Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Бранови ќе има и во иднина, и во 2022ра и за десет години.
Види колку не знаеш, бранови ќе има до крај на 2022 кога е планот САД комплетно да се оспособи сама да произведува чипови за потребите на својата индустрија и со тоа стане независна од тајван и кина.
 
Види колку не знаеш, бранови ќе има до крај на 2022 кога е планот САД комплетно да се оспособи сама да произведува чипови за потребите на својата индустрија и со тоа стане независна од тајван и кина.

А ти колку не знаеш, сите чипови се дизајнирани во Америка и се произведувани во Кина, Тајван и Малезија. И тоа ќе настави во иднината пошто немаат рачун да го вратат производството во УСА. И тоа нема никаква врска со брановите, ни со вирусот.
 
Повеќе од мене кафиња немаш испиено у кафичи, нормално без сертификат. Еве вечер сум у балон фудбал ќе играм пак со фалш сертификат. Сегде влегувам со фалш сертификат, намерно одам вака и ги заразувам овие што се вакцинирале.
И ти немаш повеќе кафиња од мене испиено у кафич со сертификат.
И немаш повеќе пива испиено од мене.
И немаш повеќе пици изедено од мене, па што сеа? :cautious:

Забегавте со муабетов :pos:
 
А ти колку не знаеш, сите чипови се дизајнирани во Америка и се произведувани во Кина, Тајван и Малезија. И тоа ќе настави во иднината пошто немаат рачун да го вратат производството во УСА. И тоа нема никаква врска со брановите, ни со вирусот.
Не бива веќе Рон, Кина ги претрка, поврзи кој го финансирал вирусот, каде и кога е пуштен, многу си во лер па дури советуваш девојчиња за љубовни проблеми во вакви неизвесни времиња за нашиот здравствен систем.
 
И ти немаш повеќе кафиња од мене испиено у кафич со сертификат.
И немаш повеќе пива испиено од мене.
И немаш повеќе пици изедено од мене, па што сеа? ;)

Забегавте со муабетов :pos:
Џабе ти се кафињата испиени кога со мене ни едно немаш....се зезам :D
Поентата ми беше дека не треба сертификат, и друго дека немам ни морална обврска да сум вакциниран, затоа што нема на кој проблем да му направам.
 
од 2:25минута
Иронијата е дека ова иде на еден од најголемите ТВ медиуми во САД (токму тие кои Саган ги критикува), и целата работа ја користат за „разбудена“ пропаганда: Неговата шега Вукијата и луѓето, ја направија цитирам „критика за диверзификација и инклузивност“. Човекот како научник општо се потсмеваше на антропоморфицирањето на свесниот жив свет во свемирот.

Инаку Саган не е единствениот визионер, одамна јасно се гледа накаде идат работите. Многу поголем „јасновидец“ испадна Џорџ Орвел... Откаде да знаел човекот дека неговата „1984-та“ ќе ја искористат како упатство за употреба. :(
 
Џабе ти се кафињата испиени кога со мене ни едно немаш....се зезам :D
Поентата ми беше дека не треба сертификат, и друго дека немам ни морална обврска да сум вакциниран, затоа што нема на кој проблем да му направам.
Сертификат треба (факт), а тоа што ти си решил да го злоупотребуваш, кхм...говори за твојата морална (не)одговорност и бивањето проблематичен дечко. :sneaky:
 
антиваксериве на темава ги имаат сите овие предиспозиции во текстов погоре, затоа не се заразуваат.
 
Интересно, ама не и неочекувано. Најпосле еволуцијата така функционира, ги промовира гените кои имаат предност во преживување... Друга важна работа е тоа што дури и ако некој го нема генотипот, сеуште може да го емулира фенотипот. Се разбира преку пазење на здравјето, исхраната, физичките активности, и општо водење здрав живот.
 
Јас сум имун на се, имам античка крв, од тие што оделе да војуваат и ја освоиле Персија, не од воено неспособни пичиња кои дремеле скриени во дупките (гледам дел од членовите на темата се нивни потомци). Вакцинирајте се со што сакате, кој ве еба, со никаква вакцина нема да го достигните мојот имунитет.
 
Е нееее, ќе се заебаваат. Ова е "очекуван" приход само од трета доза, во најмал ракав. Тоа само Фајзер океј, а каде се сите други компании што произведуваат вакцини, ги има полно.
Каде се оние што произведуваат секакви медикаменти, маски, антисептици и што ти знам што.
Која пара се врти тука, не сме ни свесни.
 
...ние сме свесни, а и институциите се свесни, ама интересот е поголем, а здравјето е во позадина некаде!
колешка моја вакцинирана со антиковид вакцина терапија Фајзер, веќе две недели лежи дома со онака подносливи, барем до сега симптоми, никој тоа не го спомнува, а јас знам и денот кога го прими фајзеричот (нејзин сленг) и ја ослободивме од работа,
се е во ред, не велам не, ама нека ја сменат дефиницијата или општо на „вакцина“ или на антиковид вакцина нека ја наречат барем антиковид генетска терапија! вака глупо ми е кога се зборува „се вакцинирала ама се разболела, ама затоа не се хоспитализирала“, а да де, дома што седи онака гледа филмови изгледа!
 
Нејќам да ги бројам веќе, многу се тие што повторно се разболеа од вирусот а се вакцинирани....чудна работа, да не речам сомнителна, а и сите се со озбилни проблематики.
И ај сега оди и вакцинирај се. :(
 
Нема голема филозофија, веќе подолго време е јасно дека мора сите да го прележиме.

Па, секој нека си одлучи како.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom