1. Бранко беше притиснат да се повлече. Веќе беше испукан куршум. Тој и ден денес пали одреден процент на населението (најчесто жени се палат на него

), ама се е тоа веќе видено и испукано.
2. Не решил никаков спор (тоа е наметнат спор, не е тоа наша вина). Најлесно е да се продаде нешто и да се прекрсти како му одговара на другите. Претходните дипломатии одеа на принципот - време. Создаваа дипломатски врски и постојано растеше бројот на земји кои ја признаваа Македонија под уставно име. Секоја влада си имаше дел во тоа, како и дијаспората. Кловнот тоа го фрли во вода, цел труд вложен со години.
3. Ковид кризата не беше менаџирана како што треба. Срам беше да се чека фрижидерче со вакцини од Србија и тоа со цела делегација, божем тони злато ти влегуваат во државата и сите ќе се обогатат. А Србија си земаше вакцини и од исток и од запад. Најново е и извештајот на ММФ во кој се вели дека неколку земји, како Малави, Конго, Камерун, Нигерија и секако Македонија не објавиле како и зошто се трошат парите позајмени за време на пандемијата. Модуларна болница изгоре, а со неа и многу човечки жртви на најбизарен начин. Немањето стратегија за вакцинирањето, како и неносењето маски од страна на политичарите додека казнуваа граѓани за неносење маска. А да, и попис за време на пандемија??
4. Идниот премиер ќе има поголеми проблеми. Народот тоне во сиромаштија, бизниси се испозатворија за време на ковид, цените на продуктите и на бензинот пораснаа (бензинот во Северна Америка е поефтин, а стандардот далеку подобар btw), а и струјата ќе рипне пак. Недостаток на струја што наводно следува е голем проблем. А уште поголем за тие кои не се греат на парно, туку на струја па ако има дневно исклучување поради недостаток на струја, тогаш ќе измрзне народот (а тука имаш и готвење, бојлер за топла вода). Проблем е отварањето на пандорината кутија со Грција, што повлече уште еден наметнат спор - со Бугарија. Зоранчо ќе се каже и како Марсовец ако треба во екот на квази-прогресивноста. Тоа се главоболки, а најмногу на народот кој треба да врзува крај со крај и ќе треба да се курва кај МТВ, на Водно, во ВЦ, во канцеларија или во Стоун Бриџ, за да може леб да јаде и да плати сметка за струја, веројатно и точак да си купи, бидејќи кола се помалку се исплаќа.
5. Еден куп криминалии, крадење, крадење и крадење. Тоа што претходната влада правеше, овие го доусовршија и продолжија. Дипломатски скандали со пасоши, шверц на дрога... Да не зборам за лажењата на тој што го фалиш, па како е срцката уморен што водел држава, па го казниле за неговите добри дела. Лажењето почна од македонската жичка што никој не требал да му ја гиба, бројчаникот на триумфална (абе уште брои, не застана од броење...), до последното стаза за формула 1 - тоа веќе беше врв на делириум и психоза после 5 дози на LSD, измешано со травата негова од Муртино.
И за на крај ме нервира она што се пумпа како прогресивно.
- Прогресивно не значи да смениш име, идентитет, да менуваш истории преку ноќ. Прогресивно е да си достоен на твоето, и да знаеш да почитуваш почнувајќи од себе/своето до туѓото и да не дозволиш другите да те менуваат и да ти кажуваат што треба да правиш како да си малоумен без два грама мозок.
- Прогресивно не е да делиш лубриканти. Тоа е срамота и верувам дека е и понижување за тие што се геј, лезбејки, бисексуалци, итн. Исто не е прогресивно да се правиш подржувач на сите овие групи, а притоа да кажуваш - "да ми опрости ел-џи-би-ти организацијата, нема да дозволам еден педер да ја падне владата". Прогресивно е да создадеш вистински услови за тие луѓе.
- Прогресивно не е да кажуваш за џинџер баланс или џендер баланс, а притоа да имаш еден шовинистички кандидат за град Скопје кој се понаша како кретен и со потценување зборува и се понаша према жените (Данела, Ана, жените во советот на град Скопје). Прогресивно не е врвот од партијата да ти биде составена од куп неспособни мажи собрани на бина да му го дркаат на премиерот (оној Маричиќ сигурно не може ни да клекне, ама нема везе ако треба и ќе клекне).
- Прогресивно не е да начукаш 5 предмети во еден и ништо од тоа основците да не научат, да мораат децата да дремат на лаптоп (без користење на печатени книги), и да се забрануваат книги. Прогресивно е децата и студентите да имаат пристап до образование, до книги и до знаење. Прогресивно е во училиштата да има услови за седење, за пиење вода, за храна, за одење во ВЦ, убава сала која не се распаѓа за играње кошарка, ракомет, одбојка, гимнастика. Ама Frau Мила или е дебил со тапија и не го знае или тоа го знае, ама е идиот со тапија.
- Прогресивно не е приоритет да отвориш East Gate Mall за елитата да си купува зумба тренерки од Lululemon. Исто така не е прогресивно да се прават модуларни болници како од приказната на Трите Прасиња и Волкот, кога волкот дуваше и им паѓаа куќите на прасињата, со цел некој да дрпне пари на страна. Прогресивност е да се изгради нов опремен клинички центар, наместо нов трговски каде 95% од народот нема шанси да си приушти да купи нешто, со сите параметри и стандарди. Не е прогресивност државна болница да ти изгледа како саем за сваштарија и не е прогресивност истата болница да е толку валкана и гнасна и од внатре и од надвор, со пикавци од цигари наоколу, несредена.
- Прогресивно не е да бришеш фашисти од спомениците, да им пушиш кур на Борисов и Захариева и на останатата селска група од соседна Бугарија и да договараш чиј е Гоце, Даме, Мисирков и да ги продаваш како антиквитети, а на една недела пред избори да кажуваш за бугарски пасоши и дека не треба да има бугарски кмет во Скопје.
Ова важи најмногу за "прогресивното" граџанство, ама исто важи и за "патриотското" граџанство. Некако едно без друго не оди.
Нека оди на одмор сега да. Стварно се преработија сите, готови беа да ја отворат вселенската станица на Интегра и да летаат сите до некоја друга галаксија.