Вака со дечко ми сме заедно година и нешто, и вчера баш ми призна нешто што го мачело подолго време и за кое не знаел дали е нормално или нешто не било океј со него. Го почна муабетот со тоа дека бил сигурен дека ме сака, дека нема да сака некоја друга како мене и дека бил убеден дека врската што јас и он ја имаме немало да ја најде на друго место. Проблемот е што он кога ќе видел некоја атрактивна девојка на улица чувствувал инстинкти ајде да се изразам во буквална смисла на зборот сакал да ја е*е и ништо повеќе, не дека таа му се свиѓа и мисли на нејзе и ме би ме варал него само дека му се случувало тоа доста често. Пробувам да се фокусирам моментално на факс ама после ова на ништо друго не можам, па би сакала да слушнам мислење од некој што можеби има слично искуство како моето.