот но не бил успешен за среќа после што се упатил во оближната шума каде се обидел да се автодекапитира :icon_lol: но искраварил и умрел пред да успее да си ја отсече главата со нож.

П.С. Преку преписка на ПП со еден член ми беше посочено дека членот Ипсисимус е сатанист, ако е точно тогаш разбирам зошто толку ги релативизира сатанските злочини и пристапува кон муабетот на емотивен начин со навредлив тон како поклоник на сатаната. Makes sense. Никогаш не сум имал комуникација со сатанист до сега, интересно :) Ако не е точно, се извинувам однапред.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
П.С. Преку преписка на ПП со еден член ми беше посочено дека членот Ипсисимус е сатанист, ако е точно тогаш разбирам зошто толку ги релативизира сатанските злочини и пристапува кон муабетот на емотивен начин со навредлив тон како поклоник на сатаната. Makes sense. Никогаш не сум имал комуникација со сатанист до сега, интересно :) Ако не е точно, се извинувам однапред.
Треба да го прашаш @Ipsissimus што е, не со преписки и оговарање како тетки седнати на кафе :)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.473
Треба да го прашаш @Ipsissimus што е, не со преписки и оговарање како тетки седнати на кафе :)
А од каде да знам? Како што кажав тоа ми беше посочено, јас нит прашав нит имав намера да прашувам пошто такво нешто воопшто не ми дошло на памет. Ете го прашувам во оваа прилика господине @Ipsissimus дали сте сатанист?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Напротив, откако ги исцрпи сите можности за аргументација како она дека сатанист не бил сатанист ако не припаѓал на организација со свои начела и принципи, сега преминуваш на обиди за навреди.
Какво е тоа манипулирање кај христијаните?
Одамна се познати и признаени како такви бројните негативни случувања во христијанството во далечното минато, за што пишував на другата тема. Може да наведеш линк со злочини извршени во име на Бога или Исус во последниве што знам...10 години?
Многу пати сум нагласил, ќе повторам пак, тоа што вас вистината ве навредува е ваш проблем, не е мој. Не може да биде навреда факт, само затоа што некому не му се допаѓа. Ти најде за аргументи да зборуваш?! Зошто не ми одговори како може самодекларирањето кај сатнистите да биде доказ дека станува збор за сатанизам, ама не е доказ кога станува збор за христијанство? Ако самодекларирањето е доказ, зошто мора да биде една православна црква признаена од други православни цркви? Нели ако се декларираш како сатанист, православен, муслиман или што и да е, тоа е доказот? Двојни стандарди колку сакаш, ама јас сум бил тој што ги исцрпил можностите за аргументација?! Не да сте манипулатори, треба поим нов за манипулација да се измисли за вас!
Автоматски споено мислење:

А од каде да знам? Како што кажав тоа ми беше посочено, јас нит прашав нит имав намера да прашувам пошто такво нешто воопшто не ми дошло на памет. Ете го прашувам во оваа прилика господине @Ipsissimus дали сте сатанист?
Јас сум Телемит, иницијант во ОТО, принципите и начелата на Сатанистичката црква на Лавеј се во голема мера инспирирани од Алистер Кроули и Телемата. Пред да станам Телемит, се декларирав како сатанист, но Телемата нуди далеку по спиритуален и метафизички потенцијал. Сатанизмот на Лавеј е во основа антитеизам, пркос кон монотеистичките религии, нивното лицемерие, демонозирање на природните нагони и особини кај луѓето, величење на декадентни особини како што се покорноста, бедноста, пасивноста, слепата верба наместо преиспитувањето. До тука сум ок со него, но во делот на дуовноста - спиритуалноста, Сатанизмот во суштина е атеизам и тоа беше пресудно да станам иницијант.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom