- Член од
- 17 август 2011
- Мислења
- 10.315
- Поени од реакции
- 18.398
Се знае која е намената на служењето војска, и сега, и пред 2000 години. Неам ништо против тоа, али за другово.. Животот ќе те направи маж порано или подоцна(или никад).Да не филозофираме окулу темата кога резултатот го иаме видено. Џабе што на 18 години ги извадиле од дома кога и на 40-50 години огромен број од овие луѓе не знаат да функционираат без мама и тато. Ја на 22 веќе си бев самостоен. Не дај боже ама и на 18 ќе истуркав, ќе се измачев повеќе ама бев на прав пат. Да бев у војска ќе изгубев само 2 години.Кога времето станало малце полабаво, општеството измислило начин како да избегне да ги разгалува децата, и да ги прави поснаодливи. Војската е само една нишка од тоа, реков.
Од прво одделение не пуштале на море преку школо, работни акции, извиднички клубови (не попут нашиве од аферата), војската, резервниот состав и редовните вежби. Сето тоа го учеле човекот на пријателство, на блискост, на меѓусебно помагање и сл.
Јас детето го пуштив во спортски камп на 8 години во Грција, беше најмало. Таму магариња испраќаа на 15 години, плачеа родителите мислиш во конц логори ги праќаат. Да не знае човек дали да плаче или да се смее.
Понатаму види ги школиве, имам блиска другарка учителка. Што ми раскажува ми е мака да ја слушам и све тоа родителите. Пишав ми го избришаа мислам постот, детето ако е труба, учителката го мрази и одма го префрлуваат во друг клас. Професорите не го сакаат, се мољакаат за оценки. Не ги интересира што знаат и како знаат децата, туку ги интересира одлични да бидат. Не ги интересира што и како учат. важно учителите не чинат, наставниците не чинат, професорите не чинат, работодавачот не чини. Сите нечинат само нивното дете е светец.
И кога на детето ќе бидат мама и тато у пензија или умрени, како го оспособиле детето за живот а? Со тоа што му влевале лажна самодоверба, што место да му кажат да се труди, му викале дека е ок, а другите не чинат? Што ќе стане од тоа дете. Дали мислиш дека тоа дете ќе е спремно да биде родител? Дали мислиш дека ќе е спремно и одговорно да носи на грб фамилија? Тоа дете на 35-40 години ќе треба да се освестува и да пораснува.
Лесно е да се исмееш на идејата на војската, тешко е да размислиш малце и да видиш што таа идеја значи. Не е до тоа да се браниме и да се одбраниме. Не е до тоа да научиме вештини и да бидеме дисциплинирани. Не е тоа да се навикнеме да си го местиме креветот. Тоа се мали работи кои да, ќе ти помогнат во животот, ама поентата е друга. Ќе те научат каков е животот без саксијата во којашто те растат мама и тато.
Наместо да го сватиш тоа на 35 години, ако го сватиш на 18-19, ќе сватиш дека не си изгубил време, туку си добил.
Да, има деца кои не живеат во конфор и кои се свестат порано, но мислам дека ќе се сложиш дека тие деца се истакнуваат и шибаат напред со голема брзина. Војската само ти помага да го направиш тоа.
Инаку деца кој не живеат во комфор веќе не проаѓаат подобро во животот. Растен во македонија не знам како си добил таков впечаток. Децава окулу мене што не беа чувани како во саксија генерално завршија по лош пат, кој со криминал,кој со безизлезна работа.
Последно уредено: