Ментална снага е нешто што многумина ја занемаруваат. Ако не помогнала војската на друг начин, ваљда кај некои (не кај сите, многу не наоѓаат позитива во ниедно искуство) ги поднаучила дека не се центар свет, ако дотогаш од дома ги галеле.
Денес кога ќе спомнат постарите војска, мислат на она дека младите се апла софт и не смееш ништо да им преречеш пошто ќе плачат. И плачат, не дека не. Ама ако родителот не е доволно строг за да ги прибере и му е жал, ваљда некој непознат ќе го потсреди.
Многу е битно за млада особа да излезе од дома на некој начин и да разбере до кои граници можеш да одиш со какви особи. Јас во студентски научив дека не можам со секој да се разберам, па некогаш подобро е да се повлечам, дека нема со секој компромис, дека со различен карактер мора да играш различно, како да ја читаш собата и луѓето во неа, па кога дојде ред за работа немав проблем со тоа ако некој ми преврти очи на прашање или како да се снаоѓам меѓу луѓе, сама.
Другарка ми пред месец, два, саат време ме замараше на телефон и се жалеше како колешка и превртила очи и не сакала да ја дружи на работа. Ако ве повредуваат такви ствари на појака возраст, имате проблем. Али од дома галена цело време, се дружи само со особи кои и одговараат, розеви очила, светот бајка.
Тогаш ете војска била задолжителна, сега не е, не ни има потреба да биде според мене, али на сите млади им треба некакво искуство надвор од дома по можност, каде ќе пробаш сам да си ги решиш работите, наместо да се жалиш прво дома. Секако дека ќе ти биде полесно за во иднина, наместо денес да седиш да читаш селф хелп книги и да се самосожалуваш.