Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
Политиката е ваква каква што е ради кратката меморија на народот, луѓето, поединците, како сакате кажете ги. Де бре маме му ебам 5 години не беа толку далеку за да ви е јасно како ќе завршат сите работи. Се чудам од сите овие еуфории дека ако некој дал некаква оставка, кажал нешто ( уште пострашно тоа го кажал во случајов лик како Заев) па гледам некакви екстази се дешаваат дека нешто монументално се десило и муртинецот ќе идел ќорка или некој ќе одговара за нешто. Најсмешното на крајот е дека изгубиле сдс а кој добил - вмро :pos: Демек се опрајвме аутоматски. Не сме доволно тепани тука е проблемот, ние народот, затоа трпиме уште ќотек, не сме јале доволно.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.871
Ништо чудно Мицкоски да формира влада, овој си даде оставка за да му ја дувне од државата.
Мирен трансфер на власта за возврат слобода.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
На Бихаќка вечерва:
- Колку градоначалнички места сега имаме, а? (врзува шамар на Николовски)

Местата:




АБЕ НЕКА ТРЕПКА ЃОРЧЕВВВВВВВВВВВВВВВВВВВВ
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
Политиката е ваква каква што е ради кратката меморија на народот, луѓето, поединците, како сакате кажете ги. Де бре маме му ебам 5 години не беа толку далеку за да ви е јасно како ќе завршат сите работи. Се чудам од сите овие еуфории дека ако некој дал некаква оставка, кажал нешто ( уште пострашно тоа го кажал во случајов лик како Заев) па гледам некакви екстази се дешаваат дека нешто монументално се десило и муртинецот ќе идел ќорка или некој ќе одговара за нешто. Најсмешното на крајот е дека изгубиле сдс а кој добил - вмро :pos: Демек се опрајвме аутоматски. Не сме доволно тепани тука е проблемот, ние народот, затоа трпиме уште ќотек, не сме јале доволно.
А што требаше да седиме дома и да му дадеме уште 5години да го пробуши дното?
Екстазите се дека ја соборивме власта, а вмро кој и да е следен небитно, ако не ги бива и нив ќе ги смениме и ќе ги мењаме сите дур не дојде некој асален. Пасивното - не ги бива и тие и тие седам дома не гласам е најлошото што можеш да го направиш, им оставаш простор на партиските ботови да профитираат независно од која страна
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
А што требаше да седиме дома и да му дадеме уште 5години да го пробуши дното?
Екстазите се дека ја соборивме власта, а вмро кој и да е следен небитно, ако не ги бива и нив ќе ги смениме и ќе ги мењаме сите дур не дојде некој асален. Пасивното - не ги бива и тие и тие седам дома не гласам е најлошото што можеш да го направиш, им оставаш простор на партиските ботови да профитираат независно од која страна
Имаш право генерално, али за еуфоријава е целиот муабет, да се симнат очекувањата дека нешто асално се десило, особено дека другиот победник е сепак вмро. Тоа стварно ми е многу смешно/трагично зашто прошлиот пат токму од нив се бегаше.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.120
Поени од реакции
23.603
А што требаше да седиме дома и да му дадеме уште 5години да го пробуши дното?
Екстазите се дека ја соборивме власта, а вмро кој и да е следен небитно, ако не ги бива и нив ќе ги смениме и ќе ги мењаме сите дур не дојде некој асален. Пасивното - не ги бива и тие и тие седам дома не гласам е најлошото што можеш да го направиш, им оставаш простор на партиските ботови да профитираат независно од која страна
Ocigledno 5 godini bea sosem dovolni da ne unakazi nepovratno. I ete go donesovte i go smenivte posto ne cinel. I sega sto, medalja nesto, orden, ke vratite megjunarodno potpisani dogovori, ke ja popravite stetata?
A da razmislevte pred da go donesite nemase da bidi popametno?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.418
Еуфоријата околу изборните резултати ќе помине за некој ден, ама Македонија не смее да потоне во политичка криза затоа што не чекаат сериозни предизвици, предизвици кои ќе предизвикаат сериозни последици по сите нас.

Прва е политичката криза, која може и да нема разрешница во скора иднина. Заев сеуште ужива широка доверба во партијата, затоа ако сѐ биде сведено на Конгресот, повторно ќе биде избран за Претседател на Сдссм. Тука треба да се напомене дека: ние немаме функција Премиер (туку Претседател на Влада) и дека не мора Претседателот на партијата која ќе го добие мандатот да биде и Претседател на Влада. Може и воопшто да не биде член на Владата. Нема правило.

Искрено не очекувам лесно Дуи да ја предаде власта, ама тоа се само мои прогнози.

