Изминатиот викенд имав прилика да ја видам како работи во пракса Митсубиши Хеви 63ZR-W која ја наместивме изминатово лето кај мој роднина.
Површината што се грее е поголема во однос на мојата и беше нешто под 50м2 ако добро се сеќавам, столаријата е со стаклопакет со 2 стакла, таванот е гола плоча и нема никаква изолација, има изолација на подот и еркери од 2цм стиропор. Климата беше сетирана на 24 степени, на минимален издув (ако добро се сеќавам на податоците ова е околку 800м3/час) и воопшто не беше непријатно да се биде пред климата.
И надворешната и внатрешната единица беа практично нечујни а потрошувачката беше за околку 100W односно околку 25% помала во споредба мојата (SF50). Ова на некој просечна месечна потрошувачка од 4000 ден носи заштеда од околку 1000 денари што воопшто не е сума за потценување.
Е сега го тестирав и максималниот издув (мислам дека е нешто над 1200м3/час) и не е пријатно да се биде во линија на издувот на помалку од 2 метра од климата. Максималниот издув е силен, но дури и тогаш бучавата е просечна. Со оглед дека позициите за седење се повлечени во однос на линијата на издувот а и се на значителна оддалеченост, би рекол не помала од 4 метри на најблиската точка, дури ни нај јакиот издув не би требало да ствара значителни нелагодности.
Иначе гледам се расправате за квадратури.....Нема директен начин да се пресмета колкава квадратура може да грее клима со определен декларирани (PdesignH), на пример5KW. Наједноставен начин ви е да поделите 5KW со 30 (разлика помеѓу надворешна проектна температура од -10 и внатрешна од +20). Тоа ја дава потребната температура за греење на просторот за еден степен разлика.
Во случајот со клима од 5KW ова значи дека е планирана за простор кој има загуби од 5000(W)/30=166W за еден степен. Колку е ова во м2, треба да се подели со загубите на просторот во м2.
Јас имав назад пост со поточни пресметки и кој се интересира може да го побара и да ги види точните бројки. Колку што се сеќавам вредностите беа:
Околку 5W за пристор со PVC и без никаква изолација на таван и ѕидови.
Околку 3,5W за простор со PVC + изолација 10цм на таван а без изолација на ѕидови, или стан каде станот над просторот се грее.
Околку 2,5W за простор со PVC + изолација 10цм на таван + 10цм изолација на ѕидови, или стан каде станот над просторот се грее + 10цм изолација на ѕидови.
Ова во првиот случај значи 166/5=33м2
Во вториот случај 166/3,5=47м2
Во третиот случај 166/2,5=66м2.

Последно уредено: