Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Рома ми се симпатичен тим ама оваа вечер подобро да ја заборават што побрзо. До црвениот на Тео буквално не покажаа желба за игра или недајбоже победа, сите гледаа да трчаат по Мареска кој од друга страна тотално одлепи или влезе во натпреваров одлепен.

На Рома најслабата точка им е одбраната, со сезони не можат да ја средат. Манчини и Кристанте се убедливо потпросечни играчи, особено првиов. И минатата сезона ги пратев одблизу и оваа, Манчини доста спор 1 на 1, а вториов ретко кога знае да прочита игра, ако добро се сеќавам ја почна кариерата како ДМ.

Тами скроз отсечен, а Пелегрини доволно изолиран се до крајот. Одлично ја тераме сезоната досега, со оглед на тоа што кубуриме со повреди и ковиди.
 
Лошо судење, но и плачењето на играчите на Рома ги помина сите граници. Ќе помислиш дека не знам какви жртви се.

Мојот Милан пак се распаѓа кога ќе загусти. До црвениот и задоволен бев, не очекував без Брахим дека ќе изиграат на овој начин.
 
Мојот Милан пак се распаѓа кога ќе загусти. До црвениот и задоволен бев, не очекував без Брахим дека ќе изиграат на овој начин.

Ова е некоја пракса за терање ѓаволи или до толку скептицизам владее кај фановите на Милан?
Милан апсолутно ги издоминира Рома денеска. Според мене ова е премлако за пенал, ама во Серија А веќе ништо не ме чуди. Се суделе и уште посмешни пенали.
Муабетот ми е, со или без пенал, Милан пак ќе дадеше втор гол. Прашање на време беше само. Рома ништо не изигра.
Црвениот само ги залажа демек имаат шанса.
@џимеј убаво ги опиша нивните слабости.
 
Ова е некоја пракса за терање ѓаволи или до толку скептицизам владее кај фановите на Милан?
Милан апсолутно ги издоминира Рома денеска. Според мене ова е премлако за пенал, ама во Серија А веќе ништо не ме чуди. Се суделе и уште посмешни пенали.
Муабетот ми е, со или без пенал, Милан пак ќе дадеш втор гол. Рома ништо не изигра.
Црвениот само ги залажа Рома демек имаат шанса.
@џимеј убаво ги опиша нивните слабости.
Па нормално е. Не се донесоа баш адекватни замени за десно крило и полушпиц. Сеоски Меси не заиграл. Да ги покриеа тие 2 позиции добро немаше да има ваков скептицизам. Ама сега повредите и глупостите ко на Тео црвениот си го прават своето.
 
Ибра дојде прв, ама не оствари значителна предност, а се заплетка со десната нога во онаа на Ибањез. Не знам дали е чист пенал како што велиш.
Чист е некако храбро. Има бајги простор за дискусија.

Вториот жолт на Тео не го видов, ја следев во семејна атмосфера оставката на премиерот. Што се случи?

Не се заплетка, знаеше дека ќе има контакт и се укопа у место, го доби пеналов на искуство. Контакт имаше и тоа не така благ, лесна одлука за судијата според критериумите на истите сезонава!

И не знам што ви смета ова судењево пенали, требаше да се навикнете више. И пред неколу кола кој дискутиравмо реков дека треба да се помиримо со фактот дека со ВАР сваки контакт нога у нога ако напаѓачот дошол прв до топка ќе биде пенал.

И тоа ми е мене сасвим ок, и глупи муабети ми се ама без ВАР може судијата не би свирел таков пенал, без ВАР исто ако глеамо таќе Милан ќе водеше 3:0 у 50та минута.

ВАР е супер ствар!
 
Па нормално е. Не се донесоа баш адекватни замени за десно крило и полушпиц. Сеоски Меси не заиграл. Да ги покриеа тие 2 позиции добро немаше да има ваков скептицизам. Ама сега повредите и глупостите ко на Тео црвениот си го прават своето.

Глеј, тоа со повредите и не го гледам како некој фактор кај Милан.
Милан нема некои индивидуални ѕвезди кои го водат тимот туку тимската игра преовладува. Тоа се виде лани а се гледа и сега. И лани се соочија со доста проблеми па имаа солидна сезона. Еве сега го немате Мањан, па Татарушану се повампири. Денеска имаше предобра партија. Раду, нашиот втор голман, сонародникот негов, нема шанси ваков перформанс да извади. И против Торино беше добар Татарушану ако му се курчеа на два пати играчите.
Хернандез истотака го немаше сеа неколку натпревари, тимот ја играше истата игра.
Ибрахимовиќ или Жиру не ги сметам за лидери во овој Милан затоа што кога играа со Диаз + Ребиќ беа уште поопасни. И онака Ибрахимовиќ годинава повеќе отсуствуваше отколку што беше на терен па пак даваа по 2-3 гола секоја натпревар. Солидна екипа се со Пиоли. Реално е да се надевате на нешто особено со 7 бодови предност и Наполи како конкуренција. Тука е и Интер само ќе треба да ги добијат наредни две текми за да не заостанат премногу.
 
Ова е некоја пракса за терање ѓаволи или до толку скептицизам владее кај фановите на Милан?

Не, не, не е пост против малери... :) Малку фалеше на крај во тоа лудило да влезе некоја, се случува тоа. А зошто? Не е прв пат вакво нешто. Повеќе сум лут на Пиоли што реши вака да го затвара натпреварот.

Инаку до тој недозволив финиш сум задоволен, особено, што пиша и Клипче, имаа доста проблеми овој период (иако и тоа не е преголемо оправдување).

Дефанзивно паднаа некако ненадејно, јас мислам делумно и поради Мајк, денес исто имаа некои грешки, испаѓања, лоши покривања, но изгледа пак се враќаат и се подобруваат дефанзивно.
 
Не се заплетка, знаеше дека ќе има контакт и се укопа у место, го доби пеналов на искуство. Контакт имаше и тоа не така благ, лесна одлука за судијата според критериумите на истите сезонава!

И не знам што ви смета ова судењево пенали, требаше да се навикнете више. И пред неколу кола кој дискутиравмо реков дека треба да се помиримо со фактот дека со ВАР сваки контакт нога у нога ако напаѓачот дошол прв до топка ќе биде пенал.

И тоа ми е мене сасвим ок, и глупи муабети ми се ама без ВАР може судијата не би свирел таков пенал, без ВАР исто ако глеамо таќе Милан ќе водеше 3:0 у 50та минута.

ВАР е супер ствар!

Во Италија можеби. Во Англија не уважено правило. Конкретно, мислам дека ова во ПЛ немаше да се свири како пенал и покрај ВАР.
Ибра го насамари лесно, само ни самиот не беше убеден дека ќе го добие. Како и да е, мене тоа не ми е чист пенал, земајќи ги предвид критериумите на судење во Сериа А.
Инаку, ВАР-системот е супер како таков и јас немам апсолутно никакви забелешки.

Сепак, Милан изгледа ептен стабилно и многу малку ранливо. Играчки послаб Милан и во најсилните периоди во 21 век со Анчелоти, во Италија не бил во ваква ситуација. Греота ќе биде ако на крај од сезона не го валоризираат ова.
Милан и Наполи во трка за титула, лепота.
 
Утре алармот на Мурињо: Јутро јее, јутро јее..

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 
Во Италија можеби. Во Англија не уважено правило. Конкретно, мислам дека ова во ПЛ немаше да се свири како пенал и покрај ВАР.
Ибра го насамари лесно, само ни самиот не беше убеден дека ќе го добие. Како и да е, мене тоа не ми е чист пенал, земајќи ги предвид критериумите на судење во Сериа А.
Инаку, ВАР-системот е супер како таков и јас немам апсолутно никакви забелешки.

Сепак, Милан изгледа ептен стабилно и многу малку ранливо. Играчки послаб Милан и во најсилните периоди во 21 век со Анчелоти, во Италија не бил во ваква ситуација. Греота ќе биде ако на крај од сезона не го валоризираат ова.
Милан и Наполи во трка за титула, лепота.

Не би можел да кажем за у Англија, освен Ливерпул- Сити и Тотенхем Челзи не сум гледал утакмица сезонава, ама у Италија се свиреле пенали со послаб контакт од ова.

Милан изгледа добро, ама кажав и пред некој дн, имаше релативно лесен распоред.
Денеска изиграа супер ама сега им слеуде Порто-Интер-Фиорентина-Атлетико.
Ќе видимо периодов од што материјал е напраен тимов
 
Te procitav i togas ama ne mi e jasno, kako Juve, Lazio, Roma, Atalanta i izmegju niv Liverpool i Atletiko e lesen raspored vo 2 meseci?
 
Не би можел да кажем за у Англија, освен Ливерпул- Сити и Тотенхем Челзи не сум гледал утакмица сезонава, ама у Италија се свиреле пенали со послаб контакт од ова.

Милан изгледа добро, ама кажав и пред некој дн, имаше релативно лесен распоред.
Денеска изиграа супер ама сега им слеуде Порто-Интер-Фиорентина-Атлетико.
Ќе видимо периодов од што материјал е напраен тимов

Добро, можеме да се согласиме дека Порто и Атлетико најверојатно ќе бидат пуштени низ вода. Имаат шанси во ЛШ, но кога се смешка прилика за скудето, не верувам дека ќе запнат по секоја цена.

Интер е сериозен тест, Фиорентина не би рекол. Плус, титула се добива со малите екипи. Со бајги повреди, отсуства, распоред, разни непријатни околности, Милан има 10 победи и еден нерешен исход. Од ова полошо не може, напротив. И играта и резултатите, ајде резултатите во ред, би требало да бидат подобри и подобри.

Зимата ќе е зафркната (тука може евентуално Интер да се вмеша) поради Африкански куп, ама Милан некако ќе изгура без Бенасер и Кеси, додека пак за Наполи со Петања како замена за Осимен ќе биде ептен комплексно. Доколку останете при врвот до декември-јануари, нема потреба од скромност и резервираност.
 
FB_IMG_1635721046580.jpg
Истото ова прошла недела беше пенал, сега не.. Убоо им кажа Мурџо. Рома нема ист третман како Јувентус, Милан и итн..
И каков пенал им судеа ма Милан.. Настрана тоа што Рома се ќори ама ова е ебење у здрав памет..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom