Суси, СЕ СЛОЖУВАМ ВО ПРАВО СИ ДРУЖЕ
Ајде пак од почеток, стрижена, бричена
Зајакот лежи во тоа што ти зборуваш за еден тип на мажи и жени, а јас зборувам за сосема друг тип на мажи и жени.
Никаде и никогаш не реков дека ситуациите кои ги зборуваш, опишуваш, анализираш дека не се точни, дека не постојат, дека се мит. Веќе констатиравме дека е така, дека се насекаде околу нас.
Во вистинскиот живот постои и Станко, постои и Перо, постојат и лепотиците на Перо.
Постои и Менка од Новаци, која се запишала во Скопје на факултет со една и единствена цел, да си најде некое теле од метрополата, да си го смести газот во Скопје, затоа што сака да биде граѓанка, а не да биде селска мома. Ќе поглуми лудило на кутра и скромна девојка, малку подизгубена во главниот град, девојка домакинка, која знае да испере чорапи на рака, покорна на дечкото и толку треба.
Овој целиот среќен, нашол чесна домаќинка, понесен од пичкината магија, летнат во облаци се зацапал до уши и не гледа подалеку од носот, ја жени.
Тука почнуваат проблемите Менка си ја остварила сопствената цел, си се сместила удобно во метрополата, сега место домаќинка, ќе изигрува дама. Фала богу нема да си ги крши ноктите, па да земе да витка сарми, кога може да си нарача онлајн, или да оди во ресторант да јаде.
Ќе се депилира се додека не се стави прстенот на рака, после свадбата веќе не мора. Овој нејзиниов секако ќе ја сака. Па не мора да се средува до толку. Секако ќе спијат строго во мисионерска поза и строго со изгаснато светло. Затоа што сепак таа е домаќински тип
Ова телево ќе рмба од 8 до 17 часот, ќе гледа да ни ја усреќи Менка наша, а не му текнува дека Менка е веќе среќна. Менка не ја интересира ништо повеќе. Ќе си роди едно, две деца, чисто колку да си ја зацементира положбата, ќе си ја накриви капата и ќе си свирка. Децата ќе и бидат нешто како посигурна варијанта дека нема да добие неповратна карта за Новаци.
Седнуваш да пиеш кафе со оваа Менка и таа ќе ти соли памет „треба и ти да си најдеш некој, место што ќе те вози тој тебе, ти да си го возиш него“ или “ко овај мојов нема нигде, јас А, тој НА“.
Ваквите Менки спаѓаат во родот пијавици, му ја цицаат крвта.
За жал околу нас имаме Менки со лопата да ги ринеш.
И сега ако ја погледнеш истава ситуација од страна, како набљудувач, не треба прстот да го впериш единствено кон Менка друже. Менка не е единствениот виновник во ситуацијава.
Дотичниот господин, БИ требало да си отвори очи, БИ требало да си знае, БИ требало да процени, Би требало да уклучи малку и горна глава, а не само долна. Животот и иднината не се само блоуџоб и ебење. Џабе е кукање и свестување отпосле. Магарето поминало по мостот.
Секако дека постојат и лепотиците на Перо (веќе споменав не вредни за дискусија, ама ајде да не ги заборавиме).
Овие Менки, се посебна врска на жени. Овие се дијагноза жени. Според мојата класификација, овие се крлеж жени или паразити жени .(иако и пијавиците се во истава категорија).
Овие лепотици прават се што нивниот Перо ќе посака. Нивна единствена цел е задоволството на Перо. Мазохистички жени, кои својата болка (душевна, а не ретко и физичка) да ја потиснуваат со скапа гардероба, скапи патувања, не излегуваат од козметички салони и сл. Тие без Перо не постојат, невидливи се, немаат друг начин самостојно да застанат на свои нозе. Перо е газдата домаќин во случајов, а преку Перо тие се шлепаат да имаат социјален, општествен, економски статус.
Безгласни букви, кои служат само надворешно да го придружуваат Перо. Прва придружничка, втора придружничка на избор на Мис. Ама НИКОГАШ мисот. Зарем ја памети некој првата, втората придружничка за избор за мис? НИКОЈ. Сите очи се вперени кон ГЛАВНАТА МИСИЦА.
Овие лепотици, дома кај Перо се однесуваат како домазет. Слика имаат, тон немаат.
Седнуваш да пиеш кафе со овие Менки и разговорот се движи во оваа насока „Леле Маци, Перо за викенд ме водеше на Копаоник, хотел со 5 звезди, џакузи, спа. Јас не сум по скијањето, ама да одиш само да видиш какво е.
И сега ако ја погледнеш истава ситуација од страна, како набљудувач, не треба прстот да го впериш единствено кон лепотициве друже. Лепотициве не е единствениот виновник во ситуацијава.
Перо е тој кој одлучил да влечка мивки со себе. Истиот Перо знае дека лепотиците нити го сакаат, нити му се важни. Веројатно БИ требало да знае дека известирањето во празно тело без мозок, никогаш, ама баш никогаш не е исплатлива инвестиција, освен што за празнењето на неговите хормони ќе се грижи некоја друга.
Има уште неколку типови на жени, ама мене ми е друг муабетот
Овие гореспоменативе, се во една категорија сместени, НО постои и уште една сосема поинаква категорија на мажи и на жени. За мене далеку поинтересни и за набљудување и за анализирање.
Жени кои знаат што сакаат од животот, жени кои се независни и самостојни. Жени на кои не им треба јаже, па да го влечаат Станко позади нив. Жени на кои не им треба покорно теле, туку им треба МАЖ во вистинска смисла на зборот МАЖ.
Жени кои пре ќе изберат да водат куче со себе, отколку да водат маж со себе, само колку да не се сами. Тие жени друже веќе извршиле прецизна математичка пресметка, дека ако сакаат некој да трчкара околу нив и да ги исполнува нивните желби и каприци без приговор, во тој случај е подобро да си водат куче, отколку да водат теле. Кучето во тој случај би било економски поисплатлива инвестиција. Тие жени не ги плаши самотијата, веќе навикнале да живеат со неа. Не сакаат да имаат некој до себе колку ради реда. Не живеат за околината и раскрстиле со осудувањата и констатациите од типот „да ти местам еден другар, сите се омажија, само ти остана, барем едно да си родеше“. Имуни се.
Ваква жена друже не ја пали Латас и Мијалков.
На ваква жена зборувај и за МАЖ, а не за Џастин Бибер мажиња и за партиски поглавари.
Споредбата за втората виолина на Мијалков, Бранко и Латас, ти држи вода само за оние жени кои се навикнале да коленичат и да уживаат во финансиските придобивки од нивните „газди“.
А зошто првите виолини не се разведуваат, иако знаат дека својот сопатник веќе на големо го делат. Одговорот е следен: Затоа што не им е гајле. Кратко и јасно. Тука нема комуникација, нема љубов, нема разбирање. Живеат одделен живот, не се интересираат за другиот, секој си го гледа животот и не се замараат еден со друг. Пуштен е „ми е гајле“филмот. Нив единствено ги врзуваат децата и тоа сосема небитно малооооооооо бело парче хартија кое ги спојува и кое се вика ГРАЃАНСКИ БРАК, ништо повеќе.
Жените во принцип се далеку пољубоморни суштества од мажите.
Жената што знае што сака, е љубоморна жена. Затоа што таа не сака секого, било кого. Не и требаат отпадоците од некоја, не се задоволува со трошки и копии. И треба оригиналот, во целосно пакување. Се или ништо. Не сака да го има тоа што го имаат сите, туку сака да има уникат. Маж кого ќе го носи како круна на глава. Ваквата жена ни под разно нема да премине преку неверство, нити пак и треба некој кој би преминал преку истото.
Маж кој можеби нема да ги има дипломите на Станко, ама ќе има маж кој ќе знае. А веќе реков „Маж кој знае, фати го за рака и препушти му да води“- затоа што тој знае.
На ваква жена не се штеди, ( не мислам финансиски) грабнија и голтнија. Не се задоволува само со површно лижење. Дај и многу, за да добиеш уште повеќе.
Ако најдеш таков маж, не се влечкај кон целта. Со таков маж трчај, штафета (2х400
)
Ако не најдеш таков МАЖ, не се грижи „сите ќе умрете, кој порано, кој после“ - барем умрете среќни САМИ, отколку Несрекни во врска/брак.
И така Суси, лека полека стигнав до крајот на приказнава.
И сам рече дека си присуствувал на 20 свадби просек, и од нив само 2-3 пара, си увидел дека биле компатибилни. Ете тоа е тоа. Не е дека ги нема, не е дека не постојат, не се мит . Постојат и тие се околу нас. За жал во далеку помал број од „овие другиве“, ама сепак постојат.
П.С. „знаеше дека за него сите девојки на светот се делат на два вида: едниот, тоа се сите девојки на светот, освен неа, и тие девојки ги имаат сите човечки слабости и се многу обични девојки; и вториот вид – тоа е таа единствена, без никакви слабости и над сè што е човечко...“ - Толстој