Второ. Ние сме пред сериозна економска криза. Ценовниот шок ни е на врата. Во Германија се прогнозира, како најцрното сценарио, 5% инфлација. Сега се во границите на ниската. И ние сме во ниска, во рамките на прогнозите, но сите експерти од тоа поле најавија дека економската криза, која е во причинско-последична врска со сите рестрикции поврзани со Ковид пандемијата, не само кај нас, туку и во светот, е реалност. Сепак, економскиот хендикеп и седењето дома, неработењето на цели сектори, зголемувањето на стапката на невработеност, и на јавниот долг мора некаде и некогаш да се одразат. Тука се и СДИ кои се ниски, најниски во регионот. Реална е и опцијата за покачување на даноците, односно за почеток, враќање на прогресивниот данок. Тоа веќе беше најавено.

Трето. Ние сме пред енергетска криза. Цената на струјата, многу веројатно, е дека ќе покачи. Мора некако да се изигра и тој сектор да се врати во државна (јавна) сопственост. Не се уништува само животната средина, туку влијае и врз општиот стандард. Регулаторното тело соработува, воопшто и не се грижи за јавниот интерес. Цената на електричната енергија, за 2 години се качи во 2 наврати. Не ги пере ни целосно ослободување од ДДВ или евтина тарифа 7 дена во неделата. Ветија либерализација, либерализација нема. Мора да се реши овој бонбона бизнис еднаш засекогаш!

Четврто. Ние сме во здравствена криза. Не чека нов Ковид бран, кој веќе бранува во соседството, меѓу првите по смртност сме во Европа и во светот, а справувањето со оваа пандемија излезе нерешлива енигма за актуелната Власт. Одливот на медицинскиот персонал е само јаготката на шлагот.

Политиката подразбира барање компромиси. Ако целта ни е Европа да не гледа дека правиме нешто, нека останат дел од мерките или нека воведат нови (маска во затворено или редуцираност во јавниот превоз) и контрола на границите. Мерките кои се наменети за економски загуби за ентитетите од угостителскиот сектор мора да се тргнат. Немаат позитивен ефект. Барем да им се даде шанса да се спасат. Пари за нови економски пакети нема!

Образованието е посебен феномен. Тука нема простор за компромиси, ама има време за осмислување на проектните политики со оглед на тоа дека веќе учебната година е започната, без хартиени учебници, кои според интелектот Мила се штетни за децата! И тука тонеме.

Локалните самоуправи мора да најдат механизам за наплата на локалните такси и даноци. Треба да се намалат финансиите од централниот буџет. Целта поради која е оставена можност Советот на општината да решава за висината на даночните стапки е креирање на конкурентност меѓу општините, дали за инвестиции или намалување на даночната евазија. Не може централниот да учествува со преку 80%, а некаде и преку 90% во локалниот буџет.

Правната криза е присутна веќе 5 години. Не собраа муда за судска реформа, социјална реформа, затворска реформа, здравствена и сериозна реформа во безбедноста. Дел важни, дел помалку важни. Онаму каде се нафатија за реформи, истите беа лоши. Без консултации со опозицијата, па и со граѓаните (пак образование). Но немаа политичка волја за решавање на проблемите во сите овие сфери.

Меѓународните притисоци, нема да изостанат и при овој нов циркус.

Можеме сите да бидеме губитници ако политичките лидери и функционери не ги сфатат сериозно овие предизвици.
Мислиш дека ги боли стапот за ова тие што водеа битка за фотеља вечерва ?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.899
Поени од реакции
37.019
Најмногу мерак ми направија денес:
Касами во Тетово :bravobe:
Жарко во М.Брод (за само 17 гласа):bravobe:
Максо во Куманово и тој независниот што го исклучија од Дебрца :bravobe:
Таравари во Гостивар :bravobe:

Баш потоп беше ова! Освен Центар, буквално сите скопски општини ги загубија. Дури и Шутка ја загубија!

Ама сепак, потегот да се повлече од функциите, колку и да изгледа козметички или за мачкање очи, покажа дека Заев има доблест и колку-толку образ. Времето ќе покаже колку неговите политики ќе значат за Македонија, ние од денешна перспектива и не може баш да размислуваме со ладна глава. Во секој случај, оставката е можеби најдобриот потег кој го повлекол во целата своја политичка кариера. И за него едно :bravobe:

Теоретичарите на заговори пред 31.10.2021: " Кај може бе Заев да падне, него Америка го држи. Не владее тој, туку Амбасадата на Кале."
Теоретичарите на заговори по 31.10.2021: "Па Заев Америка го турна. Од Амбасадата на Кале го поразија, а не ВМРО, затоа што..."
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ако не си дадеше оставка, ќе си имаше проблеми во партија. Очигледно е дека ја нема ниту поддршката во партија и ќе го симнеа на потешкиот начин. Паметен потег според мене.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.120
Поени од реакции
23.603
Истото ќе биде, арно рече @мкд владе. Папата да дојде нема да не опраи на меѓународен план и на внатрешен план. Ги заболе овие цефот за Македонија, касно е више.
Ne be, ene levica ke ne opravi. Kolku za potsetuvanje toa se istite onie koi bukvalno ne dovleckaa ovde kade sto sme. E tie sega doprva ke ne opravaat. Abe da se cudat budalite kakvi pacienti ima tuka na forumot :facepalm:.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom